Го нема Од оние кај нас што можеш да најдаш јас би ти препорачала Гош, прекрасни ми се. Посебно тој големиот во црно паковање.
Пудрата моја непреболена од Maybelline.... Најдобрата пудра која што и одговараше на мојата кожа, таа ми беше прва пудра кога почнав да користам.Комбинација беше со крем и можеш или да си ги мешаш или кремот па пудрата.А за тоа каков ефект се добиваше на лице...немам зборови.Долго време ја користев и ми беше совршена но штета што ја повлекоа и прекинаа со нејзино производство , незнам зошто Потоа ја користев и оваа маскара .Задоволна сум, цената и е многу пристапна а дава добри,густи трепки :up: Сјајов е да го земеш ,да го лижеш Мириса на јаготка , дава многу убав сјај на устата , и трае долго И исто ова карминче, супер е , нежна розова боја , само незнам дали кај нас го има
МАСКАРИТЕ ИМ СЕ ЕКСТРА користев Maybelline Lash Define Mascara цената му е околу 800 ден. ама вреди !
Вчера си ја земав оваа новата и ептен сум задоволна, пре преубава ми е До вчера со години си ја користев оваа ама неможам да одлучам која ми е поубава, ќе си ги користам и двете. Инаку у двете се со крива четка, такви масакари сакам јас
Ај некоја што го има користено овај мус коректорот нека ми каже цена и дали одговара за комбинирана кожа?? инаку и јас ја имам оваа новата маскара cat eyes и нема подобра!
Немаат утка. :up: Неодамна си купив пудра, многу прикрива а истовремено ептен одговара на мојата кожа. И така, конечно мислам дека си ја најдов идеалната пудра. Ја имам и маскарата во жолто пакување, одлична е, вреди за секој денар.
Одлични се. Ја имам црвената маскара, порано ја користев розевата од која бев презадоволна ама реков ај да си сменам. И не згрешив, маскарава е супер. Производите им немаат утка, а мене не ми се многу скапи . Кога ќе видам како Менхетен става цени од кои глава почнува да ме боли за некои чкарт производи (според мене ) овие ми се сосема ефтини.
Презадоволна од маскарите...со години ја користам оваа трае многу.. а ставам секој ден.... значи преубава...имам користено од менхетен и ич не ми се убави брзо се сушат...оваа ми е најубава
Девојки, го има ли кај нас овој Dream Mousse Concealer и каде? Во Космо го има? Гледам го фалите, а ми треба коректор, па бидете љубезни и кажете кај го има и која цена е? Мене ми изгледа одлично и ако го има, одма го купувам А може и од карминчињата да си земам, убаво ми изгледаат Поздравче Инаку, да надополнам, јас сум исто задоволна од маскарите нивни, поточно од љиљаковата the falsies, прв пат ја купив сега брзо и многу пријатно сум изненадена. А од пудрите ја имам dream satin liquid и не сум задоволна, имам комбинирана кожа и не ми одговара, а што е најтрагично, нијансата на пудрата (sand 030) е најсовршената нијанса на пудра што сум ја пробала, совршено ми одговара, но структурата на пудрата никако, па сега така ми седи дома
женски помош малце ако може. Која маскара на maybelline е подобра,црвената или лилјаковата. Ги иам двете ама едната треба да ја подарам па незнам која да ја задржам за мене
Слушнав дека Maybelline имале најдобри коректори (Michelle Phan така рече ). Чини овој? Цена, ако знае некој? Патем, што е разликата меѓу маскариве? Која е најдобра? Ја сакав онаа новата, коралната, ама не била водоотпорна. Препораки?
Најдобра маскара според мене им е најобичната, жолтата Колосал маскара. Ја има и како водоотпорна варијанта, ја имам пробано ама се откажав бидејќи ми се смачи од „водењето битка“ со средствата за вадење на истата. Многу инаетлива маскара, потешко се вади, ама сепак мислам дека нема да имаш проблем со средство наменето конкретно за вадење (водоотпорна) маскара. Мене омилена ми е оваа, 100% блек. И иако не е водоотпорна, засега супер се покажува и кога се шлапам низ води и потешко се вади нели, ама далеку полесно во споредба со таа погоре. Ама ги црни трепките стотка. Убаво ги витка, им дава волумен на моите ретки и светли трепки и ми го дава тој ефект на лепеза трепки кој многу го сакам Мнгоу ми е убава и мислам дека никогаш повеќе нема да ја сменам. Еднаш се излажав и никогаш повеќе. Некако секогаш ми станува страв да експериментирам со козметиката кога ќе си најдам некој производ што ептен ми одговара. Не знам зошто, дали од страв да не не ми се допадне новото, живи смешки сум. Во план ми е да ја пробам и виолетовата Falsies, ама некако што знам. Ај ќе подразмислам.