Имам две пудри од Max Factor: Ageless elixir и colour adapt. Таа првата ја користи мајка ми и многу е убава, јас ја користам некогаш кога ми треба повеќе да ми покрие, а вторава ја користам за секој ден и прекрасна ми е. Многу е лесна, немам чуство како да имам пет тони пудра ставено... Супер ми се двете. Плус ја користам creme puff камената и лицето ми е супер кога ќе ги ставам двете Така да презадоволна сум а и не им се многу астрономски цените на пудрите со оглед на тоа квалитетот каков е...
Пред некој ден сестра ми за Нова Година ми поклони маскара Max Factor 2000 calories и камена пудра Creme Puff. И двата производа ми се допаднаа . Прво ставам од мојата течна пудра Vichy и по некое време од каменава на Max Factor . Ова каменава повеќе ми е за да ја фиксира течната пудра оти во последно време кога ќе си дојдам дома скоро и да немам пудра на мене ако немам нанесено камена пудра. Ставам и на клепките од камената пудра со сунѓерчето што оди заедно со нејзе и одозгора ставам од маскарата на Мax Factor и клепките изледаат поголеми и немам потреба да ги виткам со виткач на трепки . Цените не им се којзнае колку големи бидејќи во прашање е квалитет што се повеќе е реткост на нашиве пазари .
Мене лично пудрите и коректорите не ми одговараат,барем ти е што сум ги пробала.Покриваат стварно ама многу ми се тешки. Ги имам и некои од маскарите пробано,тие ми се добри. А скапо дали е тоа си зависи кој колку има да одвои.За квалитет барем,мислам дека се квалитетни.
Макс Фактор 2 во 1 знам дека има една тема за макс фактор во форумот, но никаде не беше спомената оваа пудра, па затоа отварам нова тема само за неа .Би сакала да ве прашам дали ја користите оваа пудра и дали сте задоволни? Дали можеби некој знае за кои години е најпрепорачлива? Бидејќи јас години ги користам пудрите на макс фактор, и презадоволна сум, иако се поскапи но мислам ништо не е скапо кога треба да се зачува кожата. очекувам мислења и одговори
Макс Фактор 2 во 1 Може ќе не префрлат во соодветна тема, може не ама јас да пишам бидејќи ја имам користено Мене многу ми беше убава пудрава, покривност средна, дури може да се каже и дека доста покрива, многу убаво мириса и ти дава свежина на лицето. Јас имам сува/комбинирана кожа и со малку крема предходно не ми се правеа ни лишаи ниту пак ми се познаваа некаде како суви делови по лицето. Единствено што престанав да ја користам е дека ми кажаа дека е за позрела кожа, за жени со 40+ години, не била за млади девојки
Макс Фактор 2 во 1 И јас ја користам и многу сум задоволна од неа, речиси сите пудри ги имам пробано , ама од оваа сум многу задоволна, и сега и мене ме плаши ова што некои велат дека е за постари, а во парфимеријата од каде што редовно земам макс фактор баш ми ја препорачаа иако сум млада и ме знаат како редовен муштерија.......
Макс Фактор 2 во 1 Мене па жената од парфимеријата што ја купив ми кажа дека е за позрела кожа Еве што најдов на нет Не се препорачува за помлада кожа поради серумот што го има во неа, ма да не верувам дека со користење нешто би ти наштетило на кожата
#1 без сомнениe во квалитет. Али цени, ептен солени, за наш џеб и стандард, претерано. Ретко кој може да си ги дозволи да се луксузира да поседува голем дел од нивната козметика. Пудра и римел и толку. Ама бре се им е преубаво, се! Лакови, пудри, римели, креони,четки, борнзери, сенки, се што сум пробала ми било топ. Е сега приоритет ми се само пудра и римел. Затоа и тие само ги користам така често, постојано. Пудрите им се за позрела кожа и се потешки, затоа и избегувам да ги корисатм за секој ден, секако и не ми треба препокривна пудра, немам ни бубуљици ни ништо, ама имам осетлива кожа која лесно се вцрвенува. Омилена и е лонг преформансот, само е доста тешка.За мрсна кожа е измислена, со малку крем нема ни потреба од многу пудра во прав или камена одозгора. Ова ја имав адапигот, подобра нијанјса има стварно ептен се приспособува на боја на кожа, ама мрсотија жива, изгледа е за посува кожа и позрела. Светев ко лапион со пудра од 900 денари, лошо. Коректоров исто им е гром, незнам колку пари е, не купувам никад немам подочаци баш овој беше некоја си промоција гратис со пудрата, ама кога имам малку подочњаци или мозолче покрива и те како. Бронзерот ми е омилен после римелот, не се троши чудово и дава сјај и стои на лице едно 6-7-8 саати да не претерам. И од маскраиштево сум најзадоволна од сите маскари што постоеле на земјава. Јас имам лоши трепки, чупави, кратки, со нерамна големина(имам изигравано ко мала фризер па си ги шишав трепките да не ми пораснат поубави и за чудо не ми пораснаа ) со малку труд ми ги витка беспрекорно и издолжува доволно долго сите да не се приметува дека една е пократка од другите. Имам и други маскари, имаше доста попусти месецов и претходниот на макс фактор си се подновив ептен Уште сјај и кармин ми преостанува да бидам комплетна Скупи се, втроглаво луди цени, еден совет, кога ќе видите промоција а има доста две за цена за еден земете се исплатат. јас за 700 денари земав 2 маскари што е топ цена за макс фактор. И за 900 пудра бронзер и пудра и коректор за 750. Во една парфимерија во Бисер случајно се загледав во маскариве и кога ја земав ми ја дадоа кутијава гратис, а внатре имаше 2 лакчиња, маскарче, сјајче и креонче-мини изданија. Мора да се ќари нешто иначе ништо од бизнисот
Јас имав многу проблематична кожа со акни црнки флекички како резултат на пубертетот, и несакајќи да ми се оштети трајно кожата почнав да користам макс фактор и ми ја поправија кожата целосно, немам ни акни ни нешто посебно за покривање, но сепак не ја менувам бидејќи години ги користам и иако велат дека се тешку пудри јас ги користам секојдневно и не ја менувам , од страв да не добијам некоја реакција од друга пудра на лицето како во минатото. инаку ја користам и камената од оваа фирма и сум презадоволна...... па ве молам споделете некое мислење дали за моите 24 години ова се претешки пудри или? иако немам храброст да ставам друга на лицето
Во една парфимерија во Бисер случајно се загледав во маскариве и кога ја земав ми ја дадоа кутијава гратис, а внатре имаше 2 лакчиња, маскарче, сјајче и креонче-мини изданија. Мора да се ќари нешто иначе ништо од бизнисот [/quote] кога беше оваа промоција од макс фактор? колку чинеше маскарата?
кога беше оваа промоција од макс фактор? колку чинеше маскарата?[/quote] баш истово и јас си го купив пред некој месец, во шатци го зедов. целото кутивче мислам беше околу 700 денари, само што јас место сјајче добив 2 маскари само маскарата не знам колку чини... искрено, порано макс фактор имаше доста поквалитетни производи, сега ги испорасипаа, што и да купам не ми е квалитетно ко порано....е сега, не знам колку воопшто и се оригинални производите што нас ни ги продаваат.
Ja има во Еликсир денес ги видов, ама па тие ми се ептен покварени, подмитуваат со поминат рок и поскапо порадаваат. Јас ја земав во Бисер во една парфимерија ама последна беше. И не се купува со пари мене бесплатно ми ја даде, газдарицата беше екстрамно фина, ми ја даде само со една купена маскара а требаше уште нешто да земам Ваму гледам ја даваат кутијата само со два купени производи макс фактор И јас сум супер задоволна, лакчињата се супер, и сјајчето мало е многу убаво.Јас не сумјам дека маскарата е лоша, иаку не сум ја пробала
Па можам слободно да кажам дека сите производи од макс фактор ги имам користено и сеуште ги користам и до сега нема утка во ништо,скапи се да, ама вреди да се даде пари за нив навистина.Поздравче
Од Maxfactor сум ја користела само нивната течна пудра Maxfactor Lasting Performance, скапа е пудрата за нашиот стандард,мислам дека ја земав околу 600 денари,но бидејќи многу покрива мала количина е сосема доволно и трае долго време. Сум пробала и на Севентин,и пудри од Авон,и што ли уште не,ама како оваа пудра нема друга за мене навистина,лицето го прави беспрекорно како филмска ѕвезда и воопшто не изгледаш како лампион по 2 часа,за разлика од останатите течни пудри. Топло ја препорачувам за оние со нормална и комбинирана кожа,бидејќи не знам како реагира на мрсна кожа.
Цените им се изгор па многу пати чекам кога има акција и кога даваат и подароци .Имам чисто лице и Max Factor течната пудра на база на вода релативно добро покрива и не е тешка додека Maxfactor Lasting Performance некако ми е тешка но пак долго трае ..Но на пример на мајка ми многу слабо и покрива и секогаш ми вели залудно потрошени пари ...