Lasting performance, Skin Luminizer и има уште една со пумпица на која името не и` го знам, но се сеќавам дека беше конкретно за зрела кожа, таа можеби и не требаше да ја ставам во списоков.
Руменилава се прекрасни, имав прилика да го пробам Lovely pink, значи преубаво стои на лицето и одлична трајност има.
Производите на макс фактор вредат за секој денар За мој стандард се скапи, но некогаш правам исклучок
@Mishela а за комбинирана кожа течна од макс фактор? Некад ми е накај сува повеќе некад накај мрсна не можам ред ни крај да и најдам ни ео креми ни со пудри
Види ако ја има уште низ парфимериите Xperience, мислам дека таа ќе ти одговара највеќе. Ако не ја најдеш, пробај ја Facefinity.
http://rosee96.blogspot.com/2015/06/max-factor-colour-intensifying-balms.html Рецензија на новите балсами/ кармини на Макс Фактор, би ја постирала овде рецензијата ама сликите се многу големи па затоа решив да ставам линк, ама да не бидам оф топик многу сум задоволна и се едни од подобрите што ги имам користено, можам дури да ги споредам со тие на Кларинс во пигменираниост, само што тие се потрајни.
Може ли да ми препорачате пудра на Max Factor за мрсна кожа? Модератор : ве замолуваме да пишувате на кирилица
Max Factor miracle match пудрата е за нормална/сува кожа. Јас имам многу сува кожа но сепак ми одговара. Мирисот искрено не ми се допаѓа но тоа е само додека да ја нанесам после тоа мирисот исчезнува. Задоволна сум од покривноста, го изедначува тенот. Не се собира околу брчките под очите. Дава мат но во исто време и нежно сјаен финиш, баш изгледа преубаво, природно. Откако ќе се нанесе се осеќа малку тешка но тоа е само неколку секунди се додека не се исуши убаво на лицето, после тоа ќе се чувствувате како да немате нанесено пудра.
Според мене Max Factor е најдобриот бренд. Пудрите се тешки на почетокот, но потоа откако ќе се исуши дава природен изглед и се чувствувате како да немате ништо. Маскарите се најдобри и вредат за цената. Не се сушат и најомилено ми е тоа што кога ќе ја отстранам немам никакви црнила под очите. Пред месец дена ги купив сенкиве и супер се. Има уште две нијанси и верувам дека секој би се заљубил во нив.
Facefinity пудрата мислам дека е најсоодветна за мрсна кожа. Другите пудри кои ги имаат се повеќе за нормална, па и сува кожа. Можеби и онаа во тегличка не е лоша за овој тип на кожа, меѓутоа мене лично не ми се допаѓа и не ми одговара.
За разлика од inglot и mac, макс фактор каде каде ми се подостапни во цената, a и квалитетни. Руменилата најмногу ме имаат воодушевено. Многу руменила ми паѓале и ми се кршеле, можда е само прашање на среќа ама овие од макс фактор ниеднаш ми се немаат скршено. Ја користам nude mauve нијансата, ја одбрав инстинктивно, не сакав многу да ми биде црвена, ама да ми дава природен сјај и да светка. Токму тоа и се постигнува, затоа што користам бронзер па во комбинација со контурите доаѓа прекрасно. И тоа што амбалажата е многу мала, воопшто не ми пречи. Многу практично и покјут.
Ја купив маскара Макс Фактор 2000 калории на попуст 280 денари во Шатци парфимерии.Се изненадив маскарата ми е супер и би ја купила повторно и во воодпорна верзија.
Ништо не ми треба, ама работата е јасна кога си женско: бираш попотребна работа од сите глупости што не ти требаат. Му се двоуам.