Јас имам купено од космо црно моливче за очи малена и многу е добро. Остава многу црно и не ми се размачкува ич А многу беше ефтино, не ми текнува точно ама не беше повеќе од 100 денари
Јас си го купив тушот на малена и ич ама ич не сум задоволна. Како пенкалце е оно убава права линија црта, но скоро е невозможно да биде црна, многу е бледа. А лакчињата ми се незаменливи ем што се ефтини и брзо се сушата па и не се ни лупат
Ги имам користено само лакчињата на малена и многу сум задоволна од нив. Траат 4-5 дена и бргу се сушат и воопшто не се скапи. А друго од оваа козметика немам сретнато.
Користам моливче за усни на Малена, 55 денари е, убаво бои и си го користам како кармин Од неодамна купив и два лакови за нокти, презадоволна сум, брзо се сушат откако ќе го нанесеш, и трајни се.
Од Малена имам само лакови и многу сум задоволна. Не купувам многу скапи работи а лакчињата ги најдов за 35 ден. И зедов 2 прво да пробам и супер се. Брзо се сушат, траат што е најважно. И после отидов уште десетина си купив За лаковите браво!
Имаат моливчиња за очи со светки или располагаат само со оние обичните ? Ми требаат разнобојни такви светкави, ама со разумни цени.
Побарај на есенс има моливчиња со светки јас видов само темно плаво можеби има и други бои некаде каде што се поснабдени ( јас моето го купив 95ден и се остре што е супер)
Од Малена ги имам користено само лаковите, и супер сум задоволна, ем се ефтини и големки а и долго траат, не ми се лупат. Сега за сега имам само еден лак, кожа/месо боја, ако не го загледаш не се ни приметува дека имаш ставено лак, ама сакам такви неутрални нијанси, а и на сонце дава светло розев отсјај. Само не сум сретнала некои поинтензивни и интересни боички, сите им се неутрални. Друга козметика немам сретнато, ама ако најдам би купила сигурно.
Имам лакчиња на Малена и баш се добри.А сега гледам во Жито маркетов донеле и течна пудра на Малена Да не ја има купено некој и како е задоволен да ми каже?
Најмногу купувам лакови од Малена, затоа што се ефтини и според мене квалитетни, многу се убави, брзо се сушат и не се лупат
Лакчињата на Малена се одлични.Имам еден црн сега-засега.И ептен е добар,одамна ми е купен и ич не ми е здрвен. А од другите работи немам пробано,а и овде кај мене во гратчево освен лакови немам ништо друго сретнато
Имам користено молив за уста, за цената е топ, дури и потешко се брише од некои со повисока цена. Си купив и сјајчиња од Космо- на попуст беа за некоја смешна цена, и ОК се. Лесно се бришат, ама скоро и да нема сјај за уста кој трае долго. Лаковите се прописни, ниеден лак не ми стои повќе од два дена на нокти, па така и овој.
Од Малена само лакчиња имам купено, ем ефтини , ем добри се , за друга нивна козметика не сум забележала што имаат
Од Малена имам земено моливче за очи и за уста и задоволна сум... моливот за очи не се размачкува, убаво црни и траен е исто и моливчето за уста, трае долго. Последна новост во нивната палета се пудрите, си земав пудра и можам да кажам дека сум задоволна.. покривна е, за сега немам некои последици.. само е малце тешка за нанесување, по тешко се размачкува.