Имам порачано од малена парфем ,лак и сјај за 200 ден. Парфемот за таа цена не е лош,добри се 220 и 201. Доставата е бесплатна
Лаковите ми се скоро сите нивни. Ко некој што само се лакира и брише, супер ми се. Имам две сјајчиња и едно карминче нивно, ама не ми се допаѓаат баш, искрено. Суви се на уста, а за траење... па ок, колку пари, толку музика. Него, за парфемиве дојдов да прашам. Пред некој период земав 209ка т.е. Eros на Versace и еве уште ми трае, а мајка ми денес ми ја земала 215ка и парфемот е бонбона, само не знам на што е копија, па ако знае некој да пише, би била благодарна. Многу убав, свеж, а благичок мирис е. На страната нивна го нема...
Може ли линк од нивната страна,се нарачуваат ли online или може да ми кажеш каде можам да ги најдам нивните производи,јас ги користам мат сјаевите на малена и сум презадоволна за тие пари се врв
има и по продавници од малена производи не мора да нарачуваш. АМа имам доста читано не се баш квалитетни маскарите
Не знам за онлајн нарачување, искрено, али ги имаш по парфимерии. Во Космо знам дека имаат штанд. Сајтот можда ќе ти помогне само да разгледаш што нудат. http://www.malenacosmetics.com.mk Маскара и јас не би ти препорачала пошто не мислам дека имаат добри производи за очи. Имав еден нивен туш по дома, идеше подарок со нешто, ама четкичката беше лоша, брзо се искриви, па се расцвета, после ми се скрши баш делчето што се навртува, па не можев да го затворам и така се исуши. А моливчиња за уста, лакови, парфемчиња, супер се за тие цени.
Sega imaat novi maskari so nova formula poubavi se od prethodnite a otvorete na Facebook imaat strana Malena cosmetics stisnete LIKE i sledete gi site proizvodi
Лакчиња за нокти користам од Малена и доста трајни се за ефтина цена. Имам купено и туш за очи,ама не ми е воопшто пробан,бидејќи не сум умешна многу со тушевите,ама ќе се испроба Исто многу сум задоволна од течните кармини-мат што се,ептен се трајни и не се сушат на уста и да се насоберуваат како некои.