Незнам дали сте приметиле има имаа и фустани над 1000ка, т.е по 2000. Знам дека лакомоста е одлика на нас македонците, ама до толку бре?
Не сум купила до сега, многу ми имаат кажувано и на фб имам гледано има некои интересни парчиња ама некако не ми се нај нај
Има преубави работи но јас кога и да појдам не наоѓам ништо.Најчесто одма во онаа што е до Кузман Студенскиот дом,и таа само ја знам каде се наоѓа.Но никогаш не сум нашла ништо никогаш.
А мислам дека Терранова се најскапи работиве ако гледаме за поубај парчина облека навистина има во двете преубави раб т.е И во Мана и Теранова али цените во теранова изгор ... Не сум од СК али би сакала да си купам од МАНА некоја маичка А за таа другата продавница незнам ПЕВЕКС и таа би требало да е во СК така?... П:С Си купвам и од теранова по нешто ... можеби јас не ги фаќам кога има попуст али изгор ми се цениве ......
Во Мана има и поскапи работи каде што претерале малце, на пр. ташните, некои фустани и панталони, капути/јакни, ама има и парчиња облека што се доста ефтини а вредат многу - маички, кошулки се наоѓаат, фустанчиња, џемперчиња... Мене пола плакар ми е со облека од Мана, повеќето маички ми се од таму и супер се покажаа. Имам и 1-2 џемперчиња, 1 пролетна јакна што ја обожавам и 2 фустанчиња што ги купив по 300-400 денари а вредат многу повеќе, квалитетни се и супер стојат. Едино што не ми се погодило од Мана се панталоните, одамна ги земав на попуст беа ама некако не се баш квалитетни, се изобличија на одредени места па можам да ги носам само со подолги маички или кошулки...
Иначе јас не сум по фустани и сукни сеа фармерка и пантолона нормално би биле некои 1.000 ка али блузите, маичките и кожулите до кај 300 и нешто или 600 се исплаќаат али Во теранова една кожула е веќе 1000 ка или блуза со долги ракави па претерано е http://cdn.terranovastyle.com/media/catalog/product/S/A/SAB0017147001S257_det_4.jpg 999den i ova http://cdn.terranovastyle.com/media/catalog/product/S/A/SAB0017045001S376_det_4.jpg
Мислам дека е две станици пред последна 5, пред да сврти автобусот.Кај што има кафич, спортлајф, рамсторот што е доле по скалите,аптека исто има зегин, златна копачка, моцарт кладилницата, и уште нешто за коцкање имаше ама не ми текнува, во таа зграда е.Се надевам добро објаснив. А уште подобро ако броиш по станици после Бисер има уште две станици,поштата ја поминуваш и таму е .
Одамна не ме носел патот натака, но претходната недела успатно поминав. Уште има тепачки и гужва како на почетокот. Ден претходно имале изложено нова облека на фан страната, па лудница беше. Бев среќна што се докопав до две маички, свиленкасти, крем и темна тиркизна, не ја ни загледав етикетата, кога дојдов дома видов дека пишува mexx. Живо џабе, а презадоволна од изборот. Има интересни работи, не толку како на почетокот (иако гужвата е иста), малку се прецениле за одреден квалитет, но сепак за испадни шопинзи и случајни ситнурии е супер. Бендисав една суќна ама 850 денари за Мана, не фала, за 1.300 слична од Манго... не дека ми значат марките, ама правам пазарна паралела и не ми оди рачунот во глава, ако го споредам па и квалитетот. Манго се исклучително неквалитетни, исто така и оваа суќна во Мана...мање више... Најдов сосема трета, па и поубава и поквалитетна, од онаа маалска продавничка од која постирав пред два месеци... Marks & Spencer, 600 денари... И ете среќа.
Јас приметив дека неколку маички кои ги имаа скоро ставено на ФБ страната се од новата колекција на C&A (ги има на сајтот), џемпер од Stradivarius кој го има во новата пролет/лето колекција на Stradivarius. Исто така што имам купувано неколку маички биле со етикета на Tom Taylor (вообичаено ги сечат, за да не се гледа брендот), една блуза што ја купив за 450 ден. има етикета Oltre, баш проверив на сајтот на Oltre и ја најдов истата блуза за некои си 1500 ден. (25 евра). Не ми е јасно како можат да имаат работи од нови колекции на Tom Taylor, Oltre, Stradivarius, Vila, Vero Moda, најверојатно се работи за облека која има мали дефекти, па Мана ја набавуваат по пониска цена и ни ја продаваат. А јас да ви кажам право не ги гледам тие дефекти, на блузата од Oltre за 450 ден. не можам да и најдам никаква мана, а разликата од 450 ден. до 1500 ден. е плус уште две маички/блузи. Во последно време често си наоѓам убави работи, а и со доставата од некои си 180 ден. до мојот град и те како ми се исплаќа да си купувам. Досега не ми се случило да не ми одговара нарачаното (освен една маичка која беше како модел поширока и ризикував, ама за 300 ден. се работи па што), се консултирам со нив околку бројчето и таман ми е Треба да ми платат, вака онака им направив бесплатна реклама
Јас му пишав на фб во инбокс сеуште не ми имаат вратено ни ја имаат видено поракава иначе ги прашував како оди доставата дали е безплатна или се наплаќа ..... да не знај некој дали е безплатна или..............
Благодарам на иформацијата Иначе за инфо за поракиве не сум забележала изгледа дека имаат пост дека нема да одговараат а кој петок? овој ли што иди или готово... од утре ќе ги читаат пораките?
Znaete so skontav deka vsushnost I imeto na saMata prodavnica as vika mana znaci artikllite imaat mana. Kasno kontam ili? Kako I da e sekoj ima mislenje