баш се добри производите на малена лакчињата ги користам веќе со години и се предобри а пред 3 месеци ги открив мат кармините што навистина се предобри и се сушат сосема мат ги носам за јадење не се бришат и мислам дека се водоотпорни имам две нијанси 119 која е кафеавкасто розева и ми е најомилена и ја носам секој ден за се а 121 е посветла скоро иста со бојата на устата и е предобра еден ваков кармин е 100 денари и стварно вредат денес ја купив пудрата па ќе видиме како ке се покажи
Имам само добри коментари за пудрата на Малена... Дури се изненадив за тие пари. Претходно кортистев една од Авон и на Евелин и не бев задоволна. Супер покрива. Сега ќе ги пробам и кармините.
Јас неодамна се запознав со Малена производите, и воодушевена сум . Ептен ниска цена ама многу добра квалитет. Пудрата е феноменална лесна за секој ден одлична. Исто многу ми се допаѓаат и мат течните кармини и сјаевите за усни. За нив пишував и рецензии на блогот, па може да погледнете таму повеќе детали околу нив.
Каков е составот на козметикава? Дали содржат алуминиум, парабени и останати штетни состојки, особено во пудрите ?
Јас сум презадоволна од лаковите на Малена , евтини а многу добра пигментација на бои и трајни , околу 50 денари во ДМ. Штета што само една боја купив здравје нареден пат кога ќе дојдам во Ск ке си земам повеќе бои
Од лаковите сум многу задоволна. Не се сушат брзо,и ги користам долго време. Моливите за уста исто многу ми се убави, посебно тој кафениот, со години го користам и не ми е во план да го сменам. Има одлична пигментација! За течните кармини едно огромно НЕ ! Претерано ја сушат устата,изгледа како испукана, не ми се допаднаа воопшто. А,многу убава нијанса одбрав, светло кафена, но ете во ѓубре ќе оди. Пудрата пред некои 3год ја користев,ми го пресуши лицето и ми се нафрли многу, отиде и таа во ѓубре.
Луѓе каде да ги најдам сенките за очи на Малена? Во течна форма се, прашав во неколку парфимерии и на пазар, немаше. Во маркетите кај што ги има нивните производи недостасуваат сенките.
И од мене големо НЕ за течните кармини на Малена. Многу ми ја сушат устата. Едно имам земено, супер боичка ама џабе кога устата ми личи како испукана.
119 сјајчето е 10ка. Јас го ставам скоро секојдневно и воопшто не осеќам дека имам нешто на устата. Ми трае цел ден и не ми ја суши устата. Купив и едно темно виолетово и катсстрофа е. Тоа ептен ми ја суши устата, и некако не се нанесува рамномерно. Катастрофа.
Во рептил маркетите има Малена производи. Имаше молив за очи + за уста + острилка, дали знае некој колку чини?
И јас мислам дека течните карминчиња претерано ја сушат устата, ама јас пак пред да нанесам од нив, си ставам под карминчето лабело, и колку толку ми помага.
Имав едно моливче порано морам да видам па да ви пишам бројче, омилно ми беше некоја месо розикаста боја буквално го обожавав, Не можам да ви опишам ама до последно го искористив не можеше да се остри буквално, кремасто без да ми ги суши усните преубава боја, милина. Отидов во космо земав исто бројче (100% беше исто уште у продавница проверив 150 пати) кога се шкртнав од моето и тоа боите немаат врска, толку немаа врска да дечко ми примети дека не е иста боја што е невозможно буквално. Бојата портокалова скоро и сите беа исти не е дека некое им се утнало. И тоа е мојата тажна приказна како останав без омиленото моливче, колку пари толку музика изгледа
Maskarata mn brzo se susi i lakovite isto samo tie 2 proizvodi gi imam kupeno ama so znam ne sum neso najzadovolna
Јас сум презадоволна од моливчињата на малена и мат сјаевите едноставно прескрасни се И лаковите им се добри.