Здраво во Дм ги видов палетите на Revolution, па ме интересира знае ли некој дали се добро пигментирани или се оние од претходната колекција што не ги фалеа многу.. Едните беа во пластично пакување, а другите нешто како лимено кутивче па ако ги има користено некој да сподели кои се подобри
Ко што видов тие во пластично пакување се истите што ги купувавме пред некоја година за пола цена од оваа сега. Не беа лоши ама за оваа сума сега што се, искрено не би ги земала, не вредат толку. Ги разгледав, видов цените и си реков малце претерале. Не сум ги загледала пак. Е, за другите во лимена кутија не знам какви се, не сум ги користела тие.
Тие во лимени пакувања се друга формула од тие во пластика проѕирна и се поквалитетни. Но според мене се прескапи, би ги чекала на попуст. Јас лично попрво би купила од Вет н вајлд бидејќи новите палети им се предобри.
Толку се, околу 1000ка отприлика. Си купив една од љубопитство и ептен ми се допаѓаат и боите (розе-браун нијанси се) и пигментацијата, баш фино се блендаат и трајни се на очи. Не веројатно, туку сигурно може да се најдат и поевтини палети со сличен или ист квалитет, но мене ми беше мерак да си купам некоја зашто многу ми се свиѓа дизајнот и воопшто не ми е криво. Прекрасна е палетата, Flawless Affinity e мојата.
јас го немам никаде забележано во мк, но сакав да го порачам од лоокфантастикк но не ги пратија бидејќи бил назначаен како хазмат производ.