Lucky you Значи многу убави и уникатни работи има во Мана . Само не знам кога ги продават толку брзо работите вчера имаше изложено слики на фб, денес сакав да нарачам и уште едно парче само останало...
У чудово влегов денес после 100 години. Само јас имам впечаток дека почнале да носат глупости и партали? Не дека нешто порано носеа не знам што, ама сега апла се крпи за прашина. А и цените за партал со ликра... малце забегале.
Го делам мислењето со тебе. Влегов пред некое време, парталите беа партали во вистинска смисла на зборот. Цените до плафон им отишле, мислиш најнови колекции продаваат. Последно влегов за една сукња, на слика изгледаше добро, кога ја пробав, не нозете, гаќите ми се гледаа. Пред некоја година беа океј, цени пристојни, работите солидни. Ке размислам дали да влезам повторно.
До газдите е, они одлучуваат што ке се продава и одлучуваат за цените. Не верувам дека имаат менаџер задолжен за тоа, три продавнички се у прашање. Кај сечени етикети, кај стари колекции, кај квалитетот никаков, ставиле троа високи цени. Панталоните по 1100-1200 им се, па во Зара од најнова колекција се 1500 денари. Кога почнаа, важеа за продавница од кај што секој може да си купи нешто, ама веќе не.
Бил некој во скоро време? Блузиве од новите колекции изгледаат убаво, па дали некоја има пробано или купено?
Оваа газдарицава според цените на работиве стварно се гледа дека гради и уредува куќа. 850 денари кошула која во Зара беше 1100 пред 2 години, на попуст за 700ки. Партал до партал, никаккв избор, тоа поасалното цена до плафон. Сто вработени на смена, што нема потреба, па ваљда цените и за тоа трпат. Убаво почнаа, неславно ќе завршат, ко типичен македонски алчен бизнис. Газдите ќе се збогатат, апетитите ќе им пораснат и ќе го уништат бизнисот. Бебел од ист ранг е ама колку толку се држат во нормалните.
Порано пред година имав купувано неколку пати од Мана, и вистина за ниски цени се наоѓаа доста убави и квалитетни парчиња но после тоа почнаа да ги накачуваат цените. Кошули блузи и сукни 800-900 кои патем не се повеќе во тренд, останати парчиња кои не им се продале. За тие пари ќе одам во подобрите бутици барем знам дека сум купила нешто што е ин и што вреди. Стварно забегале!
Мана не се како порано во квалитет и цена за разлика од нив Бебел си останаа доследни до добар квалитет и пристојни цени а продавачките се предобри.