Ги има во тинекс, космо, ки-го маркетите, пакет маркет, жито маркетите, астра, етика, наскоро ќе ги има и во туш маркетите и веро џамбоооо
на зелено пазарче нема ама има во тинекс, космо, ки-го маркетите, пакет маркет, жито маркетите, астра, етика, наскоро ќе ги има и во туш маркетите и веро џамбоооо.... од каде си ти ?
Струга, пудрата ја купив на пазар ама др раб од малена не забележав..ќе проверам деновиве може немам убаво видено сепак фала
Од креонот воопшто не сум задоволна... по два часа се размачкува и многу лесно се брише. Треба неколку пати да повториш за да се познава црната линија. Од лаковите за нокти сум задоволна. Имав црвен во летото и долго траеше. Друго немам користено
Засега имам само лакови за нокти од малена и сум презадоволна...Ми траат дури и до 2 недели а некогаш и повеќе...Планирам да купам уште некои производи од малена
Јас го користам креонот на малена црниот што е гравиран како со баклави, пробај го тој многу убав и добро црни, а има и друг надворешно е сив тој е некако малку потврда формула од овој со баклавите, може па тој повеќе ќе ти одговара.
Моливчињата , најголема катастрофа Купив едно бело , ни Б од боја , и окото да си го извадиш пак нема ништо да се познае
Задоволна сум од Малена.Имам многу лакови од таму,туш и креон а и не се многу скапи.Ефтини се и убави.
Добра е за изедначување на тенот, ама ако имаш нешто повеќе за покривање, мислам дека нема да ти се допадне. Мене ми е многу слична по структура со Импалата, но сепак е многу полесна од неа.
Имам лакови и туш. Лаковите ми се допаѓаат а тушот не многу. Го користев летоска за да се учам (тој како пенкалце) и бојата не му е некако баш црна, бледа е многу. Имам уште, баш преска ставив од него, мерак ми беше. Мајка ми има 3 моливчиња. 2 за очи и едно за уста. Тоа за уста црвено, го пробав како кармин и многу ми се допадна, со влажна едвај го извадив. Сега сакамда си земам од тој тушот погоре негде сликичка има (како лак шо е ) и пудра. Ама ќе видам.
Јас денес го земав овој туш и задоволна сум, пушта убава црна боја. Прво сакав да го земам оној архитект тука гледам го фалеа ама тоа не е црно бе, каква бледа боја имаше, како старо да е , потрошено, и тоа не пробав од тестер туку ново, и тоа неколку ги пробав добро што не ме виде некој Интензивна црна боја пушташе и еден професионале анлајнер ама тој беше со мека четкица а мене со такви ич не ме бива така да го изборот падна на овој Земав и моливче за усни број 201 ќе си го користам како карминче
Денес бев во Тинекс позади Бисер, ама немаше никаков продукт од Малена козметиката. Ги има ли воопшто таму или јас нешто грешка сум разбрала... ?
Од Малена имам 10 тина лакчиња за нокти и ми се предобри многу време стојат, по 5 дена (и плус секој ден мијам тањири по 2-3 пати) Мајка ми ја зела пудрата 2ка и не и одговарала ми ја даде мене и кога ја пробав се зачудив од квалитетот, предобра е, многу покрива и лесна е на лице, ама јас обавезно ставам и камена пудра над неа. Така да ви ја препорачувам на сите многу сум задоволна.
Јас од Малена имам молив за уста но си го користам како кармин и многу сум задоволна стои долго време а и многу убава боја има.Имам и неколку лакови и тие се супер стојат подолго.