1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Mary Kay Cosmetics

Дискусија во 'Лице' започната од Briar Rose, 17 јануари 2020.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Mary Kay Cosmetics претставува приватна Американска компанија за шминка и производи за нега на кожата која продава козметика врз основа на мулти-ниво маркетинг модел.
    Идентичен на Avon Cosmetics, овој бренд е популарен во повеќе држави, секако вклучувајќи ја и Канада.
    Од лично искуство, користам шминка и од двата бренда и секогаш сум била многу задоволна од производите на Mary Kay, иако истите се поскапи од Avon.

    Меѓутоа, додека ми е познато дека Avon козметиката ја има во МК, никогаш не сум видела да се продава Mary Kay козметика. Поради ова, заинтересирана сум за тоа дали воопшто е познат брендот Mary Kay во МК и дали некогаш сте имале искуство со нивната козметика.


    [​IMG]
     
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.717
    Допаѓања:
    172.695
    Пол:
    Женски
    Имам пробано неколку производи и супер ми се покажаа..
    А за тоа дали ги има во Мк можеш и сама да видиш со 3 клика на нивната страна.. во превод - ги нема. И се што ќе најдеш во мк од нив, не е по директен канал стигнато, туку од трета страна.
    Така да ретко кој ќе ти даде фидбек на темава со оглед на тоа што прашуваш за МК пазарот каде што не се актуелни ..
    Патем и цената им е прилично повисока од тие на авон и орифлејм.. а за тие пари има и други производители што се многу подобри од овие.

    Ти од каде ги набавуваш? Или ти ги праќаат од Канада?
     
    Последна измена: 20 јануари 2020
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за одговорот @Dust :l:

    И јас имам позитивно искуство со козметиката на Mary Kay и покрај тоа што се мисли дека само бидејќи се поскапи од Avon или Oriflame, се очекува истите да имаат квалитет како со Lancome, Dior или Estee Lauder, со што не се согласувам бидејќи имам впечаток дека имаат идентичен квалитет.

    Поради ова, би рекла дека повеќето преферираат да купуваат од Avon бидејќи имаат т.н. "drugstore prices".
    На пример, мојата сосетка на почетокот продаваше Mary Kay производи при зградата каде живеам, но потоа се префрли на Avon бидејќи лично, сметаше дека повеќе и се исплатува.

    Додека сум во МК, неретко замолувам роднина или пријателка да ми прати одреден производ од Mary Kay или кога тие доаѓаат во МК, лично да ми ги дадат. Сум забележала дека и на Amazon се продава Mary Kay козметика, но досега не сум порачувала козметика од таму.
    Инаку, кога сум во Америка или Канада, секогаш имам полесен пристап до козметиката на Mary Kay бидејќи е доста популарна.