И јас си купив од лакчињата, во маркетите Жито се по 39 денари. Моливчињата за уста читам биле убави па следен пат ќе си земам и такви Ем ефтини се производиве ем вредат за парите.
Последно ја имам користено маскарата од Malena и воопшто не сум задоволна. Пудри досега немам сретнато.
Дали некој има земено од пудрите на Малена, гледав во Жито, многу ефтино беа, па се мислам дали да земам ? Иначе имам користено само лакчиња од оваа марка и презадоволна сум.
Пред некој ден си земав маскара и сјај за усни. Презадоволна сум од двете. Маскарата убаво ми ги издолжува трепките и не ги лепи, а сјајчето (со некоја корална боја е) дава многу убав сјај и што е најбитно не се лепи. Сега на ред е пудрата и моливчињата за усни. Една феминка имаше пишано дека не е задоволна од маскарата. Мојава е демек за исолжување на трепките, а имаше уште 1 вид за 3D волумен.
а колки пари ги зеде маскарата и сјајчето?за маскари знаев дека има од Малена ама за сјајче сега прв пат слушам морам да си набавам сјајче а богами и маскара,сигурна сум дека не им се солени цените а и башка јас сум ти фанатик по сјаеви за уста
Јас сум презадоволна од тушот. Земав еден архитект нешто беше, како фломастерче му доаѓа. Во Космо беше 150 денари и еве ми трае веќе три месеци. Пушта убава црна боја и трае и е многу лесен за маневрирање. Дури и ако не ве бива со тушеви со ова нема грешка.
Од малена лакови имам, друго мајка ми што купува туш,маскара, али јас уште не користам, од лаковиве сум задоволна, фала богу и во марбл неил арт ми успеваат, заради тоа највише ги сакам
И пудрата не е лоша. Ефтина е доста, околу 140 денари ако не се лажам. Нијансата ми е погодена, ама пакувањето ме потсеќа на Импала. Сепак, многу полесна е од Импала, да бидеме на чисто. И не е паштетеста, полу-мат е, средна и солидна покривност, ама не трае многу, т.е. лесно се брише од влажново време, па и од потење. Ќе ја пробам и со камена, ама се сомневам дека ќе се покаже солидна во однос на трајноста. Не е лоша, со оглед на ниската цена. На оние кои им треба пудра за секојдневна употреба и за изедначување на тенот и кои немаат многу фалинки за покривање - препорачувам.
Девојки еве како изгледаат лакчињата на Малена, за сите оние кои досега ги немаат видено или користено.Перфектни се, морате да пробате
^ Jaс го имам истиов. 13ка е обичниот крв црвен, а овој погоре постираниов е 14ка. Дали така ми се виде не знам, ама мислам дека имаат нова амбалажа, шишенцето е нешто повисоко и во вид на исправен квадар. Мене старите ми беа посимпатични - овие ми делуваат некако студено.
i novite ambalazi mi se dopagaat imaat nekako eleganten izgled, super se Sto drugo koristite od MALENA ? Спојлер maskari MALENA
не е воопшто скап тушот за очи, го има во три различни верзии.... овој професионалниот лајнер мислам дека е околу 150 денари ништо повеќе, а прекрасен е , и овој туш за очи е многу добар има убав црн сјај.
Многу често слушам пофалби за козметикава на Малена,ама незнам од каде ги набавувате.. Can somebody tell me ? Сакам некое лакче да се подновам