Од малена имам само лакчиња за нокти,моливчиња за уста и сјаеви Презадоволна! .Лакчињата се топ за таа цена лесно се нанесуваат,не се згрутчуваат мене ми се трајни и што ми е нај нај е тоа што брзо се сушат,а на ноктиве мои ретко кој лак се засушува Моливчињата убава,мрсна структура,лесни за нанесување и траат!Сјајчињата исто така за 120 ден се стварно одлични. Пудри,маскари и моливи за очи-не!Не дека имам осетлива кожа и не велам дека не се квалитетни производите за цената,но шубеџија сум.
Ако толку ти е мерак, купи, пробај, сепак поефтини се. Но, лично јас не би ставала на очи поготово нешто од на пазар, неиспитано. Иначе ги имам пробано кај другарка, ама не ми се ништо посебни. За малку пари плус имаш многу поубави моливчиња и козметика воопшто. Барем за молив јас не штедам зошто секако ми трае долго. Имам пишувано и за пудрата, како ништо да немав ставено на лице. А, со лицето не се игра, можеби сега ни е убаво, ама за неколку години може на ништо да не личи од тие пудри.
И јас сум задоволна од моливчињата, некогаш ги користам како основа пред нанесување кармин, а некогаш самостојно. Кремасти и трајни, за цената се многу подобри од некои поскапи моливчиња за уста (на пример тие на Manhattan - не дека се ужасно скапи, но се поскапи од Malena, а се суви и невозможни за нанесување, и кога сме тука апсоултно не ги препорачувам own. Тие самоостречки моливчиња веројатно се нови, но јас имам обично моливче за очи од Malena и иако не го користам многу, досега сум задоволна. За цената не е одлично, но е сосема во ред и трае неколку часа.
Не знам зошто се жалите од лаковите Истиот квалитет си го имаат и по неколку месеци користење . А за трајноста после нанесување некои пишувале и по една недела , мене ми траат по 2-3 дена максимум , ама со оглед на цената добро е а и така сакам често да менувам бои . Пробав и моливче за очи ама некако не ми се бендиса не пушта добро .
И јас од лаковите сум многу задоволна и на нокти долго стојат, а и не се згуснуваат после некое време, а не се ни сушат.
Јас до сега само лаковите ги имам пробано, и многу сум задоволна. А, за шминка...Сеуште не сум пробала какви се. Каде може да се најдат? Дали се добри? Поздрав!
Си земав прозрен лак од малена си ставив два три слоја на ноктите и отидов на корекција на ноктите бидејки ги правам со гел абе девојчето се сокапа додека ги изструга вика тууу шо лак ек беше ова а само 30 ден е
Од малена имам користено мнооооогггуууууу лакчиња за нокти и нешто што најмногу ми се допаѓа кај овие лакови е тоа што брзо се сушат, а богами имаат и голема палета на бои. Моливчиња ми се нашле низ дома едно-две неззз ни јас како ама добри се не се лоши, и пред еден месц си купив и едно сјајче не е кој знае што, ама како што не користам редовно не е лошо. Други производи не сум пробала па немам коментар.
Ги имам испробано сите козметички продукти на Малена. Пудрата им е мнооооооогу лоша, многу ми го уништи лицето, а маскарите секогаш им се полусуви т.е полупразни Но, задоволна сум од моливите за уста, ефтини а квалитетни се. И лаковите за нокти ми се на Малена, добри се сеа за сеа
Истото мислење го иам и јас, моливчињата за уста се убави посебно јас ја сакам бледо розевата боја како природна боја на усна, и белиот молив за очи, за тие пари сум прилично задоволна.
Користам лакчиња и моливи за уста и сум многу задоволна. Другите производи ги нема пробано, ама може да пробам некој од вашите предлози
Моливчињата за очи какви им се? Баш денес ги гледав, сакав да купам ама не можев да се одлучам дали да земам обично или од двострано.
Не знам да ти кажам, до сега не сум користела моливчиња на Малена лаковите им се предобри, маскара една зедов за ништо не ја бидува и затоа се мислам сега за моливчињата. Иначе видов имаше и сет маскара и лак за нокти за 106 ден.