Дечки, нарачувајте онлајн, многу повеќе ви се исплаќа. Ако ви се многу 45 евра за бесплатен шипинг, поделете со некој.
Рецензија за пудрата на MUR кога ја купив пред 4 месеци доста од форумов побараа да пишувам и еве ме. @Rose96 Има одлична покривна моќ, мат е , не го суши лицето . Одма се топи на кожата и делува премногу природно , како втора кожа. Многу бавно се троши. Единствено не ми се свиѓа што после 6 часа носење на местото каде што имам акни некако мрсно и оделена е пудрата но можеби тоа е како резултат од кремите што ги користам за акни. Сепак би ја купила повторно.
Над која сума има бесплатна достава? Сакав да порачам пудра, таман да платам ми вика 3ипол фунти достава
Инаку... се надевам дека ќе издејствувам да ми ги вратат парите, се надевам. Сто пати им пишав на амазон, ама незаинтересирани се.
Подобро нарачајте 2-3 произвофи и платете достава. Тука над 45 евра царинат. Мене 1500 ми наплатија царина
https://www.sminka.mk/make-up/face/revolution-conceal-define-foundation-f4 Ja donele pudrata kaj nas,korektorot i drugi prozvodi od MUR <3
Еден совет од мене доколку сакате да нарачате повеќе производи, да си направите споредба помеѓу македонската и официјалната страна, бидејќи тука има само неколку производи, а не е ниту поевтино. Ги ставив истите производи во корпа чисто за споредба. 24Е=1476 ден, а на македонската истите прозиводи чинат вкупно 1530.
Не го споредив цените,ама мислам дека нормално е да има разлика. Мислев дека ќе биде поголема разлика,60-70 ден не е страшно а и многу побрзо стигнуваат
Во право си, но за еден производ ете не се исплати да плаќаш поштарина. Го видов прееска сајтот, чекам да видам дали ќе го донесат серумот.
Ги има и во продавниците производите, барем во таа во Рамстор. Кога имаат 20% ептен се исплати да се земат од тука, барем ќе си пробам нијанса и нема да утнам Ги пробав пудрите, супер покривност, малку тежок мирис ама на список е
И тоа каде каде се исплаќа повеќе на македонската. Побрзо ќе стигнат, нема доплата, царини, не чекаш, не може да ти се зезне нешто со амазон или пејпал. Значи криво ми е што не излезе пред да избрзам и порачам на нивната страна, ама во процес на враќање на парите сум.
Devojki za ovoj brend li zboruvame? Na fejsbuk mi se pojavuvaat reklami od ovie senki i mnogu ubavi nijansi imaat, plus eftini se 360 Neznam dali site se pigmentirani ili samo nekoi nijansi
Да, тие се. Конкретно тој тип reloaded се многу добри. Бидејќи имаат и постари некои кои не се баш...