Да ти одговарам зошто и јас ја имам одамна. Повеќето сенки се доста солидни, само зелените и сините (во горниот десен агол) се со лоша формула и не се блендаат убаво, се претопуваат една во друга и на око испаѓа некоја грда боја. Сепак ова е една од постарите палети на МУР, новите сенки им се со изменета, многу подобра формула, па поарно некоја од новите палети да земеш.
Ја има одамна, јас ја купив може пред 2 години, околу 1000 ден беше тогаш. Мене лично не ми е нешто посебно, шимерастите сенки не се многу пигментирани, не даваат ефект на капак како што изгледаат, и тие што се мат малку потешко се блендаат. Тие што се како теракота бронзените иста е бојата на капакот. Инаку изгледа многу убаво палетата, ми е жал што ми се скрши едната страна кај што се затвара за брзо време.
На МУР купувајте ги новите палети, формулата е МИЛИОН пати подобра, како да не се на иста фирма производите. Не се исплати да ги купувате постарите, посебно не по цела цена, зошто од цела палета 5 сенки ќе се океј, другите онака или за никаде. На пример на Soph Extra Spice нема лоша сенка, ајде може само Аурора, ама затоа слична а подобра таква зелена има во првата палета на Софи.
Ни јас не сум задоволна од палетава повеќе очекував..Зелената и плавата се катастрофа другите се добри ама не е нешто посебно..
Колку е extra spice на Софи? Дали вреди да порачаувам или да земам од тука... И дали би ги имало во ГР во Охрид палетиве на МУР? Уште нешто ми текна, дали и во маалскиве парфимерии што држат голден роуз можат да донесат МУР производи, дали истите дистрибутери се и на револушн како на голден? Бидејќи кога и да сакам нешто, преку каталог голден и то Е, сеа ме буни што не е ГР продавница ама па што знам...
Истите дистрибутери се на МУР и Голден,во нивните официјални продавници ја има шминката од двете фирми.Маалските продавници што носат ГР си функционираат како другите продавници т.е. имаат тоа што нарачуваат од дистрибутерите Екстра Спајс ја имаше пред некое време си ја купив на попуст,неверојатна е палетата. Мислам дека е потрошено. Оригиналната палета на Софи,коректорот Conceal&Define,кармините на Софи и некои други продукти можете да ги најдете во Александар Козметикс во Скопје.
Фала што не ме изигнориравте, обично знам да се избацам со глупо прашање. Поентава ми е не можам сѐ да тегнам од други градови, па прашав познаничка со маалска продавница дали може да ги праша дистрибутериве да порачаат само за мене(затоа што претходно им фрлив мерак на новите течни кармини од голден па нарачаа), и тоа на Софи палетата ѝ го имам меракот, ама не би ми било проблем да се подновам со било која, ама да е од поновите. Значи се прават порачки, уште да видиме што ќе кажат за МУР, а никогаш не чувале нешто од нив. Фала на одговорот.
Се прецениле малку со ценава На вебсајтот на Александар Козметикс стои дека цена во Србија е 685 динари, што во наши пари би му дошло негде околу 355 денари, што е пак поблиску до цената ако го порачаш од официјалниот вебсајт на МУР. Не сакам ни да знам колку ја имаат набилдано течната пудра, ако воопшто ја имаат донесено кај нас, нема да ме чуди да е над 1000 ден. Сфаќам дека треба да се има профит, ама олкава разлика, скоро дупло... па и не баш (Коментаров ми е општо за цената, не е до цитираната членка, да не дојде до забуни)
Пудрата ја немаше,за цената се согласувам ама морав да ја пробам не ми се чекаше за шипинг.Искрено не знам фали би го купила пак од продавницата,коректорот е океј ама за таа цена и количински има малку