Случајно налетав на лакови од малена во една маалска парфимерија и морам да се пофалам дека од нив сум ептен задоволна, ми траат 2-3 дена без проблем ( обично другиве одма ми се лупат) а и за 40 денари не се воопшто скапи, така да ви ги препорачувам ептен
Има ли негде во близина на Бисер или општо Аеродром, продавница или парфимерија каде што има производи на Малена????
Дечки а пудрата ја има неко користено? добра е? јас баш преееска ја гледав овде кај нас е 140 ден. сакав да земам ама си викам ај после тамам и ќе видам за бројче шо како, се рашетев низ маркетот и забораив на крај
вчера купив еден лак за нокти како за проба, ме изненади колку бргу се исуши, додека да ја налакирам втората рака, првата веке беше сува, затоа денес си купив уште 5, а сите претходно што ги имав завршија во канта зедов и моливчиња за очи за мене и за уста за мајка ми, преубави се, веднаш оставаат линија, нема потреба многу да се стиска за да пуштат боја, навистина вредат за парите, не очекував дека толку добро ке се покажат за толку малку пари.
Задоволна сум од сјајот за уста на Малена има многу убави нијанси долготраен е се задржува на уста и по 3-4 часа можеби и повеќе,а цената е околу 120 денари. Исто сум задоволна и од зеленото моливче за очи долготрајно и не се размачкува. И лаковите не се лоши но мене не ми се допаѓаат нијансите затоа што се сите јаки дречливи бои а јас такви бои на лак не користам.
Си го земав тушот за скромни 75 денари, па ќе ви кажам дали ќе го замени Голден Росе Лакчињата си ги користам и сум задоволно, за тие пари се супер, гледам променета им е амбалажата И има поодамна користено влажни марамчиња за вадење шминка, не беа скапи,а не беа лоши, ама од дамна ги немам сретнато.
Бело моливче за очи :up: На почеток тешко се црта,но потоа е добро,а и останува убава бела линија И не беше скапо.
Само лаковите ги користам.Сега во план сум да ја земам пудрата,читам позитивни критики за неа,па ќе видеме.
Во сите поголеми парфимерии и продавници за шминка,кај нас ги има и во продавница за накит и шминки што е.