Не сум го користела, но ми го имаат пофалено дека е добар. Со денови стоел пигментот по апликацијата и навистина вредел во споредба со effort-от за да се нанесе. Сепак, доколку некоја феминка го користела нека пише впечатоци.
Да не знае некој дали ја имаат Fit Me Dewy and Smooth пудрата во некој ДМ или на друго место? Не успеав никаде да ја најдам, а единствено таа ми одговара за мојата кожа Сахара ...
Да се надоврзам.... Го зедов и стварно вреди. Лесно се нанесува на веѓите, го оставам 20тина мин и потоа го лупам без да се оштетат веѓите. Трае до 3 дена иако го чистам лицето секој ден со производи за вадење шминка.
И мене за него ме интересираше, ми здосади "боењето" веѓи, вака барем раат ќе сум 3 дена. Колку пари е?
Пред некој ден ја купив палетата Maybelline The Nudes. Не сум задоволна, слаба пигментација, а висока цена 630 денари. За тие пари има прекрасни пигментирани палети на Revolution и за помалку од тие пари има палети на wet n wild. Еве погледнете ја пигментацијата, само неколку сенки од светликавите се добри, а мат сенките сите се катастрофа Еве и шминка со нив. Искрено не ми беше поентата нежна шминка, ама таква испадна кога не се пигментирани, а најтемните ги користев Најмногу ги купив бидејќи имаше ладни кафеави бои. Тие кафеави и се користени на сликата.
За тие пари подобро ти е Револушн, каде - каде. Или ако онлајн нарачуваш на Бјути Беј имаш повеќе брендови со скроз супер цени.
Истото искуство го имам со burgundy. Не им чинат палетиве. Ама ја си сакам нежна шминка, па си ги употребувам за секој ден. Иако не сум задоволна што се мачам додека доволно да се познаваат и што цели се ронат. Не би земала па нивна палета.