Искрено, храната не им е ништо посебно, ич не ми фали што се затвори кај нас. И во странство кога одам, многу ретко влегувам, а купувам само сладолед, најубав ми е од целиот нивен асортиман.
Немам пробано подобар сладолед од овие синџири за брза храна од овој.. Има вкус на ferrero rocher, некој богат вкус на нутела.. не знам да го опишам баш.. кога го пробав прв пат буквално ми светнаа очињата кога и да го начекам, купувам.. А уствари вкусот на фереро е од овие италијанскиве И на нив се навлеков де
Лани кога бев во Романија шетавме во еден мол и таму седнавме да јадеме во McDonald's. Искрено, храната не им е нешто wow, не се сеќавам на цената ама беше башка скапо.
Освен по вкусната брза храна, McDonald's ќе го паметам и како првото место за вечерно излегување Инаку, најдоброто нешто според мене им е BigMac, италијанскиот тост и помфритот. Ненадминат е, толку вкусен, солен и тенко исечкан.. ми се пријаде
Не е дека не можам ама едноставно несакам да јадам брза храна обично ги одминувам не ми се и нешто превкусни
Наводно сопственикот на франшизата за регионов бил од Бугарија и не бил расположен за проширување за сега, јас барем така разбрав.