Здраво ме интересира како сте задоволни од оваа козметика,пошто гледам имам моливчиша за уста,кармини,лакови и др.
Па баш пишав во темата кармин или сјај за уста за ова моливче, ептен ми е супер многу ми се допаѓа и не ми ја суши устата како другите. Си купив и лакчиња од Малена супер се и многу бргу се суши
Прв пат слушам за оваа линија. Евентуално да сум ја видела ама не сум обрнала внимание... Каде можат да се најдат?
A кои цени им се производите, и кај може да се најдат, дали се убави итн итн, повеќе инфо ќе ве молам! Пазарска марка ли е, ко голден роуз и компанија?
И јас имам повеќе бои од лаковите на Малена, имаат убави несекојдневни бои, траат многу и брзо се сушат. Друго освен лакови не сум сретнала, а тоа дали се пазарски или не не ми е ни толко битно важен ми е квалитетот а не квантитетот
Па лакчињата се прилично ефтини околу 40 денари,а моливчињата се околу 60 денари,дали имате нешто друго сретнато од овој бренд,инаку пишува дека е француски.
Malena е македонски бренд на Миком 98, а лакчињата и козметиката наводно ги прават во Франција. Јас сум задоволна од лакчињата, за цената се добри, а имам и едно моливче за уста во преубава неутрална боја и по квалитет ми е слично на импала, мрсно е и јас го нанесувам на цела усна како кармин. Ќе имаат и нови работи во иднина.
Јас искрено не сум ја видела оваа козметика досега Чим се ефтини ќе пробам нешто , некогаш се наоѓа непто ефтино а квалитетно . Каде може да се најдат?:
Лакчињата ги има и по маркетите еве конкретно ги имам сретнато во Жито маркетите и во КИТ ГО маркетите и не се скапи мислам дека беа 39 денари, а моливчињата се ептен убави а се по 55 денари и ги има по парфимериите
Од фабриката на импала е и малена козметиката. Дури и на пониско ниво се од импала и со квалитет и со цени. Нешто слично ко Голден Роуз и Класик. Иста фирма, иста фабрика ама како различни колекции
Malena не е македонски бренд многу си грешка увозникот е Миком 98 а пишува произведено во франција колку е така незнам иначе од скоро ја забележав оваа козметика баш преска си купив едно лакче тиркизно е сега на квалитет какво е незнам 40 ден го купив кога ке го пробам ке пишам колку сум задоволна
Јас сум задоволна од лаковите. Подобри се од Голден Роуз и Гламоур. Брзо се сушат, не се лупат лесно и доволно е само еднаш да нанесеш, додека овие другиве се жива катастрофа, имаат поубави бои ама мора барем два пати да нанесеш и цел час да чекаш да се исушат. Но сеуште немаат многу бои или кај само толку имаат донесено.
Немам сретнато козметика на Малена, освен лакчињата. Имам едно тиркизно и презадоволна сум, треба да си земам уште, навистина вредат за 40 денари! Веднаш се сушат, а само еден слој трае 3-4 дена
Миком98 се увозници на бруклин и импала, кои се произведуваат во Франција и Германија, а се бугарски бренд. А Малена е бренд на миком98 , кој исто така се произведува во Франција по нивна нарачка. Од сигурни извори.