Еве една тема за Црвените Ѓаволи. Манчестер Јунајтед Ф.К. е светски познат професионален фудбалски клуб од Англија, чиј стадион е Олд Трафорд кој се наоѓа во Трафорд, пошироката околина на Манчестер. Тој е еден од најпопуларните спортски клубови во светот со повеќе од 50 милиони обожаватели. Манчестер Јунајтед е исто така и еден од најуспешните клубови во светот, а во англиската лига, има 18 освоени титули, заедно со Ливерпул. Ја има освоено англиската лига 17 пати, ФА Купот - 11 пати (рекорд во Англија), два пати Лига Купот, Лигата на Шампиони 3 пати, Купот на Победниците на Куповите на УЕФА еднаш, Интерконтиненталниот Куп еднаш и Европскиот Супер Куп еднаш. Клубот има највисок просек на посетеност на натпреварите во англиската лига континуирано во последните 34 сезони, со исклучок на периодот од 1987-1989 за време на реновирањето на Олд Трафорд. Меѓу европските клубови, Манчестер е предводник во однос на годишните финансиски добивки во текот на деценијата меѓу 1990 и 2000, во наредниот период го губи приматот но во 2008 година повторно е најбогат клуб во светот со вредност од 1,86 милијарди долари. Менаџер е сер Алекс Фергусон. Прв тим : 1. De Gea 2. Evra 3. Jones 4. Ferdinand 5. Evans 6. Owen 7. Anderson 8. Berbatov 9. Rooney 10. Giggs 11. Smalling 12. Park 13. Hernandez 14. Vidic 15. Carrick 16. Nani 17. Young 18. Welbeck 19. Fabio 20. Rafael 21. Cleverley 22. Fletcher 23. Valencia 24. Macheda 25. Gibson 26. Kuszczak 27. Diouf 28. Lindegaard 29. Brady 30. Amos 31. King 32. Pogba 33. Tunnicliffe 34. Norwood 35. Morrison 36. Johnstone http://www.youtube.com/watch?v=D4T3g4gGqHQ
Манчестер Јунајтед -мојот омилен тим од Англија. Значи веднаш после Реал, така ќе му дојде Навивам за Манчестер против било кого да игра, освен против Реал Многу нокти имам изгрицкано и за овој тим, посебно кога беше финалето на лига шампиони во Русија против Челзи, па имаше и пенали ...ама на крајот ТИТУЛА И да, посебно ги сакам Видич и Руни
Браво Мацо,имаш од мене частовка. Значи после семејството роднините и пријателите Јунајтед го чуствувам како втора фамилија.Имам гледано нивен натпревар во живо и чуството е неверојатно.Адреналин ненормален.Аууу не знам како да опишам.Кога губат а тоа е ретко се осекам како да ми умрел некоја блиска личност а кога победуваат во последните минути јас не зснам кај се наогам Немам омилен играч,не ги делам.Се надевам и сезонава ке успеат да стигнат далеку Де Геа супер се снаога,иако на почеток беше несигурен.За Јанг,Џонс немам зборови.Клеверли е нешто неверојатно. Се надевам утре ке имаат победа против Бенфика па да можам мирно да спијам. Инаку Мацо да те поправам имаат 19 титули http://www.youtube.com/watch?v=ZzkresBOxnQ
Добро е што извадија реми со овој состав.И со кој памет го стави Линегард на гол?Не велам дека е слаб ама Де Геа си е Де Геа
За нив навивам некаде од 10-11 години.. Тогаш како помала поретко ги следев нивните натпревари и не ми се качуваше притизокот по секој пораз додека сега коси кубам заради нив.. Го следам секоој натпревар ако губат гасам телевизор од нервоза а кога ке дадат гол врескам до таа мера сите од дома во кој дел од куќата да се наоѓаат доаѓаат да ме прашат што се случило.. Од играчите ситее од најстари до најмлади од оние најмногу време што се во клубот па се до оние новите сите ги сакам бе Срцки сее.. ова сезона рушат се пред себе.. верувам во нив ќе постигнат многу
Со тешко срце ... Честитки за победата ... Добра игра и од двете страни овој пат заслужено . Се гледаме на Стемфорт Бриџ .
Отсекогаш биле мојот омилен тим! Не сум некоја опседната со фудбал, ама секогаш гледам и навивам кога игра Манчестер! Тимот кој е во моето срце!
Браво крејзи устата да ти се позлати за ова. Инаку лепи ака Чичарито ке отуствува две недели а Ешли Кол не добил санкција за таа повреда.МАГАРЕ ЕДНО Да беше играч од Јунајтед 4 натпревари ке добиеше ич како ништо.
Денеска Јунајтед победи против Лидс во рамките на Карлинг купот.Два гола на Мајкл Овен и еден на Рајан Гигс.Човекот како старее така е се подобар.Како виното Викендов играат против Стоук на гостински терен а Чичарито се врака
мајкл овен..некогашниот најдобар фудбалер во европски па и во светски рамки...се надевам дека конечно ќе се оттараси од повредите и ќр се врати во форма па ќе постигнува многу голови( како со манчестер сити во 95та мин ) ,навистина има 31год но предобар напаѓач е... а и чичарито оздравува..срцуфка,лепотанче и пред се одличееен фудбалер...ќе го наполни стоук со голови...ги сакам јунајтед,навивам за нив од секогаш и така ќе остане засекогаш!
Eeej дијалог со двајца овде се води,кај се другите? Кога сме кај Мајкл Овен колку сакам да им залепи гол на Лузерпул и тоа во последните минути како што беше против Сити и тоа на Енфилд Роуд аоооооооо што свиркања ке има Патем и Рио се врака против Стоук. Еден апдејт за бивш играч на Јунајтед.Се работи за Харгривс.Постигнал гол за Сити а во Јунајтед не можеше ни да стои а камо фудбал да игра.Искрено се надевам дека ке бележи успеси зошто иако замина во градскиот ривал никогаш нема да заборавам дека беше еден од главните виновници за дабл титулите пред неколку сезони во ЛШ и ПЛ
ќе се појават и другите навивачи тука,веројатно после денешната победа.инаку пеликуна и јас мн си го сакам овен харгривс,без разлика дали отишол кај ривал или не,не можеме да го осудуваме.нека продолжи со својата кариера се надевам ќе е успешна.е сега оти јас ја фатив утакмицата од 40та мин ќе треба да ме известиш што се случи со нани,да не да обнови победата,пошо видов дека овен влегол наместо него..(моите двајца лепотани). и да,ми недостига видич денес
Нова повреда,се уште не се знае каква е и дали е сериозна.Се надевам дека не е ништо опасно.Питер Болтон под просекот денеска.Ги маваат и газат играчите на Јунајтед а тој дозволува и понатаму игра Глупак.2 пенали не досуди,а кога требаше да досуди пенал наместо тоа суди офсајд па сега ти мисли како било.Играта беше изедначена.Шанси и на двете страни имаше.Де Геа се подобар и подобар.Со Нани е се во ред а на Овен не му требаше тоа па и зборуваше против медицинскиот персонал вна Јунајтед.Сам си е крив,сам си бираше доктор.Е сега нека трпи.WHORE !
Отсекогаш сум била за Манчестер Јунајтед од англиската лига. Омилен ми е Немања Видич општо значи (уфффффффф) , за мене најдобар дефанзивец и еден од најдобрите што ги имал тимов заедно со Вејн Руни, Кристијано Роналдо, Дејвид Бекам, Рајан Гигс и Пол Сколс. Тие ми биле најнај кога гледав поредовно англиска лига, ау да и Овен . Играчите доаѓаат и си одат, ама царот Фергусон си останува, му симнувам капа, еден од најдобрите е. И нека не ја вади мастиката од уста, си има свој печат
Браво плавуша,уште еден фан на најдобриот клуб моментално по статистиките Јунајтед можел и без Роналдо,а тоа се увиде и лани.И се докажаа пред песимистите кои мислеа дека ке се бориме за опстанок или влез во Европа. Слушајте хејтерчиња,ке се вратиме... ГО САКАМ ОВОЈ КЛУБ
Некако тешко им оди,ама ајде битно дадоа 1 гол... Едит, уште еден гол. Ајде само да се одбраниме добро сеа.