MC D'onalds Кај ја видов сега темава, кај се запустив. Значи ја обожавам храната таму, не јадам многу често ама дефинитивно е едно од моите омилени места за јадење, а јадам поретко затоа што настојувам да избегнувам брза храна. Италијанскиот тост оброк им е нешто најубаво, а компирчињата се незаменливи! Хамбургерот го сакам многу исто така...
MC D'onalds Според мене најубавата брза храна секаде во светот. Секако преферирам добри лазаљи и шпагети со италијански сос од друго место, но МС ми се незаменлизви за брза храна. Да точно е дека брзата храна не е здрава но мн понездраво е да изедеш еден хамбургер од сендвичара отколку 2 хамбургер оброка од МС. Јас апсолутно обожавам да јадам дупли чизбургер, биг мек, тост, и компирчињата со мајонез-павлаа сосот (sour cream). Сендвичите се мали но имаат доволно калории за да те заситат.
MC D'onalds Во Македонија многу ретко се случува да јадам во МС , порано со една другарка во средно стално после школо јадевме. Сега кога сум во странство многу често јадам , ги сакам тие Mc double . и јадев секој ден .
Пред се е тоа дека се нездрави за јадење,тоа е намбр уан,потоа,многу се скапи,мене сендвичите во McDonald's (Во Македонија) воопшто не ми се вкусни а за компирчињата се давам од било каде ,да морам да назначам дека хигиената е на многу високо ниво :up: ... За вкусот во странство немам комантар П.С. Утре одам во McDonald's да се најадам
Летово најмногу пари потрошив во MкДоналдс, секоја вечер таму јадев бе. И тоа не дека којзнае колку ми се јадеше туку ете ќе поминеме навечер од таму додека си шеткавме и ај на салата, ај еден чизбургер, ај McWrap.. после ми здосади само тоа па ајде секоја вечер си јадев различен сендвич, онака да си ги испробам.. да ги штедев парите што ги дадов таму, кола ке купев.. Mногу се бeзврска цените, ама не можам да одолеам па. Салатите и сосовите ми се слабост. Eдинствено нешто што не ми се допаѓа е помфритот. Oмилен сендвич - чизбургер, мало ама вкусно. Другите ми се онака, обични.. Mх..
Ајм ловин ит, дур не се направам како АМЕРИКАНКИТЕ, дебела како буренце П.С. Пошо не сум од Ск, јадам само кога дојдам таму, па не постои опасност од дебелеење
се шо е претерано лошо е.. баш глеав емисија за ова еден човек прифати предизвик 30 дена да јаде од мц храна.. и тоа.. доручек ручек и вечера.. 3тиот ден почна да поврака и да му се лоши и врти у памет.. убаво е да се јаде еднаш до 2 пати у месец.. али секој ден никако..........
Ко за промена ми е сосема ок, дури и би рекла дека си го рачунам ко сладок грев кој понекогаш сакам да го правам (ствам прсте во уста и трепкам манијачки со очите) Мислам дека во Македонија Мекдоналдс е навистина штета да се посети пред се заради тоа што во земја со толку убава храна, да скршнеш од вистинскиот пат и да смачкаш едно минијатурно хамбургерче со плескавица која и не е плескавица, е баш за онаква мајчинска реакција - каде си ти до сега? Евентуално, како тоа јадеш надвор кога дома сум ти зготвила манџа?! Море за ќотече е, ај ај Им го сакам МекФрешот, чииизот, вкусот на киселите краставички - уф толку се добри што една есен си направив исти такви, им го сакам помфритот, и им го сакам сладоледот. Пред се затоа што одамна ги нема оние старине автомати за сладолед, ви текнува? Сладолед, млечен впрочем како оној од Мекдоналдс, и обавезно чичето кој лелеаво го нанесува во вашиот корнет ве прашува - јагода/ванила или јагода/ф’стак? Епа ги нема! Што би рекол другар ми, давајте кондом, си Spoiler потсвршив
Ее, денес си бев во Mcd, малку да си се почастам после напорнава недела, одвај чекав да заврши четврти час и да си отидам во мојот драг Мекдоналдс и да си лапнам едно италијанско тостче со кечап плус, онака по мој вкус и со сок од портокал. Чудна комбинација, нели? И другаркиве ми се чудеа како не ми е гадно да јадам тартар сос и плус кечап, ама ете не ми е. Инаку за хранава во Mcd, си ја сакам а и кој млад не ја сака а богами и постарите ја сакаат, и нема рамен. Е сега малку со цениве претеруваат, баш преска и викам на оваа да ми даде кечап за со италијанскиот тост, требало тоа посебно, се наплаќало 10 денари. Ееј, мајката! И нема ништо испод 50 денари, океј освен сладолед во корнет ама кој ќе јаде сега на ладново тоа, да се испоразболам. Во право сте за тоа дека поарно да си отидам во 7ца и да се најадам како човек, ама што знам храната овде ми има некој посебен шмек, со сласт да јадеш е стварно. А за тоа дека не е здраво (како и секоја друга брза храна) точно е, ама ништо нема да ни се случи ако повремено си дозволиме едно вакво задоволство, нели?
Уууу обавезно одам во Mc, знам декане е здраво но просто е убаво и така понекогаш морам да отидам,душичкава да ми се освежи
ама си го сакам мц-то бе и најинтересно ми е коа искачам и имам меше големо. само тогаш го сакам зашто знам дека е задоволно и тоа конечно го изгладнувам секој ден
Јас сум анти-мекдоналдс-воман. Не бре, кога ќе го видам такво мало, тажно то хамбургерченцето, ептен тешко ми паѓа. Добра скара ми прави поголем ќеф сендвичињава. Најчесто одам ако некој ептен инсистира таму да јадиме, да не му го кршам атерот што би рекле постарите. Милкшејкови не сакам воопшто, од било каде и да се. Сладоледот од таму веднаш би го заменила со еден NIRVANA. Едноставно моите саливарни жлезди не реагираат на храната од Мекдоналдс.
Јас да си се пофалам(или не баш) у МЦ неам јаденооо..да не претерам 3 месеци .Мислам, кој не сака да јаде од таму али се трудам до некаде да избегнувам фаст фуд у последно време иначе умирам за италијански тост,би изела 5.