Јас па виолетовата Falsies ја користам и ептен ми се допаѓа, супер е и како што рече ти, го дава лепеза ефектот. Ма, презадоволна сум! Оваа жолтава Colossal Volume Express 100% Black не сум ја пробала, ама верувам дека се слични со виолетовата, барем така ми делува Пробај ја виолетовата, ти ветувам дека нема да зажалиш, а јас следна жолтава планирам да ја пробам И дај некој нека каже дали кај нас го има коректорот што е како пена и која цена е?
И да ја пробаш, побогата четкичка од оваа - амин! Затоа и ми е страв да ја купам виолетовата, четчето ми е некако сиромашно, па и свиткано ... сомнителна ми е, ама може ќе се убедам да сменам малце - со мене никогаш не се знае.
Да, свиткано е, ама затоа па многу убаво ги витка трепките Јас единствено со виолетовата маскара немам потреба од виткач за трепки, а инаку отсекогаш сум користела. Имам долги трепки и многу тешко ми се виткаат, ама оваа маскара чуда прави, барем кај мене
И јас сум презадоволна од производите на Maybelline. Оваа пудра ја користам 24h Affinitone Навистина е многу убава и трае долго време, не се рамачкува летно време и е лесна пудра. Скоро си ја купив и жолтата маскара и дефинитивно ќе продолжам да ја користам.
Прекрасни прозиводи и вредат за парите. Мене моментално ми се омилени, и тешко кој ќе ги замени. Најомилен производ ми е пудрата, која е повеќе за сув тип на кожа, па им ја препорачувам на дамите кои имаат проблем со сува кожа, како мојата, ова е вашиот спас, верувајте.
Убава е маскарата, ама четкичката е одвартна. Всушност, мене ич не ми се допаѓаат ваквите пластични четкички - подобро земи ја жолтата, на акција е со црно моливче за очи во Шатци, а еве како што читам коментари убава е и виолетовата.
Јас ја имав маскарата. Скоро имаше ист ефект како и оваа сега што ја користам од Мис спорти, а е тродупло поефтина. Добро, на оваа и името му го плаќаш. Не ми се бендиса четката, некако ме боцкаше, бидејќи e пластична.
Голема хидратација, ама овде ја немам видено, барем не во охрид Ќе ја барам прага или будимпешта сигурно, и мора да ја најдам!
Мене ми е нај нај за моиве трепки. Среда должина и средно до многу густи, но тенки влакненца. Валда ме разбра. Супер ми е
да знаев дека ке има ваква акција ке почекав,завчера си купив пудра и маскарата one by onе мислам дека се исплатува понудата,сенките се одлични и маскарата и карминот,само пудрата не сум ја пробала..
Jас задоволна сум од црвената и жолтата маскара,ама не и од falsies,чудно ми беше четкичето и не ми ги правеше толку убави,онака ништо посебно A задоволна сум од оние сенките Color tatto,кога ке ги нанесеш и после не мрдаат цел ден,баш онака се кремасти,пигментирани,одлични се Jас ги имам Bad to the Bronze и Pomegrante Punk,сега ги нарачав и руменилата Bouncy Blush преку Ebay,не знам зашто не ги носат овде во Aвстралија Hарачав 3.... FresH Pink Candy Coral Orchid Hush Koга ке ми стигнат ке напишам рецензија какви се
Јас е користиев оваа пудра на Maybelline и сум презадоволна.Искрено ми покрива,и што е најважно не се разлева во лето.Бидејќи е потрошив,планирам пак да си купам но незнам дали од истата или некоја од овие две? или . И ако може да ми ги кажите цените на оваа последнава,и да ми кажите која е најдобра од сите три?
Anna-Banana, првите две не сум ги пробала, но последната Dream satin liquid ја имам пробано и не би ти ја препорачала воопшто. Пудрата содржи ситни светки, па кога ќе ја ставиш на лице светиш како лампион. Па уште и ако имаш масна кожа, катастрофална комбинација. На почеток дава убав, свеж изглед на навлажнета кожа, ама после саат време засветува ненормално. Не се сеќавам колку чинеше, ама не ја препорачувам, освен можеби ако имаш екстремно сува кожа Мој совет ти е, ако веќе си ја користела првата пудра, и ако ти била добра и ти одговарала на лицето, не ја менувај. Продолжи да си ја користиш. Само би те замолила да ми кажеш за каков тип на кожа е пудрата (таа што ја имаш користено)?
^ Оваа afinitone 24 или како и да беше, одговара на секој тип кожа. Марамка ја имаше купено, ја пофали (девојчето има мрсна или комбинирана кожа колку што се сеќавам), а имав и јас тестерче, супер ми беше, само нијансата ми беше малку потемна, ама не се разлеваше, не светнуваше брзо лицето, а ќе напоменам дека имам многу мрсна кожа, посебно во лето ... Со камена на критичните делови си тераш цел ден. Цената беше некаде околу 500, поточно 540 ако не беше. Не се сеќавам, стварно.
^ Еве пред мене ти одговорила Mishela. И јас мислам дека е за секој тип на кожа. Иначе јас мислам дека е купив околу 460 денари Што не е скапо,а и вреди искено за тие пари