Не е никаков паралелен универзум туку 'неточна меморија' на поголема маса луѓе. Психологија на толпа е во прашање, и пренесување неточни информации усно. Како народните приказни шо се. Не е никаква мистерија.
Не можеш да споредиш народни приказни со паралечен универзум. Како ќе го објасниш шуштењето на гласот на актерот кој го глуми Dark Knight кој потоа ни самиот не знаел како добро да го објасни тоа?!
Затоа прво ќе гуглаш, па потоа. Не е Мендела туку Мандела. Името на ефектот потекнува од Нелсон Мандела. Кој бил тој? Отвори на гугл.
Малце повеќе е конфузно и не би рекол дека е случајност голем број на луѓе да имаат таква збрка во главата за една иста случка.
Па кога јавија дека почина Нелсон Мандела, веднаш помислив „нели тој веќе беше мртов?“ Дури после неколку години дознав за Мандела ефектот и дека не сум била единствена.
Тајпинг мистејк. Не се возбудувај Мандела ефект е 'сеќавање' кое го имаат голема група луѓе, а не е точно. Се вика Мандела ефект, оти многумина мислеа дека Мандела умрел додека бил во затвор, а всушност почина долго откако беше ослободен. Поминав на тестот? Кажи ми сега каква врска има шуштење на гласот со ова?
Нема зашто да се вознемирам дискутираме нормално. Не се работи за тест туку за факт кој го има на клип на јутуб. Како што објаснав на претходниот пост во филмот Star Wars, Dark Knight му вели на Лук:"Luke i am your father" така доаѓа и преводот. Но кога ќе ја забавиш снимката и ја повториш неколку пати во минутата каде ја изговара реченицата вели :"No (ima nekakvo sustenje vo glasot),i am your father". Сега ти појаснав мислам. Побарај на јутуб сцената и ќе видиш. Светот ни го претставува она што ние сакаме да го чуеме,а не она вистинското.
А, знам за што зборуваш. Дека сите грешно се сеќаваме на реченицата. Ама пак нема врска со паралелен универзум
Мислам дека има врска затоа што ни самиот актер не можеше да го објасни тоа шуштење на гласот. Поткрепени се неколку теории од истражувачи на јутуб ама сеуште не е докажано. Интересна ми е темава па мислев дека можеме да дискутираме. Инаку и јас како @sjdgo си го помислив истото.
Некои исто го објаснуваат со теоријата дека некој се вратил низ времето и сменил некој детаљ но ние го памтиме како што било првично. И мене лично ми е интересно и збунувачко. Сакам вакви работи па кога прв пат дознав за нештово прашав повеќе луѓе за неколку познати примери и интересно беше што скоро сите одговорија погрешно или воопшто не можеа да се сетат. Што е точно никој не знај. Затоа што објаснувањата за паралелен универзум и патување низ време се премногу за нас ме интересира што имаат психолозите да кажат.
„теоријава“ ми е класичен муабет на деца кои се измориле од играње и седнале до љуљашките и си измислуваат теории за некои вакви ствари. Иначе вака кога ќе прочиташ темава „Mandela effect“ си мислиш којзнае каква научна теорија измислил тој Мандела
Неможе да биде паралелен свет бидејки станува збор за судир со некој свет (ако е паралелен нема да има судир) https://www.goodhousekeeping.com/life/entertainment/g28438966/mandela-effect-examples/ еве некои најпознати примери кои мене ме шокораат
Не мислам дека е случајно толкaва огромна бројка на луѓе да има лажно сеќавање и готово, со тоа објаснивме се, а како е идентично сеќавањето кај сите нив е тоа е исто случајно. Муабетот ми е, луѓето се плашат од непознато и одбираат логички објаснувања. Оние со отворен ум размислуваат подалеку од тие граници, впрочем најголемите умови на човештвото своевремено биле исмевани поради откритија и изуми кои во тоа време им биле тешки за разбирање на просечните луѓе. Така и ние сега со Мандела ефектот. Ја имам истражувано оваа тема со години и покрај тоа што веќе се пријавуваат скептици кои ја негираат, можам да им порачам сами да направат некој тест, дури за обична случка од нивниот живот. Нека ги прашаат луѓето кои учествувале за детали, ќе сфатите дека многу се разликуваат. Исто ова се објаснува со тоа што свеста ја повикува последната верзија на која што се сеќаваме од вистинскиот настан наместо првобитното сеќавање, но верувам дека постои нешто повеќе од тоа. Што е не знам, ако некој исто истражувал може да сподели и лично искуство, или сознание или било што.
cokoladceto kitkat majmunceto ...zajakot od crtanite .... Wtf ??? Ova e vkraj cudno se sekavam i jas da recam na tie (stari) raboti kako so si bea porano sega ova nema vrska ... Bas cudno
Групна лажна меморија настанува ради логични додатоци. Стар човек со мустак, банкар ... Му фалат или наочарчиња или едно кружно околу око да е целосен. Ете за Монопол. На линковите видов мајмунче, шо било без опаш, ама сите со опаш го памтеле. Нормално дека со опаш ќе го памтат ако опашот не е важен дел од приказната за да запаметат дека го нема, ама е логично да има па памтат како да го има. Мислам, паралелни земји? Најдивите сништа ќе ми се исполнат и ако ги има ај нека докажат да умрам среќна. Ама факти се дека си пополнуваме дупки во мемории на логичен начин према даена ситуација. И поќето ситуации опишани се само меморија која си поигрува со нив. Дур и смртта на Мандела. Мислам колку пати за некој познаник кога едноставно го снемува долго време и се повлеква негде се прашваш дал е жив, шо се случва? Значи то е прва мисла иако е на мајтап. Ако ја имаш ова мисла долго време добиваш идеја дека некој е умрен. И то идејата ја добиваш постепено никогаш наеднаш. И во момент ко ќе некој речи: "Еј умре Мандела", ти си као "Умрен е тој ехеее шотие неарен?". Шансите се дека то шо го памтите не е точно како шо се случи иако го доживувате така. Колку поќе доработваш меморијата, толку поќе се изместува. Човекова меморија е "мистериозна", како сништа, само пореална. И то е нормално, така функционира меморијата.
Да, најлесно е тоа така да се каже. Но за некои што нема објаснување... Како снежана веќе не вели ,,Огледалце огледалце мое, кажи ми на светот најубав кој е?" , тоа со Star wars и др.
Различни адаптации и преводи. Една сликовница е поинаква од другата, а филмојте гледаш дека секогаш си имаат своја адаптација. Во одредени адаптации вели баш како во цитатот кој го паметиме, ама оргиналот не е така. За Стар Варс аргументот беше дека актерот не памтел дека така рекол. Јас не памтам сабајлево шо јадов и дали одврзав кучето кога го врзав за ручек пред 15 минути. Колку пати зборам со некој и кажва збор и кога се навраќам веднаш на то, абер нема дека го кажал нештото. Немам ни време, ни желба да објаснувам логични решенија на се шо ќе ми претставиш. Не е најлесниот пат, туку најлогичниот. Најлесниот е да прајш претпоставки без основа и понатамошна поткрепа. Можам да тргнам и паралела до други теории на заговор ама во некоја наредна прилика пошто се спремам за в кревет, одамна ми помина времето за легнување. Јас сакам доказ да има за паралелен универзум, или некакви други светови yada yada, наречи ги како сакаш. Најдиви соништа ќе ми се исполнат. Ама ова не докажва апсолутно ништо, за жал.