Да, баш поради составот и ја препорачала течната пудра мислам дека има само два вида на течна пудра. Обичната и матот, е мат течната пудра сега нова е, ја немам пробано, но другава мене ми е одлична.
Не за лаковите. Не и за кармините што ја пресушуваат устата. Преку 50ина имам фрлено. Поевтина и посмотана козметика ми се чини не постои (за мене!) Океј се моливчињата, солидни.
Citam i ne mozam da poveruvam...pa zar drugite kopii koj sto gi kupuvate na pazar za evtini ceni se podobri,zar "nyx" i "kajli" od pazar se navistina podobri!!! I pak ne mozam da poveruvam zosto nekoj koga kupil edno i ne go bendisal kupil uste mnogu pati pa za da ima 50 i da gi frli, mislam devojki deka navistina forumot ne e napraven samo da pisuvame od inaet i steta da napravime. Moj sovet sleden pat da ne kupuvaat devojkite po 50 pati nesto sto ne im se dopaga i da razmisluvaat dobro pred da gi napisat komentarite
јас само лакови имам користено и генерално за цената сум задоволна. Т. Е солидно за 50тина ден. А друго во смисла маскари или пудри не би. За моливчињата штом ете биле и тие солидни здравје следни се на список.
Пред некое време за прв пат пробав и течно карминче, 100 ден е и мн убави нијанси имаше, долго трае и не ми ја сушеше устата
Лаковите им се добри но премноу скокнаа во цена. Им се случи нешто како Golden Rose. Почнаа да вадат нови производи и почнаа да претеруваат со цени. Можеби новите лакови со светки и чуда по нив требаше да им дадат нова и повисока цена, но останатите требаше да ги остават колку што си беа. На почеток беа околу 30тина денари, 35, па 40ден и така си продолжија со поскапување. Некаде стигнуваат и до 60 денари што е речиси дупло.
Од моливчињата сум задоволна ок се за таа цена, друго не сум користела. И да, навистина скокнаа со цената, моливчињата за очи ги земав околу 60 ден. сега се околу 90/ 100 денари
Парфемите на Malena ги имате во Кит Го и сите се по многу поволна цена од 159 денари,ги има и во Жито но таму се 195 денари..Јас го користам бр.218 што е копија на Olympea.За тие пари парфемот е супер и доста траен
Оваа козметика ја имам сретнато само по некои маркети како Кит Го, Жито, Гранап и некои локални. Прв пат кога се појави имав земано само некои лакови за нокти и ми беа мн добри. После некоја година земав пак 2 3 лака и беа како згуснати. И следно кога прочепкав приметив дека производите беа прашливи, како да не се трошат и така си останале. Не би земала повторно само од таа причина.
Само лакови имам на Малена и сум задоволна од квалитетот,други производи од оваа козметика не користам ниту планирам во иднина да купам.
Постои еден precision eyeliner на Малена и никаде го нема потрошен е. Од сите најскапи eyeliner-и што ги имам дома и се сушат, само со овој на Малена успеав да направам добар eyeline. И тоа за на свадба, ме прашуваа дали сум профи шминкана некаде? Ве молам ако знае некој/а каде да го најдам за утре ми треба итно. Во Жито и помалите дрогерии во мојот град го нема. ДМ нема.