Не сум воопшто задоволна, од Малена во никоја смисла, сестра ми ја користеше пудрата ... ништо катастрофа.. маскарата па никако не се суши и мора цело време корекција да правам... лакчињата ги немам лично пробано ама другарка ми е задоволна.. за другото незнам..
Лаковите за нокти се супер, ги користам и не се лупат мн брзо,а пробав бел молив за очи и за ништо не чини, многу сув,треба цело око да го ископам за да се познава малку бело хаха ...
Работава е купуваш, не знаеш од каде купуваш. Имав еднаш лак, на подарок го добив, вака траен беше. Ама не би купила, не ми се допаѓаат нијансите, немаат некои поинтересни бои. Се истите само... Како и да е, за малку пари плус има дефинитивно многу подобра и поквалитетна козметика, поготово за пудрите. Пудрата ај што ич не е покривна, туку којзнае што има во составот, нема ни ув филтри, ништо посебно.
Kолку пари толку музика Jас купив- креон, молив за уста, римел и сјај, и се ме фати 380 ако не се лажам. фино е се, моливот за уста сасвим ок креонот исто, сјајот некако најнај ми се виде, и римелот не е лош Bакво за уста земав и сум задоволна за цената и во иднина ќе си ги користам, поготово сјајчињата ( 115 денари мислам беа) се феноменални, јас не користам воошто сјај за уста, ама овој е супер
Лаковите им се закон, покривни се со еден слој, ги купувам често (после golden rose maxi brush )...сјаевите им се добри исто така....
Малена е бренд на Миком98 од Кочани,а лаковите и козметиката ги прават во Франција и Германија (конкретно лаковите тие ги тураат тука во шишенцата,а лакот-течноста се прави во Франција). Работев со нивните дистрибутери на претходното работно место затоа и имав пишано на почетокот од темава.И имав и спомнато миком претходно беа дистрибутери на импала, бруклин па почнаа со сопствен бренд, а ќе забележите дека користат слични паковања, пример пудрата, моливите, лаковите- новите се сега според бруклин шишенцата, маскарата за волумен, сјајчињата, скоро сите производи Спојлер https://www.facebook.com/malena.mikom?fref=ts https://www.facebook.com/pages/Malena-c ... 2291790393
Јас летово прв пат купив моливче за очи од малена и сум многу задоволна,пигментирано е доволно,остава боја многу и меко е за лесно ставање. Јас го имам третото од лева страна Моливчињата за уста не сум ги пробала ама знам дека исто така се добри,лак сум пробала еднаш од кај другарка и ми стоеше 4-5 дена без да се излупи некаде,планирам да си купам и моливче за уста и лакови.
И јас Малена лакови користам, ама не сум забележала да ми ги пожолтуваат ноктите. Можеби ако користиш потемни тонови, да пожолтуваат ноктите ради самотот тоа. Ама еднаш неделно со парче лимон и сода бикарбона ако ги триеш, таман ќе бидат моментално го користам 17ката од лаковите на малена и презадоволна сум. нешто забегав по нежнава нијасна и едно 3 месеци сум „навлечена“ само на оваа нијанса ) прекрасен е, ми се нема згрутчено сеуште и многу брзо се суши од ко ќе се нанеси, а ми трае околу 2-3 дена.
Кога ќе приметам дека некој лак ми ги има пожолтено ноктите, не се лакирам неколку дена и од миење раце, садови, туширање бојата сама си се вади. Порано грешев што веднаш се прелакирував со темна боја за да го скријам жолтилото.
Јас порано користев пудра и не е лоша а сега си користам само лакови некои многу бргу се сушат (особено оние кои највеќе ги сакам)
Вчера купив лак од Малена,38ца налик nude(веќе имав искуство со лаков). И тотално сум разочарана. Изгледа покрај амбалажата,и составот им е сменет. Кога го ставаш на ноктот,се прават некакви кругови.А веќе со втор слој,изгледа пренатрупано.
Јас сум многу задоволна од моливчињата за уста на Малена,многу се кремасти,пуштаат боја многу. Исти се со моливчињата за очи,прекрасни се...меки за убаво да ги нанесеш,но не премногу меки за се уништат и имаат убави бои.
Јас сум многу задоволна.Имаат убави боички,а плус и меки се и лесно се нанесуваат.Мислам дека се 70 денари,јас си го користам како кармин и ептен е добро