Редовно,секојдневно ги користам производите на Малена и сум презадоволна од секој продукт на Malena cosmetics...лаковите се број еден,толку многу различни нијанси,долготрајни се и имаат преубав сјај.Истото ќе го кажам и препорачам за прекрасните маскари ,разнобојните моливи за усни и очи како и за пудрите од кои ги има сите нијанси,ги имам користено сите нијанси,покривни се и не се "тешки" за лицето....а на сето тоа кога ќе се земе во предвид цената,можам слободно да кажам дека треба да се гордееме што имаме толку добар македонски производ!За мене е и ќе биде засекогаш моја една и единствена одлука при купување на козметика ! Мислам дека препораката од задоволен клент ќе значи многу за да одлучете да купете било каков производ од оваа козметика.
Мене ми се преплитки некако.Штознам. Мајка ми редовно ги користи,кога јас не и земам некоја асална пудра. Ми се смачува некогаш кога ја гледам како штеди натакви ставрчиња. А чат пат земам од нејзините лакчиња вакви,многу ретко. Пак ќе кажам преплитки ми се,можда за цената си имаат квалитет доволен,ама јас сепак би си зела нешто подобро. Ипак,не се шминкам,ама кога станува збор за сјај,чат пат,лак за нокти....
Германски се мислам, ама каква реклама направи Купувајте македонско Само не ми е јасно како користеше пудри од сите нијанси
^На нивната официјална страница во Contact us стои: Mikom-98 Industrial zone 2300 Kocani Macedonia Значи сепак е македонски бред, но одредени производи се направени во Германија и Франција. Спојлер http://www.malenacosmetics.com.mk/index.php/en/contact.htm
Наназад во темава е дискутирано многу пати, убаво објасни некој (не памтам точно кој) дека се македонски бренд кој своето производство го врши во фабрики во Германија и Франција. На лаковите пишува made in France, но не мора да значи дека и марката е француска на пример. Кај многу производи од различни брендови го имам тоа забележано. Значи македонски бренд е, произведен во странска фабрика. Е сега, ги пробав јас и новиве лакчиња шо викавте дека се сушат, додуша нема долго време поминато, ама ок се кај мене ... п.с: се пресмеав за девојчето шо ја изрекламира малена дека ги користела сите нијанси )) треба да си поработат малку на маркетиншките работи според мене и малку помалку да вработуваат вакви рекламатори )) п.п.с: човечкиот ум е програмиран да се сомнева во оние работи кои имаат ниска цена, а во мојот случај многупати се покажало (барем што се однесува до козметика - освен се` она што се нанесува на лице) дека цената нема врска со квалитетот. Фала многу, снимај многу и чао, чао! )
досега од малена имам само лакчиња користено и задоволна сум , сјаеви пудри креончиња немам се уште пробано
The origin of our products are from Germany and France as proof of the quality that we offer. Started with nail polishes from which you can choose beautiful shades in abundance, you are never going to run out of options to your new creations. А тоа фино си пишува контакт- тие се дистрибутери ваљда, али како и да е До сеа по пазари не сум ги сретнала, а не ми текнало во космо да ги побарам. Од кај ги купувате? Баш ми фатија око тоа нежно розевкото, и кремавото лакче, старфиш мислам дека ги пиша бројчињата, па планирам да си ги земам
Не треба да се суди по цената , што ако земеш пудра од авон од 500 денари, лицето за 1 минути и се исипа на другарка од квалитет, ма немој бре.
Точно за пудрата.Пудрата на Авон е ужасна.Еднаш една моја другарка, купи од таму пудра и многу беше разочарана.Водлеста била пудрата, ужасна, никаква.А за лакчињава не знам, ги немам пробано,кога ќе пробам ќе кажам.
Малена е достапна козметичка линија. Досега имам видено лакови, моливи за очи и усни, сјаеви, маскари, тушеви, влажни марамчиња и слично. Добри се
Јас досега ги имам користено само лаковите и сум МНОГУ задоволна. Огромен избор на бои, не се лити, значи од 2 слоја добивам супер боја, не се лупат и најбитно бргу се сушат. И се тоа за 40 денари во сите маркети - екстра. Без разлика дали се Македонска, Германска или каква и да е фирма ми е ризично да земам ајлајнери, пудри и слично, бидејќи кожата на лицето ми е преосетлива па користам испробани производи и неможам многу многу да испробувам, а баш се ефтини и ми е криво што не можам да си ги користам
Од малена имам лак, бојата ми е ептен убава и доста трае, не се лупи брзо и лакот не се суши, а го имам веќе неколку месеци.
Лаковите се пресупер,за цената се десетка,имам неколку ама си го обожавам зелениот,од него забележувам дека кога и да ставам ми растат побрзо ноктите,од прво не ми се веруваше ама истото ми го кажа и другарками,пробајте
Од лаковите сум презадволна, убави нијанси имаат и долго траат. Купив бело моливче за очи, ама воопшто не сум задоволна, не пушта боја.
Јас ги пробав и тушот за очи и маскара. И двата производа би ги оцена со 5/10. Тушот остава убава црна боја, но ако два пати повлечете линија на едно место,ја брише претходната.И резултатот е не рамна линија, некако не делува глатко и мазно. Имам огромно искуство со туш за очи, и мислам дека овој ќе го потрошам но нема пак да го купам. Маскарата е најстандардната што може да ја најдете. Класична четкичка, која веројатно ќе има убав финиш кај тие што имаат природно виткани трепки. Бидејќи моиве се тешки за виткање, преферирам тенки четкичи, па маскарава ја користам за прв слој, а вториот со друга. По се изгледа, дека од толку фалење, само лакчињата ги заслужија пофалбите.
Порано користев само нивни лакови,ама откако им ја уништија формулата престанав а не мислам да купам нешто друго од нивната козметика.Еве и коментарите си го кажаа своето,козметика за поефтина цена со стандарден квалитет..ако сакаш подобар ефект ке си идеш на поскапа варијанта.
Ми навали една другарка да им ја пробам пудрата, демек за 150 ден. чуда прави, како Макс Фактор. Како да не. За џабе фрлени пари. Ниту прекривност, ниту се нанесува убаво, целата ми остана по рацете, а не на лице. И ми се нафрли лицето одма. Можеби за некој кој не бара многу и користи пудра ретко, ќе му заврши работа, ама далеку е од нормална, асална пудра. Од мене едно големо НЕ.