Сум пробала не еднаш, 100 пати ама не е тоа тоа. Исто и со компирите, долго време бевме цело друштво во заблуда како може да им бидат такви преубави кога ќе купиш од супермаркет во цело кило замрзнати пак не се такви. И после дургарка ми работеше таму едно лето и ни ја откри тајната: ги пржеле со свинска маст!
Не ги пржат во свинска маст,туку во палмино масло .Кога е на ладно ,палминото масло изгледа исто како свинска маст.И не само во Мек .Д. туку во сите сендвичари(поасалните) помфритот се пржи во палмино масло,затоа е толку вкусен.
Mc Donald's ууфф, мојата најголема љубов од брзата храна.... Веќе неколку месеци „апстинираме“ со дечко ми од ова место. Пречесто одевме (некогаш и по 2 пати неделно, многу е тоа за брза храна) и уште не одиме. Инаку, тостот им го обожавам. Нема апсолутно ништо посебно во него-само кашкавал-ама е проклето вкусен. Сакам и чизбургер, и Мекфреш оброк. Ух, ми се пријаде нешто од таму, што и да е....
Од Мекдоналдс ми се допаѓа само милкшејкот од чоколадо и помфритот. Сендвичињата ми се премали, прескапи и ми немаат некој особено убав вкус. Посебно кога ќе начекам од оние мали кругчиња краставичка во некое лепче, се бројат на прсти од една рака, се чувствувам уште потажно и посиромашно. Јадам премногу ретко во МcDonald's, еднаш во 5-6 месеци и мило ми е поради тоа.
Само 2 пати во мојот живот сум пробала во мек доналдс и никогаш повеќе, затоа што храната им е Толку од мене.
во мек доналдс имам јадено само 2-3 пати. Не дека храната не ми со допаѓа туку пред се затоа што тие мали сендвичиња можат само да стигнат меѓу заби но никако во желудник. Навистина не ме најадува еден па треба да нарачувам повеќе а и не се нешто ефтини. Така да пред се кога сакам да јадам сендвич идам во седмицаи таман ми е
Го обожавам италијанскиот оброк т.е. тостот баш заради сосот гледам не сум единствена инаку и јас имам слушнато дека се вика тартар сос и таков сос во мала тегличка се продава во жито велес (кај билна аптека) го видов лани пред нова година може уште го имаат тој производ. И не ме најадува ама е превкусен исто и чизбургерот и хамбургерот,само тоа имам пробано од МЦ иии сладоледот. Се е превкусно ги обожавам и компирчињата и сендвичите со преубавите сосови дури и сокот измешан со вода(мразот) мислиш повеќе мраз има отколку сок ама ајде.. Иако цените се солени во однос на оброците јас секое мое излегување надвор најчесто таму јадам ем ми е убава и вкусна храната ем има атмосфера топличко е убаво додека во Шеќерезада има каде каде поевтин бурек (денари се во прашање) ама нема атмосфера не е удобно за седење и ред други работи ..
Јас не купувам многу од мекдоналдс . имам само 2 пати купено и храната ми се бендиса односно то што го јадев а незнам за други јадења . можеби се грди
Мојот најголем порок, мојата најомилена калорична бомбичка Колку повеќе сакам да му откажам љубов, толку повеќе ме привлекува. Мек = дрога!
Не се нешто посебно добри, незнам стварно зошто толкава галама се крева околу мекдоладс. За тие 80 ден што ќе ги дадам за хамбургерче малецко што нема шанса да ме најаде, ќе си купам нешто подобро и не толку гадно и калорично. Ги сакам само компирчињата и милкшејкот... Некои работи од мц, ми се толку одвратни што незнам како ги јадат....
Не се исплати да даваш пари за тоа што ќе го добиеш, факт. Премали оброци со високи цени. Имаат тефтер како демек да пишеш пофалби, поплаки и забелешки и можеш да приметиш дека сите се жалат на високите цени, овие абер си немаат да ги намалат, туку баш спротивно ги зголемуваат. Ама бре ко за инат, секогаш има гужва. Не викам дека не јадам, напротив јадам барем еднаш неделно. Не знам зошто, не е толку вкусно, но не можам да гледам некој како јаде, а јас да не си купам. Заразно ми е, што знам.
А-уууууууууууууу обожавам да јадам во МЦ. На храната и имаат шибнато цена 2-3 пати повеќе отколку што вреди, но премногу е вкусно, така што никогаш не викам дека безвредно сум ѓи фрлила парите. За одржувањето на хигиената - секоја им чест. Секогаш средено, чисто.
Мислиш не сум го пробала? хахах одма со дечко ми отидовме и јадевме и тоа поише пати.. НЕ МОЖАМ!! СЕ ТОПИ У УСТА! НЕ ЗНАМ ЗАШТО АЛИ МНОГУ МИ Е УБАВО ДА ЈАДАМ.. Едно време го баталив, пошо се здебелив, и сеа пак почнав.. не сакам да забегам.. чизбургер, компирчиња, кока кола, и павлака мајонез мммм!!
Ми се допаѓа храната во McDonald's, не користам баш баш многу често, ама кога сум тука применувам по 1-2 пати неделно, колку да сменам нешто, а и ме заситува...