Maybelline козметика

Дискусија во 'Лице' започната од tropix4e, 18 март 2012.

  1. tropix4e

    tropix4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    139
    Разгледував низ темиве, приметив дека нема тема за Maybelline и одлучив јас да ја отворам.
    Како што повеќето веќе знаат, Maybelline имаат прекрасни производи со доста височки цени. Но од тоа јас ништо повеќе не знам. Би сакала да ми кажете нешто повеќе за нивните производи и цени, бидејќи би сакала да ги купам. До сега ја имам користено(позајмено) жолтата маскара и ми се допадна. Ако ги има некој користено нека повели да си го каже искуството.
    Однапред благодарам :)
     
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.599
    Допаѓања:
    73.522
    Пол:
    Женски
    И јас пред неколку дена барав на форумов ваква тема ама немаше. Јас од Мејбилајн имам моливче за очи црно , кармин кафеав и камена пудра и сум задоволна и од трите производи. Само што имаш право скапо е.Овде во Грција каде што живеам моливчето го купив 4 евра , пудрата 10 , а карминот 11 евра. Маскарите се движеа околу 15-16 евра. За во Македонија незнам дали се истите цени или се поевтини :?: Нека кажат и другите феминки овде. :) Јас па планирам да земам некоја сенка за очи и сега ново има реклама некои кармини како фломастер се па ако некоја има користено нека каже. :)

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    преубав е! планирам да си го купам
     
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    8.917
    Maybelline ми е една од омилените фирми за козметика. Се што сум пробала ми е преубаво.
    Ја користам крем пудрата
    [​IMG]
    и ми е преубава.
    Само неможам да ја користам редовно, ја нема кај нас (или јас неможам да ја најдам) па ја зимам од странство кога ќе имам прилика.

    Маскарата со години не сум ја сменила. Порано беше светло сино паковање, сега со истата четкичка е оваа
    [​IMG]
    И оваа не ја менувам за ништо.

    Го имам и руменилово користено, исто преубаво е. И него неможев да го најдам кај нас, сега ми текна да го побарам пак.
    [​IMG]

    Имам и вакво сјајче, не го трошам многу :D зашто ми е многу убаво а исто и него неможам да го најдам.
    [​IMG]

    Всушност, кај нас неможам да најдам ништо од најубавата козметика на Мејбилајн. Незнам дали не ги донесуваат или јас незнам кај да барам. Се што сум пробала е одлично, ама го нема овде.

    А за цената незнам зашто велите скапичко. 350 денари за совршена маскара мене ми е повеќе од одлично и сосема прифатливо. Пудите исто им се нормални цени. Оваа погоре што ја постирав ја земав 10 долари....значи 400-500 денари за квалитетна пудра е топ.
    Според мене, за тој квалитет мејбилајн имаат најниски цени.
     
  4. Ducky

    Ducky Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Малечките лакчиња Mini Colorama се супер, иако мислам дека се малку поскапички за таа количина.
    Еве како изгледаат некои од нив :)

    Maybelline Urban Orange
    [​IMG]

    Maybelline Green Park
    [​IMG]

    Maybelline Honey Crystals
    [​IMG]

    Maybelline Sugar Crystals
    [​IMG]
     
  5. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.255
    Руменилово и јас го барам како луда, ама не го носат кај нас за жал.. :(
     
  6. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    581
    За нив знам дека тестираат на животни, така да не ме интересира и најдобро на свет да е.
     
  7. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    2.614
    Јас ја користам оваа римела од Maybelline и сум презадоволна. Кога ќе ја истрошам пак таква ќе си купам. :D Други производи не сум користела, но мислам дека им се добри. Што се однесува до цените можеби се претерани, но вредат за тие пари. :)
     

    Прикачени фајлови:

  8. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    4.742
    Па споредено со Максфактор и Менхетан мене Мејбелин ми се поевтини. Производи кои ги имам пробано и од кои сум задоволна се течната пудра Satin liquid , кремавата пудра и коректор Dream Mousse , руменилото.
    Моментално ја користам последната пудра Affinitone Mineral.
    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  9. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    1.610
    Пол:
    Женски
    Јас ја користам течната пудра од оваа фирма и сум презадоволна воопшто не е тешка и не се познава на лицето дека имаш пудра ја купив за 450 денари, за комбинирана кожа е :)
     
    На Biancaneve му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Biancaneve

    Biancaneve Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Пудрава ја користам веке со години и сум презадоволна од неа.
    Ми ја препорача таа што работеше во парфимерија, девојката си ја знаеше работата, не беше од оние трчи-лажи, колку да ти продаде. Ми ја препорача зошто тогаш имав негде 18 години, и после се ја користа уште бидејки е за "Младелачка" кожа со + витамин Е 8)
     

    Прикачени фајлови:

  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
    За квалитетот се прескапи.
    Јас се излажав еднаш два пати за пудри, таа сината незнам дали ја има на база на вода што беше, лоша, доста лоша пудра.
    Римелите им се добри и не се претерно скапи, ама не се ептен добри како на Макс фактор.
    Тој последнот што го имам праска боја за волумен ми ги лепи претерно трепките. Само жутиот е океј.
    Лакови не сум земала, ама за лак не ми се фрла повеќе од 150 денари, па од злато нека е.
    Имам сега една пудра од мејблин, не е лоша, ама јас лично позадоволна сум римелот, каде каде и квалитет, а за цени да не причам.
    Едино кармините и сјаевите им се лудило, во бои и квалитет, и амбалажа и се.
    water shine било ама ептен е убаво бебшко розе и меко е на устата ни се лепи ни ништо, и мириса убаво
    [​IMG]
    А кармините им се класа, имам еден црвено кафен, многу убав од овие
    [​IMG]

    да ве прашам ја има ли кај нас оваа и дали сте задовлни ми изгледа фино, е сега каква е незнам :?:
    [​IMG]
    се на се, добри се но не предобри. Кога се на акција се исплаќа да се купат, инаку не, пудрите мене не ми се ништо посебни а не се ефтини над 500, за 700 имаш максфктор со кој НЕМА УТКА, или римел за 300 денари пудри одлични со квалитет.
     
  12. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.882
    Mејбилин ми се поефтини од другите фирми и затоа често ги купувам,сенките им се многу добри,посебно овие....
    [​IMG]
    но не можам да го кажам истото за овие :worried: многу се неубави,едвај боја пуштаат
    [​IMG]

    Kоректоров е многу добар,маскарата колосал
    [​IMG]

    [​IMG]

    Hо пудрите за лице не ме бендисуваат,Hipster јас ја имав таа фит ми,и не ми се допадна,прво нема пумпица,тешка е на лице а не покрива,и ете сега така ми стои :?: A и таа дрим ликвид ја исфрлив,многу тешка е на лице,а не покрива,лаковите катастрофа им се.

    E немам уште пробано од сјајевите и кармините,за да коментирам
     
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Ја имам пробано само жолтата маскара ама ич не ми се допадна.
    Многу е воденаста и за да се псотигне оној убав ефект треба да нанесам 23545 слоја, а плус забележав дека ме печат очите од неа, така што ми стои дома речиси неискористена.
     
  14. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.010
    Пол:
    Женски
    Од маскарите ми се допаѓа оваа [​IMG]Ја пробав од братучедка ми и многу е добра.Убаво ги издолжува трепките,не прави грутчиња,не се лепи.
    Од пудри,јас не користам но мајка ми си ги користи нивните пудри и многу е задоволна.[​IMG] [​IMG]
    Јас никако неможам да ја најдам минералната пудра и крем руменилото,а знам дека се многу убави.Кај нас знам дека ги нема,но и во други земји не ги најдов :(
    Се на се ми се допаѓаат нивните производи :)
     
  15. b.monroe

    b.monroe Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Здраво феминки :) сакам да ве прашам каде можам да најдам од оној сјајот што личи на маркер од maybelline ? :lol: :?:
     
  16. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.646
    Да не мислиш на оние маркерите на МаксФактор?
    [​IMG]
    Можеш да ги најдеш скоро во секоја поснабдена парфимерија.
    А за Мејбилајн нешто не знам дали имаат вакви маркери,не сум видела до сега... :?:

    Иначе на Мејбилајн намногу им ги сакам карминчињата Color Sensetional и лакчињата Мini Colorama.
    А имаат и многу занимливи производи (барем на око) што ги нема кај нас.
    За пудрата горе што прашуваа Fit me,ја нема кај нас сеуште.
    Исто интересни се и сенките Color tattoo,и ружевите Dream Bouncy,ама ништо од тоа нема кај нас.
    :|
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.197
    Допаѓања:
    41.028
    Oсвен ова, ништо друго не им признавам :D
     
  18. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    [​IMG] јас за оваа пудра можам да кажам само пофални зборови, а исто и за оваа имам добри зборови [​IMG] друга немам пробано ама овие две во комбинациа беа супер,само што првата тешко дека ја има тука :(
     
  19. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    8.917
    Имаат и мејбилајн ваков сјај како маркер, го имам јас и тоа многу оддамна, пред 2 год го видов, може и подолго од максфактор да го имаат, не е ни битно.
    Го нема кај нас, имам пребарано секаде. Освен ако не го донеле некаде во последните 3-4 месеци.

    Ме потсети Марина89 дека го имам и бронзеров:
    [​IMG]
    Преубав е, многу убав сјај има, едвај чекам да се исончам на лето и да си го користам :)
     
  20. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.646
    А го има кај нас бронзеров?Сакам некој убав да си купам,а кај нас скоро и да нема никаков избор на бронзери,се нервирам.
    Ни Лореал,ни Буржоа,мислам дека ни Максфактор бронзери нема..
    Само на Гош и Аура.