И покрај тоа што морам да им го пофалам помфритот, ќе се пожалам, како и многу други, на цените. Баш поради нив скоро никогаш не јадам таму. Прескапо е за такви мизерни порции и просто се чудам како некој постар од 12 години воопшто може да се најаде таму, а да не потрошо мало богатство.
И лајк и дислајк,штета што заврши ама кога ке размислам малку повеќе, подобро е така, сега нема да паѓам во искушение за 120 да си јадам БигМек, бидејки сигурно не сум толку зависна од него па да дадам 250
Како мала обожавав да одам во Мекдоналдс. Колку родендени се славеа на времето таму, колку ли играчки имам од тие ланч пакетите што сега дома фаќаат прашина, колку ли нездрава храна имам изедено... Не се сеќавам кога последен пат сум била, избегнувам да одам таму. Кога сум низ Центар во гужва, и морам некаде да јадам, пре би избрала да каснам некоја тазе баничка, лиснато со виршла и сенф, или пита во Вегера, Специјал, отколку да одам во Мекдоналдс.
Сендвичи од Мкдоналдс - никогаш. Порано имам јадено ама веке нееее Сендвичиве мали - не вредат за тие пари, така да како што пиша феминката од погоре , боље бурек него толку пари за еден мал сендвич.
Имате вие многу среќа...двапати имам јадено од мц и постојано повраќам..има некоја состојка која постојано ме тера на повраќање..освен од помфритот..ама и него многу ретко го јадам..
Desertite im gi sakam apple pie,isto taka i sladoledot mi se dopagja,inace sendvicite se da povratisss
Не дека не јадам, ама толку се калорични, а после пола саат пак ти се јаде нешто. Значи ем ќе напукаш калории, ем не се најадуваш. Нема логика Јадев 2-3 пати Big Mac додека траеше таа понудата 2 за 1, а инаку јадам или чизбургер или италијански тост. И искрено кога ќе се сетам дека давам 90 денари за чизбургер, а за 100 можам да изедам вистински хамбургер кој иначе има помалку калории од овие и плус ме држи сита со саати, ми иде да се
Со дечко ми, па и со колешките некогаш, си имаме традиција звана „Провинцијалци во Скопје“ т.е. нема да не поминеме од кај МекДоналдс, а да не влеземе. А поминуваме секој втор ден. Заразни се бре сендвичиве, ама заразна им е и цената. Doesn't matter, had sandwich. Зимава знаевме и по 800 денари на оброци да лупнеме. Плус сладолед и/или фрапе. Ако, мила душа. И да добиеш срцев удар - колко можеш ќе се спасиш. За чудо, доволен ми е и еден МекЧикен за поголемиот дел од денот да сум сита. Не знам колку сте ја пробале новава измислица со питите со ванила и цреша, ама совет - немојте. Зошто се срање, болдирано срање! Решивме ај пред некој ден ќе пробаме. Среќа купивме само една. По 2 нецели залчиња ја фрливме. Мајка ми такви питички со ванила и потполно ист вкус купува од Тинекс, 500 грама за смешни 60ина денари. А овие едно парче ќе ми го продаваат за 50, со тоа што малку вишничка ќе додадат на краевите. Немој не ме радуј. Храната е вкусна, ама цените и големината вриштат. Светски стандарди на Македонска плата не иде.
Мене воопшто не ми се свиѓаат.Имаат некои чудни вкусови,од сендвичи,до благо. Единствено кока колата има квалитет,за разлика од тие во продавниците. п.с 90 ден се ништо.тука се едно 5-6 евра.и за тие пари богами 5 пати ќе си се најадам асолно.
Се работи за вкусови ама мене Мекдоналдс уште од првиот пат кога сум ги пробала ми се одвратни. А има и луге што не им се допагаат ама ете филм им е. Сега кога бевме на апсолвентска екскурзија од толку избор на храна, тие застанале прашуваат во секој град Мекдоналдс кај има. Ај за тоа здраво нездраво ако гледаме така се е нездраво. Башка мразам да залетувам на Амерички срања (се што е за нив убаво потценувам)
За цената не е којзнае каков оброкот ама што е вкусен вкусен си е. Премногу ми се допаѓа тост оброкот и Фантата им е рај Одам во сабота !! ЈЕЈ!!