Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

McDonald's

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Sm.real, 19 септември 2011.

  1. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    И јас никогаш не сум јадела,а и нема.
    Бљак. :puke:
     
  2. doutzen

    doutzen Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    158
    во хамургерите има 70% соја 10% вистинско месо 20% хемикалии
     
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Ако видите еднаш како се приготвува храната, нема да ви текне на крај памет да ја јадете. :geek: Вкусна е поради склопот на состојките, најмногу поради сосовите. Јас летово експериментирав, да ги пробате одделно лепчето и месото, веза си немаат, пластика. Ако стојат подолго од 20тина минути, се распаѓаат, и мора да се фрлат.

    Помфритот се пржи за 2 минути и 50 секунди, кога има гужва, го вадевме и едно 30 секунди порано... Трагичниот дел е што и нема некоја голема разлика, што фрапантно го намалува времето потребно за да се испржи. :| Месото, овие пилешкиве нагетс, и помфритот, од фрижидер одат директива во зејтин, и отприлика се' се припрема за некои максимум 3 минути, дури и помалку. Зејтинот треба да се филтрира после секое пржење, ама кога е гужва, си стои темно кафен. Еднаш ги видов како ги чистеа машините и видов дека ставија нов зејтин, си беше светло жолт, и баш се погоди тогаш да имам пауза, земав од компирчињата, помфритот нема споредба колку е повкусен во свеж и чист зејтин. Ама кога има гужва...

    Се случуваше да фрли контролорот нешто, најчесто во празните денови кога нема живо пиле, и да дојде гужва по некои 5 минути, и за да не траат нарачките, ги вадеа сендвичите од ѓубрето и ги даваа. :tmi: Кога има гужва е тогаш да знаете дека од свежо посвежо е направеното, оти тогаш само зејтинот не го менуваат редовно, инаку сендвичите се разграбуваат за 2 секунди. За соковите, оди размер 1 литар сок во некаков си прав, на 5 литри вода со меурчиња, ние ќе му ставиме уште некоја црпалка мраз... Кока колата беше чудно негазирана, тоа коментиравме со колешка, којзнае што пијат. Јас се држев на Кола Зиро кога ептен бев уморна и сакав да се освежам малку од малку.

    Дека држат некое ниво на хигиена, држат... Веројатно. :^) Мислам, мене ми беше гадно и само привидно чисто, онака зашлакано, ама еден колега што работел во други ресторани вика дека овде било пицикато, па не знам. Муабетов ми е, цело време се инсистира на тоа да се чисти и да се мете, а некои работи им немаат смисла, пример, чистат и работи ресторанот истовремено. Или работи или чисти, не може темелно да се исчисти ако пола машини работат, а другата половина не. Имаат едни крпички оставено, како сунѓери се, и наводно со нив да се брише, стојат во течност за дезинфекција. Еднаш бев до покасно, и земав една крпа, чистев нешто, и ја ставив кај нечистите. Вработена таму (веќе подолго време) ми свика дека после 20 часот немало веќе нечисти крпи, имало само чисти, и пак да ја вратам кај чистите. И објаснив дека тоа што го чистев е прилично нечисто и дека нема поента, ама ми кажа дека секоја вечер ноќната смена имала само 3 (?!) такви крпички за да го исчисти делот напред, другото морало да се пере. Кога отидов да ја вратам, навистина имаше само 2 внатре, односно 3 сосе мојата. :tmi:

    Не знам, не можев да ги сфатам, евтин е Мекдоналдс, ама има и многу ресторанчиња со готвена храна на некое исто или минимално поскапо ниво. И не можев да ги сфатам редиците од 50, 60, 70 луѓе пред каса, особено за викенди, сите со минимум нарачки од 30, 40, 50 евра. Навистина не би си го однела детето да јаде таму, тоа е таа брза храна, значи апсолутно нема споредба со Жужу, Вили и таквите слични... Тие повеќе ми се мене како места со добра скара, е сега калорично е, ама еден сендвич од Вили, онака наполнет фул, настеган со компири :D , ви гарантирам, значи ви гарантирам, дека нема повеќе калории отколку два чизбургера и мал помфрит од Мекдоналдс.

    Е мој совет - ако имате прилика, да ги пробате работите во МекКафе. Чоколадните крофнички, италијански бегел... Не се прават таму, (освен овој бегелов) се носат од некаде, не знам од каде, ама се многу повкусни и поздрави од нормалното мени. Исто така, сладоледите и МекФлури... најприродната работа таму, жими мене. :D
     
    На christinnn, Ketchup, Petunia-Queen и 6 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.496
    Допаѓања:
    165.950
    Пол:
    Женски
    Пред многу години, кога бев Охрид, купив едно минијатурно сендвиче кое беше одвратно и доста мрсно и почна веднаш да ми се лоши од него. Зедов и еден сок од таму знам со се то ... само како беше во та чашата беше убо, другото беше ист опис како за тој минијатурен сендвич.
     
  5. LadyNitro

    LadyNitro Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    31
    За нездрава, нездрава е хараната во МЦ, ама вкусна е :rofl: (мисламм, мене ми е вкусна).
     
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Само еднаш сум јадела тука и никогаш повеќе.
    Едно минијатурно сендвиче ми дадоа ич не ме најаде и искрено барем мене не ми беше вкусно.
    Не им е здрава храната (ниедна брза храна не е здрава ама за тука сум слушала претерано лоши работи).
    Не планирам повеќе да влегувам воопшто, има милион места по градов за јадење.
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Па и да сакаш не можеш да влезеш, цели три месеци ги затворија сите Мекдоналдси у државава.
    И јасно е бре луѓе дека е нездраво, и малите деца го знаат тоа, ама ако фатиме да затвараме се што е брза храна и не здрава у градов и државава, ќе останат сите на улица.
    Дај боже да го отворат гудис или нешто друго на негово место, многу луѓе остана без работа заради неговово затварање. Затоа што не ми изгледа дека пак ќе во вратат бренодов кај нас, очигедно немаат од нас ќар како што требало, кој знае.
     
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.907
    Допаѓања:
    132.742
    Еднаш јадев и некогаш повеќе.
    Не ме најаде, вкусно беше, ама и прескапо - за да бидам сита ми требаат два такви. Плус откако видов колку е штетно...ауууу.
    Ми идеше тоа мајките што ги носеа децата таму за коса да ги фатам.
     
  9. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Искрено премногу ми фали ресторанот!
    Често одевме во Мекдоналдс. Пилешката салата со сосот 1000 острови ја сонувам.
    Мек фреш сендвичите им беа феноменални, а и искрена да бидам еден оброк од нив ми беше сосема доволен.
    Питите од јаболка и вишна, сладоледите..
    Мали им беа само хамбургер и тост мини оброците, па порано од нив по два си нарачував. :lol:
    Со секој оброк по еден барбикју сос кој одеднаш го снема, па го заменивме со кари..
    Мх, мх, мх.. Убавина!
    И да не сум гладна, доволно ми е да се потсетам на храната која ја обожавав и цревата веднаш се јавуваат.
    Вкусот на сендвичите е уникатен и специфичен, компирите им се исто така посебни.
    Кога немавме идеја каде да ги наполниме стомаците одевме во Мекдоналдс, мене ми недостасува!
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Ама не ми е јасно, ако толку го критикуваат и ако ги трујат луѓето, зошто не го затворат?? :^)
    За ова мислам, што го прочитав на Црно-бело. |(
    Инаку незнам што ќе правам од следната година во Скопје бев McDonald's.
    Често одам, скоро секој ден после школо со другарките, ама и не јадам секогаш по цело мени да се разбереме, зошто е и скапичко. На пример јас секогаш јадам Chicken McNuggets со голем помфрит и голема Кока-кола и тоа е 5,99 евра. А кога немам толку пари, туку на пример само 2-3 евра си купувам салата која кошта 1 евро и е многу вкусна. Тоа ми се допаѓа што имаат 11 продукти за 1 евро. Имаат сладолед, мал пијалок, чизбургер, капучини и тако даље и тако даље. Исто така кога немаме прв час одиме на доручек и имаат тостови, кроасани, кајгана и др. работи. Е тогаш например јадам 2 тоста кои што се 2 евра, значи 1 евро е тост и сок од портокал кој е исто 1 евро. Во McCafe колачите и какаото им се многу вкусни. Таму од минатата година воведоа да има Babyccino и тоа е уствари млеко со пена одозгора и е гратис. :!: Така да ако немам пари, а ми се пие нешто во моментот, тоа си го зимам. Вработените не знаат, зошто како што напоменав погоре, секој ден сме таму и дури веќе на каса не не прашуваат што ќе порачаме, зошто знаат што јадеме. :D И заборавив да кажам, сега ти стигнуваат дома на врата попусти и тоа значи дека ако одиш тој период во McDonald's додека траат на каса ќе чекаш добар пола саат. Јас минатиот петок губев час и по традиција таму, цело одд. отидовме да јадеме и чекавме на каса 45.мин.
    [​IMG]
     
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Никогаш не сум јадела претерано многу во ресторанов од проста причина што знаев дека се прават некакви р'чки, а згора на тоа ми беа сомнители тие мали сендвичиња.
    Уште како дете одев таму, но искучиво за родендени.
    Најмногу ми се допаѓаше - лепчето само со кашкавал, сладоледот, а врвот им беше штрудлата од вишњи!
    :x
    Луѓе толку беше мала а превкусна беше, и се сеќавам до 7 такви штрудли купував, а некогаш и повеќе :$ :tmi:
    Омилен десерт ми беше дефинитивно. :rofl:

    Инаку, кога пораснав престанав да јадам таму.
    Годишно знак прашање беше дали 4 пати го посетував ресторанот и искрено ич не се каам што го затворија. Месото беше крајно сомнително, кока-колата со посебен преубав вкус исто така.
    Башка тоа сендвичињата минијатурни, дете од 6 години не се најадува а не па возрасен човек на кој барем 3-4 такви му требаат ако не и повеќе.
    Јади таму, дојди дома и сфаќаш дека уште погладен си станал.. :!:
     
  12. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    МекДоалдс е храна-пластика... и да, фабрика за загојување... порано сакав да одам таму, ама моите наоѓаа изговори и не одев. Еднаш или два пати дали сум отишла. :D
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Коа бев мала, таму ги славев родендените и баш ми фалат тие години! :D

    Штетно е, али вкусно е ептен нема шо тука. Штета што више го неаме. Али ете иаме Бургер кинг, слично е :)
     
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.907
    Допаѓања:
    132.742

    Тоа се добри родители 8)
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум била во МекДоналдс, а дури и да отворат пак, не би отишла.
    Подобро ќе си насадам дома бавча, ќе ја наводнувам и копам за да јадам нешто, отколку да јадам пластика.
     
  16. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Значи кога не однесоа на екскурзија скопј, ни имаја во Мегдонасл направено хамбургер.
    Не го изедов, леле со тој кромидот ова она.
    Бљак грозно :o:o
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Од Мекдоналдс јадев еднаш. Хамбургер. Не ми се допадна.
     
  18. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.090
    Допаѓања:
    26.923
    Никогаш немам јадено во МекДоналдс.Само лани на поминување во Бугарија зедов сладолед.Беше прилично убав,инаку брза храна немам јадено од МекДоналдс :) .
     
  19. Different7

    Different7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2016
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Јaдaм честo нaгетс, преубaв ми е:inlove:
     
    На BoyL му/ѝ се допаѓа ова.
  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Sme bile nekolku pati ama so drustvo i da kazam tolku se poznati za nisto :envy: poveketo od hrana im e neubava(n) a cenite sto da kazam visoki a barem da vredese ajt:tmi:

    Tolku poubavi sendvici sum jadela na obicni mesta,sto edvaj cekam da naminam pak.