Дали некоја го има овој пробано од maybelline? Или понудете ми некој спреј за сетирање на шминка што се задоволни по можност да е и за лице со акни (посензитивна кожа).
Дали сјаевиве ги има некоја користено? Вредат ли за парите и дали се подобри од другите сјаеви што се толку поскапи или се плаќа брендот и пакувањето? Вака дизајнот и нијансите личат примамливи, но ако имаат иста трајност и пигментираност како и поевтини сјајеви (на пр. тие од Essence), тогаш не знам дали вредат да се купат. Како сте задоволни вие?
Не знам точно, но повеќе од 300-400 денари сигурна сум дека беа кога ги гледав пред некое време. Цело време на инстаграм ми излегуваат како рекламирани од инфлуенсерки низ цел свет, па нешто ми се завртеа во глава.
Навистина самото пакување на брендот е одлично исто и мирисот на сјаевите ја имам нијансата 6 reef, ги користам и сјаевите на Essence. Јас би рекла дека lifter gloss се многу попигментирани од Еssence. За трајност сјај како сјај не издржува многу. Искрено единствена предност би била според мене пигментацијата, сакам да си ја земам нијансата 8 stone прекрасна nude нијанса. Моментално се на попуст во Дм и Шатци. Дали вредат за цената и хајпот што го имаат зависи од секој индивидуално. Мене кај овие сјаеви ми се допаѓа тоа што дел од нијансите се кремасти и немаат светки во нив бидејќи не сум љубител на светки. Истиот glossy ефект може да се добие и со други дрогериски сјаеви. Поздрав
Со новиот концепт на Дм секогаш поволно не е забележлив попустот од 400 и нешто во Дм се намалени на 375 денари, а во Шатци можеш да провериш и на нивната интернет страна од 488 денари се намалени на 390 денари. Поздрав
Ова второво лади, ама ефект pumping не гледам. А инаку лифтер глос не ми лутел. Баш е сладок само што искрено не вреди ни тој за парите.
Некој што има од овие кармини, колку време ви траат? Неколку месеци го имам, деновиве забележав дека сменил мирис како на расипано (инаку убаво мирисаат карминиве нели), а и цел стана воденаст, како проѕирен сјај е, боја скоро воопшто не остава, нешто многу минимално. Зар толку брзо им поминува трајноста, многу се зачудив, за таа цена не очекував дека толку брзо ќе се расипе. Чуван е само во несесер дома, не е носен во ташна, не е чуван на топло или многу ладно, зошто вака би се расипал?
Јас го имам со месеци, не сум приметила разлика. Изгледа си го купила со краток рок или само така се погодило..
Јас го имам овај купен пред три месеци некаде,за траен траен е и непроменат е ни во мирис ни во формула но ова остава како грутки, секое суво делче го истакнува,а јас скоро цело време користам балсам или лабело.. најсветлата нијанса ја имам loyalist
И мене истото ми се случи. Остава боја не дека не, но не е исти како кога го купив. Јас ќе продолжам да го користам, многу добра формула ми има и би купила уште еден.
Година и пол имам еден, го купив од љубопитство, не сакам вакви кармини, ама убав ми е. Не е воопшто сменет, исти е. И густина, и мирис, и изглед и боја. Може ти се погодила некоја лоша пратка...кај нас секако нема контрола што се носи од надвор, не е се' со ист квалитет, макар и за ист производ да се работи.