Дечки каде би можела да нарачам од тие reloaded палетите во Мк освен на sminka.mk ради тоа што ги немаат веќе на залиха а не ми се плаќа 4 евра шипинг за да порачам од нивната официјална страна. Има ли некој што ги препродава?
Дали знаете дали има некои дополнителни трошоци кога се нарачува на страната на revolution beauty или е само нивниот шипинг? Фала!
Девојки каде да ги најдам палетиве сенки? Порано ги купував од Голден роуз она што е кај поинт ритеил ама затворено им е од поодамна и дрга не знам каде да ги барам. Во другиве голден роуз продавници ги има? Александар козметикс не ми е баш уз пат.
Александар колку што знам имаат достава, можеш да им пишеш на инстаграм. Исто така на sminka.mk можеш да провериш дали ги има.
Мат кармините на relove by revolution се предобри. Јади,пиј не се бришат ниту оставаат трага. Прелесни на уста, може да се стават повеќе слоја да се надогради бојата. Доаѓаат по три во едно пакување за 8€.
Во новиот леток на ДМ за април има производи од козметикава ама, пишува дека не се достапни во сите дрогерии.