1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Manchester United FC

Дискусија во 'Спорт' започната од MacaLove, 13 септември 2011.

  1. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Еее МацаЛав е Јунајтед фан? Дури и криво ми е сега малце :(

    Он топик...навивам за нив повеќе од 10 години, доаѓаат нови генерации, си одат старите, полека настанува смена, што нели е составен дел од спортот, од реалноста...НО

    Ова е мојот идол за сите времиња. Човекот што кога бев доста помал, целиот нафуран на фудбал, го имав неговото име на мојата лева копачка. Таа негова лева нога, асистенции, спринтови и духот што го влева во тимот ми ги насолзиле очите повеќе од еднаш, повеќе од пет пати...

    Кога ќе го видам него во поставата, на теренот, со капитенската лента, се смирувам, чувствувам дека се ќе биде добро на тој натпревар. Можам само да замислам како се чувствуваат помладите играчи на Јунајтед кои се со него на теренот.
    Тој никогаш не сменил клуб, и никогаш не се продал за пари, да избега, да сврти грб.

    Човекот кој се спротивставува на времето и на непишаните правила во фудбалот, дека со годините се отстапува место на помладите.
    Сеуште е побрз од 15 години помлади фудбалери, а со неговото чувство за игра, асистенција и тајминг, големото мнозинство не се во иста лига. Едноставно...не се.

    А сепак скромен, ненаметлив, фер играч. Тој е тивок лидер.

    Ви го претставувам мојот идол засекогаш.... :bow: :bow: :bow: :bow: :bow:

    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На Pelikuna, sesilija и MacaLove им се допаѓа ова.
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Гигс е цар бре :D се восхитувам на неговата брзина,љубов кон клубот и играта.Едноставно нелииииии пример за другите играчи.Тој е еден покрај останатите играчи кои ми беа и се уште ми се идоли.Го почитувам и Сколс иако сега повеке не игра,тој е како виното,колку повеке стар толку повеке добар.Ретки се ваквите играчи како него а Јунајтед се срекни што го имаат.Се надевам дека оваа сезона нема да му биде последна.

    Срека,вчера победивме,инаку Шити ке беа на прво место.Иако имаме исти број на поени сепак еден гол разлика не прави први ан табелата.Мора да поработат на постигнувањето на голови.
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    „Бисерите“ на Фергусон

    10. За судијата Алан Вајли:
    За оваа игра ви е потребен некој кој е подготвен,кој може да трча. Тој е подготвен како касапско куче, даде жолт картон па потоа одмараше триесет секунди. (За оваа изјава беше казнет од англиската фудбалска федерација)

    9. За Италијанците
    Кога ми велат дека во чинијата има паста, морам да ѕирнам под сосот, не им верувам ништо. Тоа е народ кој ја измислил димната завеса.

    8. За Филипо Инзаги
    Тоа момче сигурно е родено во офсајд.

    7. За Гери Невил:
    Да е повисок неколку сантиметри сигурно би бил најдобар стопер во светот. Го познавам неговиот татко, прилично е висок. Би го проверил разнесувачот на млеко.

    6. За Венгер:
    Велите дека Венгер е паметен, зборува многу јазици.Во младинскиот погон имам едно момче од Брегот на слоновата коска кој зборува пет јазици. Што е тој, гение?

    5. За животот по фудбалот
    Многу сум талентиран, можеби забележувате дека и така изгледам, можеби ке станам сликар, имам многу време(иронично одговори на новинарите на прашањето каде се гледа себеси по клупата на Јунајтед)

    4. За копачката во лицето на Дејвид Бекам
    Тоа е еб.. инцидент, еднаш во милион пати се случуваат такви работи. Ја шутнав копачката бидејќи бев бесен. Да можев секогаш да погодам играч во глава немаше да престанам да играм фудбал.

    3. За навивачите по еден натпревар:
    Прекрасна атмосфера, сум бил на повесели погреби.

    2. За Лигата на шампионите
    Одите во среда во Милано, мириса на добар парфем и скапи цигари. И секоја жена што ке помине покрај вас е Мис на светот. Сето тоа делува невистинито, а најдобра работа е што се повторува.

    1.За односот со Мурињо
    Тој секогаш е полн со почит кон моите години. Ме нарекува Шефе, господине, голем човеку. Секогаш е така кога пиеме пијалок по натпреварот. Додуша, за нашиот однос дополнително би помогнало ако би ме понудил со квалитетно вино, наместо со оние остатоци од варосување и течности за стругање на боја.

    Што е бре само јас сум овде?Ајде активирајте се малку.
     
    На EleMental, MacaLove, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    без нервози пекулина,не си само ти тука :P првпат ја гледам темава.иначе дечки заради манчестер сум имал мислам неколку ситни инфракти додека сум ги гледал, али шта чеш пуста љубов
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Jaс само да си кажам :D а мило ми е што има фанови овде на клубот.Јас сум плачела како да ме воделе на бесење кога губеле и кога играле реми или кога некој играч се повредува,сум бегала од часови и начукав 23 неоправдани уште во месец Март само за да ги гледам :D и сум се тепала со соученици то ест фанови на Челзи кога зборуваа против мојот клуб.Абе траги комедии сум кога се работи за овој клуб :)
     
    На EleMental и DeepBlue им се допаѓа ова.
  6. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    абе вие да не се исплашивте од ливерпул па ве снема :D дај незеајте и пишете нешто
    еве на пример Руни што изјавил:
    Вејн Руни (25год) е напаѓач и ѕвезда на Манчестер Јунајтед од 2004 година. Тинејџерските денови во кариерата ги помина во Евертон од каде што највеќе ги памти градските дербија со Ливерпул.

    "Ги сакав тие натпревари. Но да бидам искрен често чуствувам мачнина пред тоа дерби. Бев толку нервозен. Ужасно е тоа чувство. Ако не победиш,посебно ако изгубиш беше страшно кога ќе се вратиш на школо и ќе се сретнеш со колегите кои навиваат за Ливерпул.
     
  7. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Aaa јас кога пишав сите јадеа гумени бомбони :D Искрено иако не беа многу во форма се плашам од нив а највеке од Суарез ама верувам дека Де Геа пак ке се покаже а плус се вракаат Немања и Клеверли така да во одбраната и средниот ред ке бидеме колку толку закрпени :D
    Инаку лепи ака Чичарито потпиша нов 5 годишен договор :P
    Бекс сакал да се врати во Јунајтед како спортски директор. :)

    Инаку интересен детал помегу Руни и Ливерпул:

    Вејн Руни на својата страна на ФБ има 8,098,447 следбеници додека пак официјалната страна на Ливерпул има 7,206,660.Ова би значело дека самиот Руни вреди повеќе од целиот Ливерпул како клуб

    :rock: :angel:
     
    На EleMental, MacaLove и DeepBlue им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.789
    не знам дали помладите навиваЧи сесуте се секаваат на не толку далеЧната 1999 :clap: :clap:
    лиЧно за мене најубавиот момент кој го дозивеав како фан на овој прекрасен клуб.

    [​IMG]
    http://www.youtube.com/watch?v=p6dXTbKdXjQ&feature=related
    незаборавна сезона, се надевам не и неповторлива
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Иииииииииииииииииииииииии....најпопуларните клубови во светот!

    10. Juventus 20 m fans

    9. Bayren Munich 24 m fans

    8. Inter Milan 49 m fans

    7. Liverpool 71 m fans

    6. AC Milan 99 m fans

    5. Arsenal 113 m fans

    4. Chelsea 135 m fans

    3. Real Madrid 174 m fans

    2. Barcelona 270 m fans

    1. Manchester United officially have the most fans around the world, with an astonishing 354 million Red Gooners Devils!!!!
     
    На EleMental и Pelikuna им се допаѓа ова.
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    MANCHESTER UNITED TILL I DIE
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    ГОРДА СУМ НА КЛУБОТ

    2 Гола од пенал,црвен картон на Видич ама најважно викендов против Шити се врака Клеверли.
     
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.789
  13. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Ерик Кантона е фантастичен играч, но не е подобар од Рајан Гигс. - Јохан Кројф
     
    На Plavusa.17 и MacaLove им се допаѓа ова.
  14. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Почнав да навивам за овој клуб бидејќи многу го сакам Кристијано Роналдо. Сепак со тек на време навистина го засакав овој клуб, ми прирасна за срце, не пропуштав натпревар... И иако Роналдо замина во Реал мене јас сеуште навивам за МanUtd, стравствено и гордо, бидејќи според мене е најдобриот клуб на светот!!! Glory, glory Manchester United!!!!!
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Имало тема и за Манчестер бе, досега не сум ја видела :tmi:.

    Ќе испаднам малку хејтер ама не ми се допаѓа овој клуб воопшто (сори Пеликуна :)). Се сеќавам кога Роналдо играше таму се молев на господ да отиде во некој друг клуб, не можев никако таму да го гледам. И кога ми дојде во омилениот клуб срцето ми дојде на место :D. Не дека не се добар клуб ама некако не знам. Како прво се дигаат многу нивните навивачи ( на форумот не е тоа случајот :!:), барем јас имам такво искуство а уствари не го ни знаат убаво тимот, да не кажам дека има голем процент на квази навивачи, чест на исклучоци.

    Инаку поим немам поради што ми е толку одбивен клубот :wasntme:, можеби оти се конкурентни на омилениот ми од Англија Челзи. А можеби и поради одбивните играчи, Руни ми е најантипатичен фудбалер на сите времиња :@. Тоа би било тоа, не ви посакувам среќа во новата сезона :evil:.
     
  16. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Прво, мислев дека темава е за фанови, но ок...

    Фан на Кристијано Роналдо зборува за други играчи дека се одбивни. Ахам..
    Да си прашам јас така, дека стварно сум во матно. А како не ти е одвратен Роналдо? Заслепена си од исчупаните веѓиња? Леле па заводничкиот поглед, аххх...стомачните да не ги спомнувам.

    Повели

    http://www.youtube.com/watch?v=R14tP-QBm7M

    А зборуваме ли за фудбал воопшто?

    Нема потреба од растегнување на дискусијата. Доволна е болдираната реченица.

    Данкишен БлекСвон5. Разбирливо дека нема да се посака среќа на противнички тим, но еве јас ќе бидам НЕразбирлив и ќе ти посакам среќа, повеќе титули и конечно да се ослободите од доминацијата на тоа кускулето Меси и неговите другарчиња.

    Сепак, не личи толку шамарење за клуб што истрошил повеќе од една милијарда евра последнава деценија. Toa се 9 нули and counting.

    Последен пат изреагирав за фудбал во средно, ама вака па и коментарите беа......не знам зошто ама ми се антипатични, Руни ваков онаков, да не освоите ништо сезонава...

    Ааајјтт
     
  17. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Ај вака да си кажам. Знам дека темата е за фанови ама само си искажав мислење, немав намера да се навредите навивачите на Јунајтед. Сепак сите имаме различни мислења ;). Па многу беше пишувано и против Реал па никому ништо.

    Инаку за фудбал зборував, таман работа ако беше за стомачни и реклами за Армани :). Ете, на мене не ми е одвратен Роналдо, на тебе ти е. Се извинувам за кажаното за Руни, мислев дека не е толку страшно со оглед што многу си кажуваат овде кои им се антипатични фудбалери ама ок...

    Да не испаднам дека ви ја уништувам темата, се повлекувам и јас од понатамошна дискусија :hai:.
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  18. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Убаво напишано, БлекСванПет.

    Он топик...Ерик Кантона им ги изместува кичмите на неколку одбрамбени играчи.

    http://www.youtube.com/watch?v=WRugKW6RfIk
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Мејкинг а поинт!!

    [​IMG]
     
  20. cath

    cath Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2011
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    9
    Еве уште една страсна навивачка на Manchester United
    навивам за нив веќе 10 години и не сум пропуштила ниту еден натпревар

    GGMU
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.