Не најдов ваква тема, ако има, избришете ја оваа. Веќе долго време сум на овој пакет, има многу добри канали, но мислам дека треба да ги вклучат и ABC каналите и CW. Во главно, задоволна сум, го имам и HBO пакетот и бестплатната видеотека. Вие какви коментари имате околу телевизијава?
Супер е за мир во куќа. Кој прв фати позиција си гледа што го интересира, а оној кој закаснил во трката по даљинското љубезно го замолува оној првиот (имателот на даљинското) да му снима тоа што во моментот е оневозможен да го гледа. Лајк
И ние дома го имаме 3Max пакетот. Телевизијата е супер, не можам да го споредам квалитетот на програмите тука со оние на кабелска. Има интересни програмчиња, можеш да седиш пред телевизор и цел ден да гледаш што сакаш. Има за сечиј вкус по нешто. Најсреќна сум за AXN програмата, мислам дека неа ја нема на кабелска. Најгледани ми се таа и FoxLife од овие со серии, а за музика се знае - Vh1 и Vh1 Classic. Го немаме HBO пакетот бидејќи ни доаѓа повеќе за плаќање, а всушност немаме ни некоја голема потреба од него со оглед на тоа што сите повеќе сакаме серии. Едит: Заборавив да кажам дека ресиверот во дневната е втор (првиот кој го ставивме е кај брат ми во соба) и поради тоа нема опции за премотување напред-назад и снимање. Кога прашавме зошто е така, ни кажаа дека вториот ресивер немал такви опции. Колку само се нервирам со тоа, да неможеш ниту една опција да искористиш.
Го имаме 3Max пакетот. Јас посебноо задоволна сум. сега имам 10 пропуштени епизоди од сериите снимани едвај чекам да ги гледам..(вечер пред спиење добро ќе ми дојде) Само не знам зошто HD videoteka коа ќе пуштам и пишува Видеотеката е привремено недостапна.. Ако знае некој нека ми каже плз..
И ние го имаме Макс тв..Па, задоволна сум јас. Ми се допаѓа тоа што има одредени функции како снимање, премотување итн итн. Кога не сум дома комотно можам да си уклучам нешто да се снима, па друг пат да го гледам. Плус филмчињата бесплатни кои доаѓаат во склоп со НВО ми се допаѓаат. Сума сумарум, задоволна сум од услугите Едино ме нервира некогаш кога ќе се закочи и трае добар пола саат сето тоа, али...
зошто HD videoteka коа ќе пуштам и пишува Видеотеката е привремено недостапна..?? Ако знаете ве молам одговорете~~.!
Кај нас незнам зошто но упорно кочи и тв и интернетот на моменти,колку пати доаѓаат од таму ама нема големи резултати...
Го имам 3Max пакетот и задоволна сум! Телевизијата е супер има доста канали и си гледаш шо сакаш , ако не си во можност можеш да си ставиш да се снима и после тоа да го гледаш, можеш да премотуваш наназад ако нешто си испуштил, да паузираш итн. HBO немаме затоа што не гледаме многу филмови, повеќе по сериите сме , на 501 редовно си гледам серии. Во главно, задоволна сум си од пакетот, не ми кочи телевизијата и интернетот ми е брз. Знае некогаш да се закочи, но кратко трае, јас обично си го рестартирам таму на едно копче на рутерот.
Општи прашања Да да, мене ми се закочува на секои 5 мин. Не сме се јавиле да прашаме што е работата. Иначе и пред 2 недели вака правеше 2-3 дена, и изминатава цела недела беше џам.. И сега пак закочува...
Општи прашања Кај мене не само што беше закочена програмата,туку нема ни програма веке час и половина, па планирам да се јавам во центарот да видам што е проблемот
Прво се јави мајка ми. Тоа значи беше пред еден саат. И жената фина, со фино им кажала, па муабет си напраиле и и рекле ќе пријавеле дека нема програма, а-у нешто. И ништо не се деси после тоа, програмата пак закочена беше, башка и телефон ни снема и интернет. И мене ми скурчи и се јавив од комшии и ги отерав таму кај што не треба! И во рок од 5 минути, ја пуштија и програмата и интернетот и телефонот. Значи јавете се на 080012345, и пријавете. Доколку не ви се направи во најбрз можен период, јавете се пак! Не за џабе им плаќаме по цело мало богатство, мамето нивно
Едно прашање за вие што имате Max Tv: Ние имаме пакет интернет и телефон, па сега бидејќи ни истекува договорот за кабелската, сакаме да земем цел пакет со се кабелска. Прашањето ми е, колку такви апаратчиња (за снимање, стопирање, враќање на програмата и такви ми ти ствари) може да се земе? Само едно?
И ние имаме Мax-tv и јас презадоволна сум.Сите серии си ги изгледав а и + на HBO и неговата бесплатна видеотека и сите филмчиња а и ние денеска снемавме телевизија накај 2 и 30 ама јас само го рестартирав ресиверо и после си имаше телевизија значи ако немате ТВ а имате интернет само рестартирајте го ресиверот
Vukica.cuci - Не е рабоата во рестартирањето на ресиверот. Ние неколку пати го рестартиравме и повторно и повторно закоченена програмата. Тоа до кај нив си е грешката.
Еве и ние денес викнавме по којзнае кој пат да ни поправаат,цела недела неможам на раат да уклучам интернет само паѓа,и кочи се.А за тв да не правиме муабет не можев ни еден филм да изгледам...отидов кај тетка ми со надеж дека ќе погледнам таму нешто на тв,и што да видам,и таму иста ситуација...а мислев само кај нас е. За жал ниту овојпат не успеаа да го решат проблемот и повторно си кочи...едвај чекам да пројде договорот....