^^ Од сетовите само овој со бургунди бар и лаш маскарата, а за други сетови исто со маскара и молив за очи мејбалајн околу 440 денари. Други сетови не видов, инаку на инста ги следам и забележувам. Може имаат и други, треба да се провери или на други места, што знам.
Има и со другата маскара, таа што им е меѓу најновите во peach-металик боја е пакувањето. Со неа оди молив исто. Тие три сетови се од Мејбилин. Јас си го купив тој со бургунди бар палетата, ми се допаднаа боите ептен а и секако ми фалеше маскара, па палетата беше екстра во понудата.
Викендов планирам да одам, се надевам дека ќе има уште, и мене ми е за маскарата, а палетата е добредојдена како што кажа.
Глоси, во ДМ има нов каталог за овие две недели и го видов истиот сет додаден (плус 13-14 денари поевтин од Космо ), па си реков да ти кажам. Бургунди бар палетата и LS маскарата, 599 денари. Другиот сет е тој со црн молив.
Во мојот град овој сет со палетата и маскарата во една парфимерија кошта 850 денари. И ме убедува уште продавачката дека еднаш ваква зделка се начекувало . Која црна зделка жити се, што ќе заштедам ако го платам сетот 850 денари?! Блазе вас .
@Harper и кај нас во Битола е иста цената. Јас ја купив blushed nudes пред една недела за 650 денари само палета, сетовите поефтини идат во Ск. Едвај чекам ДМ да отворат кај нас.
Познати ми се таквите „зделки од соништата“ што не се пропуштаат. Ама добар бизнис си направиле, немој да не отидат во загуба. Палетата по редовна цена во ДМ е 635 денари, маскарата околу 430. За палетата навистина не знам, ама маскарата по други парфимерии е далеку поевтина, јас на пример вон овие попознатите дрогерии, ја имам купувано некаде околу 360-380 денари по редовна цена. Ако се тие цените како што се во ДМ, океј, се јаде некако да речеш, ама пак... Мислам дека сетов и не вреди до толку и 500-600 денари му е баш реална цена до некаде.
Знам, јас маскарата ја купувам по 350 денари како што рече во некои рандом парфимерии, а во ДМ кога ја видов цената се шокирав . Многу ја сакам бургунди палетата па ова во ДМ е ептен добар пакет со таман цена. Се надевам ќе дојдам Скопје во следниве две недели и се надевам дека ќе остане за мене еден .
Фала Го имаш користено ти лично? *Доколку некоја го има пробано нека пише критика или нека предложи некое друго ако е подобро