Поради специфичната формула вреди да се даде 600 денари за новиов кармин. До сега не сум сретнала кај нас кармин кој што е толку долготраен, а не е мат. Имам една нијанса, 15ка и сакам да ги земам останатите, иако 20ка мислам дека никако не би можела да ја износам.
Навистина ли толку многу се долготрајни Maybelline vinyl ink кармините?? Читам многу позитивни коментари..каков финиш има? на некои им се пресликува на чаша или маска но минимално..по 12 часа им трае на усни А остава ли пигмент?
Vinyl ink број 35 не можам никаде да го најдам последно пред некој ден во СЦМ ги пробував на рака да видам нијанса меѓу coy и cheeky и веќе не можам да го најдам. Ако некој поминува низ ДМ денес, утре нека пише каде го има.
Минатиот викенд како да гледав кај Градски ѕид дека го имаше. Е, сега не знам деновиве да не ги раземале..
Дали е nude 35ката, некоја таква нијанса? 30 ми е многу розев, барем на рака што ги тестирав .. 35 ми е по на кафеава нота. Секогаш ги грешам нијансите, овој пат изгледав видеа, слики, се надевам нема да утнам. @Dream-Girl немаше денес Бев и до гтц, ни таму немаше, космо исто. Потера направив по карминов. Последно ги видов сити мол, се надевам утре ќе најдам натака нешто. Ама и онака и со попуст се скапи, не па без. Затоа сакам барем акцијата да ја фатам.
Го имав. Супер е. Не е леплив воопшто. Преубав мирис. Преубава боја. Вреди. Баш пред некој ден во дм го барав. Нема. Само еден скршен тестер на полицата.
На светлото таму ми изгледаше nude, ама баш nude, дома на природно светло ко да ми влече на кафено, ама не многу. На уста ми е ок, го тестирав одма штом го купив, дома, дали е навистина траен како што велат. Лепливо чувство имам на устата, не е сув, ама трае, не се брише веднаш, не се пресликува на чаши. Е после пет часа имав бледа нијанса на бојата на устата, значи избледува иако не се брише сосема.
Колку често кармините се на попуст? Сакам друга нијанса да испробам но веќе ги вратиле по старите цени