A иронијата да биде уште поголема, тука гледам реклама спортувај со Mц од кога ќе се набута човек 8574295829љ калории
Далеку дека ги бранам Мекдоналдс, али исто ср*ње се и другите наши сендвичари. Само истот сакав да го пишам ко Тренди, многу луѓе ќе остант без работа, они имаа 6 ресторани во Скопје само и со тоа многу врабоени кои земаа барем 12000 плата, а вака ни денар нема да земаат. Жалосно за економијата е што се затвараат работни места, и не ми се допаѓа тоа. Мекдоналдс правеше многу пари, и имаше вработено многу луѓе, со солидни услови за работа, што не ги даваат многу наши компании. Франшиза носи многу пари, штата, голема штета.
Затоа ги избегавам ваквите места колку што можам. Инаку уште едно инфо најдов... Не се однесува само за Мц туку и за Бургер Кинг и КФЦ. http://mkd-news.com/mrazot-vo-mcdonald- ... a-analizi/ И се` се сведува на тоа дека најбезбеден (ако постои нешто безбедно денес) оброк е оној дома што ќе си го подготвиш. А за вработените греота ... Кога ќе помислам дека ќе се нафатев да аплицирам таму ... ќути среќа ...
a ke go otvaraa li voopshto ? ima li nekoj info...nie site zborime de ne e zdravo de toa de onoa ama jas ziveam vo blizina na mekdonalds i non stop imashe luge...zamisli be i rodendeni se organiziraat tamu decata se naviknati na brza hrana od mali...a ovde site pamet solime...da ne mu se veruva na covek....katastrofa
Не солиме памет туку си кажуваме од лично искуство. Не знам што толку те изнервира тоа што се збори на темава дека хранава не е ни К од корисна, кога тоа е факт кој не зависи ни од нас ни од оние кои работат таму. И мајка ми била доволно едуцирана за тоа што значи грижа за дете да не ни спомне за брза храна додека сум била дете, не пак да ме носи во McDonnald's за роденден па јас тука да солам памет. Ниту пак некогаш имам јадено таму, а брза храна, се` на се` дали имам конзумирано десет пати во животот и тоа од што не сум била во можност да јадам поздрав оброк во тој момент. И мене ми е жал за вработените и се` тоа, но дали ќе се отвори пак или не воопшто не го менува фактот каква е храната таму. И пишувај на кирилица.
Пред неколку дена, братучетка ми од Србија (луда како што ја дал господ), некои нејзини пријатели се враќале за Скопје, и им пратила оброк БигМек, хахах кога стигна толку ме изненади како мало дете сум се радувала. И сега сум мирна...
Еее Сноу, далеку сме и од Србија и од сегде! Кога бев во Виена имаше исто како во Србија доручек и тоа тостовите им беа прсти да излижеш! И таму се преубаво средени! Спојлер Ваков е тостот таму: Спојлер Внатре какви се:
Некаде прочитав дека во секоја една држава каде што McDonald's се затворил веќе еднаш (од кои било причини) никогаш повеќе не се вратил на пазарот. Мене лично не ми недостига воопшто, за тие пари имаш Вили и 7ца, поубав и поголем оброк, па дури и поздрав можам да кажам. Во секој момент би одбрала лесковачка од Вили, отколку оние сомнителните на МекДоналдс. Во Америка синџирот е на многу ниско ниво, во смисла - евтино и тоа специјално таргетирано за луѓе од средна и ниска класа, да можат да си дозволат оброк. Кај нас беше со многу високи цени со оглед на нашиот стандард и јадењето во МекДоналдс се сметаше за некој престиж што мене ми е доста смешно.
И пред да го затворат, долго време пред тоа, го избришав од листата на места од кои што би требало да се хранам. После неколку изгледани документарци, прочитани интернет статии и споделени искуства, ставив еден голем Х. Кај нас тоа беше глупост. Цената, квалитетот и количината на пиењето не се споредува со стандардите во другите земји. Точно е дека во Америка од таму се хранат луѓе од ниските класи претежно, но барем добиваат неограничен пијалок. Тука ние имавме 5 капки кока кола и 67467536 коцки мраз. Нека не го отвараат ич. Нит ми фали, нит би јадела пак од таму.
Се согласувам со тебе. Храната им беше никаква. Една моја другарка како мала доби отровање од сендвичите. Им зема голема отштета. Сестра ми за малку ќе добиеше отровање од сендвичите. Мило ми е што го затворија.
Изгледа дека нема да си заминат туку така... Плусинфо:Скопски бизнисмен ја сака франшизата на Мекдоналдс
Од McDonald's јадев само еднаш месечно. Да не се лажеме, храната им е вкусна, но, не здрава. Одсекогаш ми била вкусна нивната храна и знаев дека не е здрава, но, еднаш во месецот морав да отидам таму, ете да ми помине меракот. Еден убав оброк во McDonald's, само еднаш во месецот, на никого нема да му штети.
Брат ми многу сакаше да оди овде па еднаш или двапати месечно одевме.Јадењата им се прекрасни и никогаш не сме имале тровање,е сега нормално дека не е здрава ама и сендвич купен во сендвичара не е здрав па сите јадеме.Сега ретко што е здраво
http://maktel.mk/makedonija-2/item/3257 ... makedonija Мене лично ни едното ни другото не ми правеа мерак, гудис ми е уште погрдо и поскапо од Мекдоналдс, но ете веќе се решиле да го заменат. Од економски аспект се радувам, нови работни места.
Најискрено не јадев често од мц..Се случуваше еднаш до два пати месечно со другарките после школо да отидеме да јадеме..Храната е превкусна иако не е здрава еднаш или два пати месечно таков оброк секој би посакал и најискрено ми се пријаде сега
леле човече ме потсетивте леле ми се плаче душа давам пак да дојде леле колку сакам нај убавото нешто на светот ја сеа купувам од квин бургер ама мн е поскапо од мегдоналс хамбургер 33 ден у бургеркинг 90 д