Мене искрено не ме интересира бренд иначе продавницата и работиве што ги гледам на фб ми се супер сега можеби нема некои работи што ги гледаш на сликите но планирам да си купам нешто но тешко па сеа ќе се обидам со нарачкава некако само се плашам окупу M-L-XL
Речиси сите комбинации што ги прават на сликите ми се допаѓаат, и иако имаат наведено дека дел од работите се користени само за фотосесијата, а за тоа што го има во Мана имаат пишано цена- секогаш има некој(или подобро да кажам некои) што мора да прашаат за ценааааа за нешто користено само за фотосесијата. Човек да не знае дали е ова смешно или трагично.
Пораките не им работеле неделава затоа што девојката која одговара на нив те сопственичката била на патување некаде подалеку. Пишав и јас за нешто да ми чуваат, не ми вратија, па се јавив да прашам. Имало и нови работи кои од истите причини нема да бидат во можност да ги прикачат на фан страната. Мене баш ми се симпатични овие петпарачки маичиња за секој ден и вежбање. Конкретно за тие прашував. Што ми текна да се полажам претходната недела, пак ќе почнам со глупости трупање...
Што ве прочитав бе, сакам и јас сеа, посебно тоа панталоните офис со линија у средина а не дека неам такви ама сакам...а пари? Морам да ја пофалам Мана, се задржи со пристојни цени од времето до сега. Кога сите други од ваков тип продавници кренаа цени зашто им удрис лавата у глава, они горе доле се држат со пристојни цени. И многу слатка гардероба, ретко нешто да кажам дека воопшто не ми се допаѓа.
Ептен имаат убави маички, убаво му е ова со порачување од други градови и сакам да си порачам ама ми е страв да не утнам на не пробано. А инаку имам слушнато дека си ги тргале работите на страна за блиските и кога и да отидеш во продавница од тоа што му е објавено на страната немало незнам колку е вистина.
Имам порачано неколку пати, и се ми стигнало таман и одлично спаковано плус кога порачуваш повеќе работи поштарината е исплатлива. Истите работи во Струга се дупло поскапи.
Јас ги прашав за цената на испорака и ми пишаа зависи од килограмите. Ама за 2, 3 маички што не тежат воопшто се исплаќа цената и тоа како. Сте платиле повеќе од 180?
Јас си купив сукњи. Значи заљубена сум во миди сукњи и не дека не сум преплавена со нив, ама морав да ја имам таа од новата колекција , успат земав уште една. И карираните кошули по 350 денари им беа супер, единствено немам пронајдено модел на панталони кој би ми стоел добро, ама затоа надокнадив со маичките и кошулите.
Во Мана сум била само во продавницата во Центар. Ми личи како да немаат баш многу избор, или пак мене така ми се погаѓа. Сепак од време на време знам да начекам и да си купам нешто симпатично, особено маички за секој ден.
E kolku raboti jas edna maicka sakam da poracam i toa li se naplaka? SAMO 1na rab...... i sea maickata 180 i plus 180 eve ti okulu 360
^ па да така доаѓа. Поисплатливо е повеќе работи да се порачаат. Или пак заедно со некој, па да си ја делите цената на испораката
Мана ми е ко за стари тетки и фригидни девојки, таков впечаток имам. Барем од тоа што го нудат тука. Имам неколку работи купено од таму ама без мерак купени, повеќе ми се за по дома. Градници знам еднаш земав и после првото перење ми се чини се деформираа. Немаат квалитет ниту се убави за око, не ми се допаѓа.
@Bridget, да не си ја смешала Мана со некоја слична буџетфрендли продавница (Певекс, Пренди)? https://www.facebook.com/MANAfashion Едно прашање до девојките-дали Мана добиваат нова роба во некој определен ден од неделата или секогаш е рендом? Цело време објавите за новите работи ги начекувам навечер и кога утредента ќе отидам, веќе ништо не останало од тоа што ми се свиѓа