Досега беше две, но со воведување на оптичката технологија, сега можеш колку сакаш, т.е. колку телевизори имаш. Само треба да се праша во T-home (а да не те излажам, мислам и дека има на нивната интернет страна), и доколку живееш во дел каде што имаат ставено оптички кабел, тогаш можеш да приклучиш колку сакаш телевизори, т.е. повеќе од две.
Луѓе јас прочитав дека макс тв од први мај сите пакети ке ги намалеле за 20 % плус сите пакети ќе имаат неограничен интернет и пристап до тв теката каде ќе можат да ги гледаат тв каналите(сериите кои ги испуштиле ), а исто и тие што имаат макс тв комфорт ќе имаат бесплатен пристап до HBO видеотеката.Бравос само вака нека продолжат
Го имаме 3Max пакетот. Јас се утепав од гледање филмчиња на HBO само не се фер не ставаат секој 1ви нови филмчиња во видеотека .. Од пред 10 -тина дена имаме и неограничен интернет
Пред 2 години мислам дека беше КРШ. Телевизорот повеќе беше закочен него откочен. Смрт ми беше да пуштам тв. Се подобри драстично еден период и еве сега пак зезаат и видеотеката и каналите општо. Ми го имаат значително подобрено животот со изнајмувањето филмови, серии и тоа прекрасно снимање. Него, нешто ми кажаа дека последниов период место на две нешта (немам поим што), работеле на едно. Има некој нешто информација?
Веќе неколку години дома имаме Max TV. Се убивме чекајќи додека да дојдат да ни ја монтираат опремата, па немаа рисивер на лагер, па чекавме за нов модем за интернет (тој што ни го донесоа беше расипан), итн, итн... Негативности: Телевизиските канали им се очајни, нон-стоп укинуваат канали, а не ставаат нови квалитетни, туку некои безвезни (Happy и сл.). Ме нервира тоа што за дополнителните канали мора да се доплаќа (за HBO пакетот и за спортскиот пакет). Исто ме нервира што крадат на телефонските импулси, така што ниедна сметка не ни е под минимум 2.500-3.000 денари. Позитивности: Најдобро нешто е опцијата за снимање која редовно ја користиме, така да скоро ниедна серија не гледаме во живо, туку снимените ги гледаме (добиваме во време-ги скокаме рекламите). Прилично е брз интернетот, така да за 10 мин. симнуваме филм. Мислам дека околу 50 евра месечно воопшто не е малку, сметам дека треба да ја намалат цената и да стават подобри канали.
Добро да ве прашам, ја плаќа ли некој HBO? Сеа месецов нели е бесплатно и не ми се верува колку сра*е филмови има, не ми се верува некој да плаќа за тоа. Од *92 има филмови, башка и се истите се вртат, стварно е тапа програмата. Инаку задоволна сум, интернетот е ок, нема споредба со кабелски, ги плаќаме само спортските програми, ама друго ништо.
^ Ние имаме НВО Јас не сум многу во тек со најсовремените филмски проекти, така што НВО супер ми доаѓаат. Можеби на некој кој следи се што е ново понудата му делува сиромашно. За викенд на децата им пуштам некој долгометражен цртан филм, а додека вежбам главно ги гледам комедиите. На страна од ова, јас и не гледам телевизија, така што не сум некој репер
Минатиот пат кога ни беше уклучена имаше далеку подобри филмови, а и многу почесто додаваа нови. Сега и да додадат нешто е или нешто што веќе го имале ставено или е од памтивек. На пример го ставиле http://www.imdb.com/title/tt0090887/ critters, па и во делови, филм од '86та. А да не кажувам колку пати го давале кај нас на сите телевизии како премиера. Разочарувачки ептен. Сега да истече ова и не ја уклучувам повеќе, навистина не вреди за парите. Мое мислење, ете има на некој и што му одговара вака.
^^^ Се согласувам со тебе. Да дека тук-там ќе се најде некое асолно филмче кои иако го имаш гледано, интересно е и повторно да го гледаш, но сепак повеќето филмови се промашени и малку постари. И кај нас исто, колку шо трај бесплатното толку, повеќе не заради тоа што не вреди за парите и многу е скапо. А и уште нешто заборавив на ХБО и ХБО Комеди се ги вртат филмовите од видеотеката. Барем таму нешто поново да пуштеа.
Зошто плаќате претплата за HBO каналите? Таму даваат релативно стари филмови и по 100 пати ги репризираат. Јас ја откажав претплатата и сега си ги симнувам од интернет најновите филмови за 10-15 минути сосе превод или си гледам најнови филмови и серии „во живо“ на интернет.
Имам 3 макс веке неколку години.Не можам да кажам дека сум презадоволна,но не можам ни да се пожалам.Порано го имав активирано ХБО пакетот но по истекот на година или 2 го откажав бидејки цело време ги вртеа едните исти филмови.Без оглед дали стануваше збор за постари или понови оабезно по 2 пати во ден ги даваа. Најзадоволна сум од можноста да се снима,бидејки веке ниту еден филм или серија не го гледам во живо,туку го снимам па после си ги прерипувам рекламите. Исто така задоволна сум од интернетот,брз е нема некои проблеми. Не ми се допага што кога има некои технички пречки да утепаш не можеш да добиеш оператор во централа да ти каже што е проблемот. И нормално месечната сметка од 2000ден. Нека ја намалат малце.
Нови канали и содржини за сите МаxTV корисници Од денес MaxTV пакетите се збогатени со два нови канала: 24 Kitchen и FoX ТВ, кои покриваат различни сфери за кои постои голем интерес кај корисниците. MaxTV корисниците преку 24Kitchen ќе можат да дознаат се за храната и да научат рецепти од различни краишта на светот, притоа следејќи ги добро познатите шоу изведби во кујната на Џејми Оливер, Јолисима, рецептите на британскиот модел, готвач и слаткар, Лорен Паскал, како и патувањата по многуте светски егзотични локации на шеф-готвачот, автор и телевизиската личност Ентони Бурдеин. Познатиот серијал Симпсонови како и многу нови филмски содржини ќе може да се следат на FOX ТВ каналот, кој ќе биде достапен под реден број 502, на кој досега корисниците го гледаа Fox Crime. 24Kitchen е достапен под реден број 601, на кој досега можеше да се следи BBC Entertainment. FOX ТВ каналот е достапен за сите MaxTV корисници, додека пак корисниците на МaxTV Basic пакетот кои сакаат да ги следат содржините на 24 Kitchen, можат да побараат миграција во еден од останатите MaxTV пакети, на кој овој канал е достапен. Дополнително, се информираат MaxTV корисниците дека каналот Fox Crime набрзо ќе биде комплетно згаснат, а на негово место се воведува FOX ТВ каналот со поквалитетни и позабавни содржини. извор:точка
Добар е,сега наместо Fox Crime е FOX ТВ и таму даваат интересни филмчиња ...а на NBO веке ми се здосади бидејќи цело време ги вртат истите филмови исто и на NBO Comedy ..али во глобала добар е