Лакот за нокти е предобар, боите, а и квалитетот е одличен. Исто ми се допадна и пудрата. Ви ги препорачувам.
Лаковите за нокти се фантастични! Убави нијанси, брзо се сушат и не мрдаат барем 5-6 дена. Гледам тушот за очи го фалите, па најверојатно следен пат тоа ќе побарам да купам. Во Бисер, во парфемериите доле продаваат Малена лакови, а за другите производи ќе проверам нареден пат.
Пудрото е многу убаво, 6 нијанси, ептен да си ја погодиш бојата, или барем блиску до бојата на кожата. Не е мрсно-мрсно, туку како нормално пудро, без мирис. Маскарата мене ми беше ужасна, одвај ставав и воопшто не ми се познаваше на трепките, нит ми ги издолжуваше нит згуснуваше. Лакови имам најмногу, многу се убави, располага со многу боички кои се сушат лесно, се бришат лесно што е најважно и имаат сјај.
Од лаковите сум презадоволна не мрдаат буквално, а и нијансите се добри. Бидејќи имам доста чисто лице, во план ми е да ја пробам и пудрата. Ако има некој искуство да сподели би била благодарна.
Моливчињата за уста и за очи ги имам пробано. Тие за уста ми се многу суви, многу тешко се нанесуваат штета, а имаат убави боички. За очи имам користено црно ок пушта ама воопшто не е трајно. Лаковите се ок за едно нанесување, наредното се веќе засушени и згуснати. Така да... џабе што се ефтини кога треба секој втор ден да купувам лак Пудрите ми се сомнителни ме потсеќаат на фамозната Импала, а последно што видов се маскарите по 90 денари, ме интересира што чудо ќе да се
Мимс, маскарата не ти ја препорачувам. Мајка ми се излажала да си ја купи и штом нејзе не ѝ беше по вкус, а обично не е воопшто пребирлива, замисли само каков ефект дава. Четкичката е добра, но течноста воопшто. Терај си ти со твојата што ја имаш, оваа не може ни на пола да ги направи трепките така. А со лаковите јас имам преубаво искуство и преубави ми се, посебно тие во новите шишенца - како квадар. Интензивна боја, сјајни но не премногу, ми траат со денови на нокти, а структурата на лакот е океј дури и после година дена. Ете, морав да го фрлам мојот најомилен и да си купам нов, не се ни сеќавам од кога ми беше купен. Станува збор за нијансата 16 - според мене, една од најубавите крем, nude нијанси - како сакате така. Можеби би купила некое од моливчињата за очи, ми фатија око едни преубави тиркизни и зелени нијанси, па ќе споделам импресии.
Јас имам бело моливче и воопшто не сум задоволна, не пушта боја едноставно.. Незнам каква е ситуацијата со другите бои но, не би требало да има голема разлика.
И јас како Мимс не сум задоволна од лаковите за нокти. После толку фалења во темава, решив да ги пробам со надеж и очекување дека ќе ми бидат ОК, ама не. Јас со лакот што го купив се излакирав вкупно три пати, а потоа се згусна и почнаа да се прават како конци кога се лакирам Не сум задоволна ни од трајноста, брзо ми се лупеше. Друго од Малена немам пробано. Мајка ми на пример си ги користи моливчињата за уста со години, нејзе и' се ОК. Пудрата никогаш не би ризикувала да ја ставам на лице, и мене ме потсетува токму на фамозната Импала. Можеби е добра, не велам не, но јас би се држела до веќе испробани работи. Исто важи и за маскарата. Знам дека во некои случаи тврдењево се покажало како погрешно, ама мислам дека маскара од 90 денари не може да биде добра. Не значи дека се' што е евтино не чини и не е квалитетно, ама за козметика, особено маскара што се нанесува на очи, стојам на тврдењето дека поскапото е побезбедно и поквалитетно. Не би ризикувала да ја пробам ни маскарата, ни пудрата.
Не знам оти така со лаковите читам во последниве постови, евентуално ако првата пратка им била супер, а потоа ги имаат сменето Ништо чудно, македонска работа, не би ме зачудило ништо такво.. Оти јас купив еден пред околу пола година и ептен ме бендиса, а баш денес го употребив последно и баш дојдов на темава да го пофалам. После него си купив уште неколку и супер се покажаа. Од тогаш (од пред пола година) немам купено ништо плус од Малена, баш денес дознав дека имало некои други производи и сега читав еве за нив низ темава и се наканував утре да одам и да си купам маскара и моливчиња за очи и уста. Ама после муабетов за лаковиве во последниве постови, малку ме замисливте.. Утре ќе одам и ќе си купам ептен исфорсирана нијанса на лак шо секој би ја купил, за да проверам дали сеуште го имаат истиот квалитет кај лаковите. Ако го имаат, ондак ок. Оти мене ниеден од тие 7-8 шо ги купив не ми се има ни згрутчено, ни исушено, ниту пак ми прави некои споредни неочекувани ефекти Патем, не забележав дека некој ја пишал странава досега, еве за тие што ги интересира што има како има и од производи и од нијанси страна: http://malenacosmetics.com.mk/index.php/en/
Во Скопје каде ги има? Сакав да ги пробам сјаевите и моливите за уста, па и моливите за очи ако се навистина долготрајни како што пишува.
Mоже ли некоја да ми каже кое бројче е лаков ? Не пишува на страната ништо, а вака да го барам ни парфимерии мислам дека нема да ја погодам. Спојлер
јас па имам еден ваков 53 пишува на мојот ама од сите што ги имам од Малена овој ме разочара, дури ни после 3 слоја не изгледа убаво.
Јас имам купено од малена лаковите и сум задоволна, може веќе една година се и сеуште се немаат засушено а имаат и убав сјај. Од лаковите што се со ваква форма Братучедка ми зема од овие,одма се згусти