Здраво девојки. Ќе можете ли да ми кажете нешто повеке за производите на Max Factor производите и нивните цени. Би сакала да ги купам. До сега од Маx Factor ја имам користено само пудрата и сум многу задоволна. Сега би сакала да ги купам и другите производи камена пудра, маскара, молив за уста, четките за шминка, руменило. Ви благодарам однапред
Јас во јуник видов четка за течната пудра-500 и нешто, тоа еее навистина претерано. -.- Не мислам дека треба многу да се троши за шминка, па затоа немам некој макс фактор производ, ама четка за течна пудра не сум видела во скопје, па кога ја видов цената...
Ако си грда грда си !!! Крај на приказната не викам дека треба да се купува сешто да се става на лице ама барем пудра сигурна сум во најголем дел може да си ја дозволиме . Макс фактор си е макс фактор ако ти дозволува џебот зошто да не ? ! Инаку цените се такви какви што се ... за некого недостижни за некого нормални за некои ефтини . За квалитет нема потреба што да се дискутира. И мене ме интересира за овие маркериве многу ми изгледаат интересно
Hе сум ги пробала сите производи на max factor,маскарите им се ок-но со преголеми цени,сјајчината не ми се допгаат,овај маркери не ги имам пробано,а како сјаеви нешто се?
Значи што е претерано, претерано е. За 500 денари ќе најдеш преубава течна пудра, а не четка Сум слушнала за скапо, ама ова.. Јес да се квалитет, ама треба и квантитет. Што ако се квалитет кога пудрата како и да е брзо ќе ја потрошам. Океј е за некој што му се фрлаат толку пари за шминка, ама за нашиот пазар се прескапи... Барем според мене. А колку сакам да ги имам. У пич..усвари не
За цената незнам немам купувано до сега но ми имаат кажувано дека биле задоволни од козметиката на max factor јас сакав да си купам пудра но ми рекоа дека пудрата на max factor била за по зрела кожа дека не била за тинејџери па така да ме предомислиа
И јас се сложувам дека призводите на Max Factor се доста скапи. Но, според мене, вредат за секоја паричка дадена за нив. На пример, оваа маскара мене ми е незаменлива. Единствено решение за моите глупави трепки. Цената е некаде околу 500 денари, ако не се лажам. Јас лично сметам дека вреди за овие пари, мене ми е убедливо најдобрата маскара некогаш што сум ја користела. И по авантурите со Maybeline знам дека веќе нема ја менувам, па што сака нека е. Пудрава ја користев неколку пати порано. Искрено, не се сеќавам колку точно беше цената, знам дека не беше евтина, нормално (Се нешто ми иде дека околу 800 денари беше, не сум сигурна.) Добра беше, но како што кажаа и погоре-пудрава е за малку позрела кожа, и е за нијанса потешка од она што треба за моето лице. Инаку, имаше одлична покривна моќ, и кожата на лицето ми ја правеше мазна и убава. Други работи од Max Factor не сум користела досега, освен овие горенаведениве. Пак ќе кажам, скапи се, но според мене вределе :up:
пред некој ден видов дека порано сум купила два производи од оваа козметика -златеста сенка за очи -кармин розев
Јас од оваа фирма никогаш повеќе нема нешто да купам. Незнам за другите производи, но знам за пудрата која ја купив пред година дена, пудрата или беше фалсификат, а можеби стара или со послаб квалитет, незнам што беше во прашање. Имено кога ја купив, заедно со пудрата ми дадоа еден куп тестери со истата боја и една посветла, ги користев тестерите најпрво и пудрата беше повеќе од одлична, како помада и покривна, нооо кога преминав на шишенцето увидов дека пудрата не е иста во поглед на текстура и ефект, беше поретка и ме печеше лицето така што по 3-4 употреби се исфрлив, пудрата не ја користев една година и решив да и дадам втора шанса, но од шишенцето излегувааше црна течност, а рокот беше валиден. За оваа пудра лупнав добри 900 денари за да заврши во канта, ем парите за џабе ем пудрата во канта. Така за оваа фирма милиони да имам, нема ни цент да дадам. За оваа пудра станува збор, и тестерите кои несомнено се различни од пудрата, најверојатно оригинал. Неможам да сватам што и беше на пудрата, од тогаш повеќе од 400 ден за пудра не давам. И феминки ако купувате било каков произдвод од поскапа фирма, чувајте ја сметката или извештајот од платежната картичка, од парфимеријата се согласија да ми ја заменат ама јас немав доказ дека од кај нив е купена.
јас ја имав xperience онаа со зелен икс,па луѓе немам пробано погрда пудра во животов,и импалата е попарна од неа,абе КАТАСТРОФА,а и ја купив од австралија нели таму треба да е поквалитетно,ама ете ништо,значи она што е грдо секаде е грдо!
Имам користено повеќе производи од Max Factor,пудра,маскара,молив за очи и кармин и од се бев задоволна,производите се со одличен квалитет само зависи на кој што од сите тие производи им одговара.
Зависи за која како па немаме сите ист тип на кожа на лицето. Мене многу ми се бендиса пудрата си ја зедов летото и воопшто не ми се познаваше преку ден и ми покриваше и сеуште си ја користам истата. За маскарите од Max Factor сум презадоволна посебно од False lash effect Спојлер
Цел живот сакав да ја пробам од Макс Фактор пудрата , уште откако почнав пудра воопшто да користам, ама пошто беше поскапа па често се премислував, кога конечно ја купив...се разочарав... ми го сушеше лицето како затегнато и неудобно се чувствував и + не ми покриваше многу. Така да мислам дека тоа е индивидуално, во зависност од кожата, неможе секоја пудра на секое лице да одговара, па ако сакате и цело богатство платате за неа...
Можеби е во зависност од кожата ама Мах фактор се светски познат бренд вакви грешки не смеат да се случуваат.Пудрата е 900 ден. за тие пари треба да биде ептен добра а има поевтини производи што се подобри.Трошат толку пари за реклами,манекенки,Ева Лонгорија им беше во една реклама значи се јака светска фирма.Како е можно производите да не им се квалитетни?А за типот на кожата,сите пудри и кремови имаат за мрсна,комбинирана кожа ама тоа е наведено на производот и дури и ако не си го погодил типот на кожата сепак не се толку лоши резултатите.
Во парфимеријата каде ја купив ми кажаа дека одговара на мојот тип на кожа, ајде да земеме во обзир и дека сум ја утнала пудрата и не ми се погодила на кожата, но зашто после една година од пудрата излегуваше црно-зеленикава боја, бојата на пудрата беше драстично изменета, а рокот и беше валиден? Јас пудра користам по потреба, што значи поминува и година а да не ја употребам, пред оваа пудра имав земено на Лорал за мојот тип на кожа исто така на периоди ја користев и никогаш од неа не излегла ваква течност, од прв момент како ја купив таква и остана се додека ја потрошив. Гарант оваа од МФ е тежок фалсификат. Барав некоја лабораторија да ја испитам ама никој незнаеше да ми каже каде да се обратам.
Јас многу сум задоволна од макс фактор. Ја имам користено Long lasting performance течната, и онаа камената што е како бронзер. Течната е малку потешка пудра одлично прекрива, совршено го изедначува лицето. Камената исто така, и изгледате како професионалец да ве шминкал. Е, ако не сакате тешка шминка нема да ви одговараат, ама за вечерни излагања и свечени пригоди комбинацијата е совршена. Долго ги користам и маскарите на МФ, Dramatic look ми е најдобра.
Исто и јас ја користам Lasting performance и не можам да ја заменам.. за подарок пред неколку месеци добив и камена само не знам која е и сум многу задоволна и од таа