Убави работи имаат,беа со многу прифатливи цени,кои последниов месец некако многу магично скокнаа. Подолго време ги следев сите работи кои ги објавуваат на страната на фејсбук си имам и нарачувано некои работи,но веќе цените не се како што беа порано.Како и секогаш кога ќе видат малку повеќе заинтересираност веднаш ги креваат цените.
Не само за цените, мене ме нервира што имаат по мала количина и буквално истиот ден поубавите парчиња инстантно ги нема или само многу големи броеви се останати. Па не може да се телепортираме кај нив, го објавува, и веќе утредента е продадено,хмммм
Кренаа акции и они кога видоа толкава навала Да порано имаше за 300до 500 максимум работи сеа почнаа фустанчиња над 500,ма над 700. Па не е тоа толку етино како што се прокламираа кога почнаа. ЈАс на времето си имав земено суќна за 350, сега суќните им се по 500, и јаче. Само маички може до кај 300 да се најдат. Али барем им се работите чисти и без дупки, за разлика од другиве продавници од оовј тип на ефини препродавачи, до сега не сум начекала нешто со дупка или извалкано од Мана. Само нека намалат малку цени, барем невогодишно. Летово имаше добар попуст, маичките беа по 150 а футаните по 300-400 и имаш и добри фамерки за 500, нека го вратат тоа. Али и поуларноста си го прави своето, пред година дена никој не знаеше за мана на првомајска, мене другарка коа ме однесе прв пат, се чудев што е тоа, и од кај го знае. Сеа нема кој не знае за Мана и нема земено барем еден партал од таму
Мене па баш тоа ми се допага што носат по малце од секое парче а не по 50 исти маички и после секој втор го гледаш во истото.
Јок! Уште од сликите ми беа сомнителни, претенки се, не се скапи ама на -5 има да испоизмрзнеш. Пред 3 недели кога бев имаше доста доста капути, во различни бои и дезени, ама претежно тенки. Околку 2000 мислам дека се, ама мене не ми се бендисаа. Многу слаб материјал и тенок, како пролетен или есенски не за зима у минус како нашава.
Па од тоа до сега што го имам земено, задоволна сум.. Последно си купив едно палтенце. Не викам дека се нешто екстремно ниски цените ама па прифатливи се.. Има сукњи по 400 ден, баш јас пробував, фустанчиња по 650.. Не е со толку ниски цени како Пренди, Певекс, ама и да бидеме реални има поубава роба од нив.. Барем мене лично, и со подобар квалитет. Единствено што им е доста скапо се ташните.. над 1200..
Па и не е баш скапо со оглед на другите продавници само можеби малце претеруваат со џемперчињата.. обично тенко а 750
Девојки може некоја феминка да ме исконтактира по лп, да ми објасни како да стигнам до некоја од продавнициве? Сум била само во таа во центар, во близина на Јосиб Броз средното што е, ама немаше таму многу избор. Ако се потруди некоја да ми помогне би и била многу благодарна
Пак јас, ми имаше пишано една феминка лп, да ми објасно каде е таа продавница во к.вода, ама незнам како пораката не можам да си ја најдам, а не се секавам на корисничкото име, ако се препознае нека ми пише Мене ме интересира каде е таа продавница во карпош? Може некој да ми објасни, по мапата што им е на фб не се снаоѓам
таа што е во центар е кај кузман студентскиот дом што е , на самата раскрсница неможеш да утнеш со големи букви пишува.. во близина е и на јосип броз мислам дека ќе ја најдеш
Многу се зачудив кога неколку маици (ама скроз исти ) ги најдов во Певекс, за само 199 ден., а во Мана беа дупло или повеќе од дупло поскапи. Тоа некако ме разочара. Инаку, се наоѓа по нешто интересно, убаво е што се вадат на интернет.