1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Max Factor производи

Дискусија во 'Лице' започната од AuroraMar, 8 мај 2011.

  1. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Преубава е маскарава, како ми ги витка и издолжува трепките. Милина. Би ја купила повторно дефинитивно.
     

    Прикачени фајлови:

    • 2000calorie.jpg
      2000calorie.jpg
      Големина на фајлот:
      7,8 KB
      Прегледи:
      743
  2. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Е,точно дека се малку скапи ама како викат,колку пари толку музика :lol:
    Јас сум презадоволна од :
     

    Прикачени фајлови:

    На Chivas му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Consuela

    Consuela Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    А ме интересира во што ја гледате разликата меѓу Макс Фактор и Лореал? Бидејки со цените се тука некаде исти, бренд се и марка на шминки во светот, па не можам да се одлучам која е подобра...кажете ми според вас зошто Макс Фактор е подобра од Лореал или обратно?
     
  4. detelinkaa

    detelinkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    60
    Пан стикот на макс фактор е одличен, цената му е околу 450 днари и се исплати бидејќи долго време трае.
    Задоволна сум многу!
    Друг производ на макс фактор што сум го пробала е пудрата lasting performance и јас лично не сум здоволна. Прејака пудра за моето лице. Како да ми го јаде :^) одамна ја имав пробано и си реков не, премногу е. Имам многу чувствителна кожа и како да ми ја иритираше. А многумина се задоволни од неа. Се е до кожата.
    И ја имам пробано и маскарата 2000 calorie и не бев нешто воодушевена. Цената и е висока а за тие пари да речам и помалку ќе најдеш маскара со ист па и подобар квалитет.
    Само овие производи сум ги пробала и најзадоволна сум од пан стикот, другите два имаат не од мене.
     
  5. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Скапички се ама затоа се квалитетни и убави. :D
    Моја омилена маскара од макс фактор:
    [​IMG]

    И други сум користела ама сепак е убава :)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    јас имам комбинирана кожа и ми се појавува по некое мозолче пред да ми дојди.. сакам да пробам пудра од макс фактор која не предизвикува акни, да покрива но не да бетонира (особено денски), и секако да е мат..ваш предлог? :)
     
  7. Evellyn

    Evellyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    137
    Ја користам 2000 calorie,ама веќе е при крај,сега се мислам помеѓу оваа и false lash effect,незнам која да ја земам :?: ваш предлог секако е добредојден :)
     
  8. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Max Factor има убави производи и скапи...ретко на кој не му се погодиле...
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BlueWhite

    BlueWhite Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    2
    Пудрите се добро покривни, но тешки. Четките се совршени, сјаевите исто, а многу ми се свига и маскарата 2000
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Користам пудра на Макс Фактор Ластинг Перформанс и ми дадоа тестер и од Експириенс, и таа е многу добра. Јас имам сува кожа и и двете супер ми одговараат. Долготрајни се и природен изглед ми даваат. За цените ок, поскапи се за разлика од другите брендови, но со Лорал се тука некаде, Буржоа и Дебора ...
    Од маскарите ја имам пробано Експириенс маскарата.
    [​IMG]
    Mногу е добра, има четкичка баш како што јас сакам, издолжува ненормално и убаво го дефинира трепките влакно по влакно, е сега 760 денари ја купив но бидејќи следеше гратис несесер со производи и не ми беше толку лошо :lol: Во несесеор имаше лакчиња, кои патем се преубави и навистина долготрајни, моливче во мини верзија црно - одлично, што значи дека и моливчињата им се перфектни, баш ме интересира која цена се. Мини маскара имаше и карминче - исто со одличен квалитет.
    Ми дадоа и гратис камена пудра тие во црна амбалажа што се, само нијансата баш не ми одговара темна ми е некако, а и не користам камена пудра, па може да ми се најде као бронзер летно време. Ќе видиме... :)
    Кармини и сјаеви немам користено. Ме интересира како сте задоволни од кармините тие во златна амбалажа што се, видов многу убава црвена боја, па ме интересира трајноста.
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Јас некако го избегнувам овој бренд, посебно пудрите зашто ниту една не ми се погодила, а и постојано слушам некакви гласини дека во пудрите на Макс Фактор имало голем процент на олово и биле штетни ако се користат подолго време.
    Не знам дали и колку е точно ова, ама со оглед на тоа што имав искуство со Ластинг перформанс и ми оксидираше бојата на лицето, па малку се подзамислив.
    За ова зборував и со дерматолог кој на некој начин и ми ги потврди гласините, ама сепак не знам колку е ова точно и вистинито. :)

    Се согласувам со Мимс за горенаведената маскара - мене сите ме знаат како страстен обожавател на козметика, па за матура, роденден и слични пригоди (освен пари) најчесто добивам нешто од козметикиве. :lol:
    Ја добив и маскарата и за неа имам само пофални зборови. На почеток четката ми беше малку чудна, ама брзо свикнав и ја совладав техниката.
    Најбитен фактор е тоа што не се рони и многу е долготрајна. :up:
     
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Мене генерално ми се допаѓаат Макс Фактор како декоративна козметика.

    Маскарата 2000 calories добри години беше дел од мојот козметички несесер и ми беше совршена, се` додека не ја открив Лореал Lash Architect, која е посовршена :D Со цените Макс Фактор се впрочем доста слични со Лореал.

    Исто така, имам користено сенки, едно карминче кое ми беше подарок и многу си го сакав, ама го потрошив. Сенките се убави, кармините исто така.

    Последно што купив е nude молив за очи (по препорака на феминка, и` благодарам). Еве овој, нијанса 090 natural glaze:
    [​IMG]
    [​IMG]

    Го користам за исцртување на внатрешноста на окото и можам да кажам само WOW. Неверојатно е пигментиран, ако е nude. Со еден потег пушта убава боја, нема потреба од повторување и очите не ми солзат, што не било случај со други моливи, како на пр. со Голден Роуз |( Поубаво изгледа внатрешноста на окото исцртано со nude молив отколку со бел (според мене), делува свежо. Морам да си набавам и други нијанси од моливчево. Инаку, цената му е (околу) 270 денари, ама кај производов дефинитивно важи она: Што ќе платиш, тоа ќе имаш. Вреди за цената, и тоа како :up:
     
    На duffi и mamma-mia им се допаѓа ова.
  13. fashion.owl

    fashion.owl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    21
    Нема производ на Max Factor што го немам пробано.
    Најмногу ги сакам маскарите, посебно False Lash Effect
    & Vibrant Curve Effect сјајчињата. :inlove:
     
  14. QueenT

    QueenT Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    5
    Макс фактор течна пудра и маскара за прв пат купив пред 7 години за матурата. Бев препрезадовона,меѓuтоа последниве 2 години забележав дека квалитетот не е ист.Пудрите не ми се свиѓаат,лицето многу ми го прават како пластично и многу лошо изгледа на фотографија,некако премногу тешки се.Кармин имам користено,од тој во златна опаковка,стварно ми се свиѓаше и мирисот и кога ќе го нанесев на уста,само не ми се свиѓаше што за тие пари што му е редовна цена не беше доволно траен.(среќа го добив како гратис кога купував пудра).Маскарата 2000 калории ја имам користено ,добра е,само мн тешко се вади и плус брзо се суши,за разлика од првата што ја купив за матурата.Овие работи не ми се свиѓаат,а иначе за бронзерот и камената пудра огромен лајк :)
     
  15. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Од max factor користам само маскара и не е лоша, ама за тие пари има и поквалитетни маскари, на пример оние на maybelline. Mислам дека цените се тука некаде- околу 300, ако сум грешка околу цените поправете ме :)
     
  16. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    8.091
    Пол:
    Женски
    Пудрите на макс фактор ми се најмногу допаѓаат од сите фирми во секој пголед иако не ми треба некоја покривност сепак сакам пудра која ке ти го изедначи лицето, природно ке изгледа и ке трае е такви се 3во1 пудрата и колор адапт. Карминот липфинити е најдобар кармин што го имам користено, значи навистина е долготраен, дури неможам ни да го избришам па сум си нашминкана и од сабајле :))) маскарите искрено не ми се ништо посбено, лореаловите се 5пати поквалитетни.
     
  17. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Искуство да сподели некој со пан стикот? Пудрите од макс фактор не ми одговараат на кожата, едната ми ја сушеше кожата а оваа facefinity убаво покрива и ми се допаѓа ама после тоа одма еден куп акни , па не фала. Е сега се плашам да не имам некој контра ефект со пан стикот пред да се решам да купам.Уствари пан стикот го користите како коректор или може и како пудра да се нанеси на лице???Anyone? :)
     
  18. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.480
    Единствен производ што ми се допаѓа од Max Factor e Lip Finty карминот. Друго не ми се допаѓа,посебно пудрите не ми се допаднаа.
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    [​IMG]

    Моментално го имам бронзеро на Макс Фактор, кој го користам како руменило. Не е воопшто скап, а вреди многу. Единствена маана му е што лесно се крши, па ми падна уште 3тиот ден и стана прав, буквално.Но го поправив и во ред е, пак е во првобитната состајба.
    Друго што не ми се допаѓа е што ми останува на екранот на телефонот, можеби е и до мојата подлога но ништо страшно, сепак поголемиот дел се задржува на лицето.

    Има минимални, дискретни светки, јас го имам Голден-01 , па совршено ми одговара на тенот,не е нападен, со лесен допир совршено се нанесува.
    Освен горенаведените "недостатоци",друга маана не можам да му најдам.
    Долготраен е , стои додека не ја извадам шминката.
    Цената му е од 350-380, јас го земав од локална парфимерија кај нас, Космо за жал ни го затворија :(
     
    На beatriz, Lepaaa, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  20. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    која пудра од макс фактор ја препорачувате за сува кожа? не сум користела од фирмава а сакам да почнам