Е тоа со роботите се согласувам . Секогаш ти повторуваат по двапати .. Се вртат некако на роботски начин Но сепак не се тие криви . Така им е наредено ...
Ако од некаде не сакам брза храна тоа е од МЦ....бедно сендвиче, едно плескавиче да ти е жал да каснеш, треба како анорексична да грицкаш по малку и да го залажуваш желудникот. Компирчињата се вкусни, прав помфрит , ама па количината пак им е бедна, да ти е страв да понудиш некој ако е со тебе, зашто ќе си останеш гладен, не дека ќе се најадеш, ама онака скржаво ќе си го чуваш кутивчето.... За цените да не зборам, кражба, жива пљачка ...за ти е пари кај чичко Стоилко има да се накркам, па и ќе се прејадам и кусур ќе ми остане. Јас го прескокнувам, или уште подобро го игнорирам дека воопшто постои.
Избегнувам да јадам од тука, бидејќи на мојов желудник посебно навечер му смета кромид. Сендвичињата ми се за ко пред јадење, јадам и за неполн час пак сум гладна. Вака ќе се земеш од кај Вили една лесковачка и ќе се најадеш ко човек или од било која друга сендвичара. Само за сладоледот кревам палец.
Порано со другарка ми барем еднаш неделно одевме, сега не сме биле кој знае од кога. Го сакам само италијанскиот тост. Хамбугерчето да ми даваат пари, па нема да го каснам, одвратно. Не ме најадува ама кога сакам да си го залажам стомаков дур си дојдам до дома арно е.
Порано, посебно додека студирав знаев да отидам на оброк барем еднаш неделно може и повеќе пати ... Посебно Мек фреш го јадев ... А сега одамна не ми текнало ...иако ми е на десет минути пешки тука ич не ми се јавила желба. Како и да е еднаш до два пати месечно да се по частите со оброк од Мек Доналдс е ок, да се разбие монотонија во готвеното домашно јадење, мада второво е поубаво и поздраво.
Во Mc'Donald се е убаво освен компирчињата Секако домашните пржени компирчиња ми се највкусни па сакам да кажам дека тие компирчиња во споредба со домашните се компир т.е. 0
обожавам да јадам во мекдоналс најмногу јадам италијано обичен тост а покрај тоа си порачувам павлака мајонес за со компирите и баш сега ми се пријаде а да ви се пофалам ја будала идам у мекдоналс со другарки и јадам што јадам тост италијански и после си нарачувам обичен тост и после уште еден и тоа 3 тоста другаркиве мои ме гледаат и ми се смеат а јас ко трудна некоја јадам срамотилаци иако знам дека не е здрава храната јас си уживкам јадеќи ја
Немам јадено со огиди тука а и тогаш кога јадев не ме најадуваше ко закуска ми беше а не пак сега......иначе им го сакам сладоледот мекфларито милкшејкот и помфритот им е многу убав
ахх зависна сум од сендвичите не можам да го извадам од глава тој хамбургер оброк,тие фкусни компирчиња и кока колата ммммм
Уф уф да имам сега еден Сакам да јадам во Мекдоналдс,но не да претерувам на секое одење накај град.Обично зимам стандард хамбургер мени со вестерн сос и слатко-кисел сос.
Абе све јадам. дури и тоа Veggieburger што очекував дека ке биде многу гадно зошто самата помисла дека е зеленчук ми се допадна и тоа премногу
Искрено ми се плаче кога треба да дадам пари за во МекДоналд. Го сакам италијанскиот сендвич заради сосот. Тие поголеми бургери имаат некој интересен вкус ама 200 и кусур денари за едно сендвиче не ми се дава бре па ни дете од 5 години не го најадува тоа. Плус се им е вештачко, што од што понездраво. Затоа максимално пробувам да избегнувам да јадам таму. Голем респект према сладоледот. Млечен и прекрасен, а плус само тука има сладолед во зима, ПМС кога ќе те здрма.
Сосот е нешто како тартар сос ама поредок.Најди рецепАт на нет, и направи си го. Имам направено, само мене погусто ми излегува, можеби дека ставам повеќе краставички.
Аааа да ми извиниш Биг Мек оброк мене ме најадува исто како и сендвич од 7 или Вили. Ако не те најадуваат големите оброци, значи ти од овие другиве сендвичари нарачуваш еден голем сендвич плус тост за репете. Не одрекувам може навистина толку јадеш, еве на пример Петко зема голем оброк го смачкува и уште му се јаде, а јас сум препуна, но он е скоро дупло потежок и 20 сантима повисок, а мушко е, логично е поише да јаде. Тоа дека не е здраво и вештачко точно е, ама вкусно е пустото.
Се трудам да не јадам често зошто е калорично, плус скапичко за нашиот стандард....... Ама, ако веќе се решам за брза храна,јадам само во McDonalds.Највкусно,чисто и проверено.. Мхх..баш би мавнала сега нешто, било што од Мc...
Оу не да си мцкам од МЦ! Апсолутно поддржувам ваков тип на храна, по принципот - ретко јади, ама ако јадеш, да ти се слади! Секогаш кога ќе ми се пријаде, си купувам италијански тост оброк, иако тостчето е тостенченценценце и има малку чудникав вкус, некако неодолив е Во комбинација со спрајт, и плус само хамбургер сендвич и раат сум. Некогаш си нарачувам и пита со јаболко, и најсмешно ми е кога ќе ме прашаат: Ќе почекате 6 минути? Пошто, нели брза храна, сеа кај 6 минути да чека човек! У лето стално им таманам сладолед со криспи трошки, сладок ми е. Нагетсот еднаш ги пробав со кари сос и не ми се бендисаа нешто многу, така да на проверена комбинација си одам и се радувам ко мало дете. Умереност е клучниот збор.
И јас сакам сега еден ваков , иако најчесто јадам чикенбургер. Незнам зошто, со тоа почнав и еве и ден денес редовно тоа го јадам. 2-3 пати сум пробала Биг Мек, сладоледчето на МЦ го јадам и тоа. Добро, секако и хамбургер сум пробала и тост. Друго, да бидам искрена не. Ретко јадам таму, а кога јадам-јадам како што пишав чикенбургер! Мх мх мх... Како би, сега еден!
Секој што некогаш се хранел во MC, нормално е да знае дека се мн. калорична храна, нездрава, дебелее. Значи си пишува позади колку калории содржи во едно нешто, не се чудете. Додуша и јас се зачудив кога летово се здебелив во мевот, е од кај ми е, де од Рекорд ми е, кај што свети и пише McDonald's! Прво да почнам, од хамбургер оброк. Точно е дека е 10 залаци,дали и толку, но во комбинација со помфрит и фанта, стомакот нема да ми кркори минимум уште 3-4 саати. За залажување :up: . Второ, Биг Мек и Биг Тејсти и те како ме најадуваат. Искрено, ко збумбарена и презаситена сум откако ќе го изедам. Не знам за вас, кај мене е така. Дали лесно се презаситувам и сл. али сигурно ќе истрпам и нема да останам гладна ако каснам ова. За другите тралалајки у смисла тост, чизбургер, сметам дека се само за залажување. И нема да ти помогнат ако „идеш во MC за да се најадеш“. За најдување горенаведените. Ми се сака сега бар едно хамбургерче де, ај малце лиги да пуштам. И се знае, ако се претера ... ТАДАААААААААААМ:
Што и да е, битно од McDonald's да е ^^ Често го посетуваме со другарките. Ако не секоја, барем секој втора недела Најчесто јадам хамбургер оброк, а ако не јадам хамбургер, тогаш си зимам тост, чизбургер, биг мек, италијански, мекфреш или чикен. За десерт си зимаме обичен сладолед, сладолед со прелив или мекфлари. Знам дека е нездрава храна, ама вкусот е толку посебен, што едноставно не можам да му одолеам