Да, имаат официјална страна. Доколку не ти се брза би те советувала да почекаш, најверојатно за Велигден ќе има попусти. https://www.revolutionbeauty.com/Mobile/
Првите две, оние од Iconic линијата им се едни од сосема првите палети на MUR како бренд, правени по старата формула која не беше баш најсјајна - доста од посветлите сенки не беа воопшто пигментирани, а доста од потемните беа кошмар за блендање, сè на сè не многу добар квалитет. Последната палета, од Reloaded линијата, им е од скоро излезена, правена е по нова формула која е навистина солидна за дрогериски бренд, и пигментирани сенки, и лесни за блендање на око а притоа ефтини, ептен се исплати
Јас имам како првите две палета ама други нијанси. Солидни се, се блендаат темните само треба време. Со база се трајни, тие со светки треба да го намокриш четчето со фиксатор. Се исплати за тие пари, а другите не знам.
Фала Ви и на двете. Ме интересира само дали ја има последната во ГР продавниците или само онлајн ги има овие?
Девојки на порачкте од sminka.mk има бесплатна достава над 700ден. е сега јас имам 780ден и треба бесплатно да ми е доставата, ама ако имаат недостиг на некој производ и ми пратат само два што чинат помалку од 700, дали во тој случај и за достава треба да платам?