Вкусни се сендвичите и тостовите, ама кока-колата е ужас. Нема никаков вкус, како да е 20% кока-кола и 80% вода. Порано често јадев од таму, ама сега многу ретко. Има право cigarce “Седмица“ е местото ако сакаш навистина да се најадеш. )
Во McDonald's јадам само кога не сум многу гладна, значи онака нешто како ужинка. Најчесто јадам McFlurry и италијански тост Пред неколку дена во Виена јадев некој Ројал Хамбургер и баш е вкусен! Незнам дали го има во Македонија, но мислам дека го нема.
мене од McDonald's најубави ми се сладоледот, компирите, хамбургерот, и џусот од портокал цените и не се толку страшни во споредба со оние во Белград...3 евра плативме за хамбургер оброк ист како кај нас..само не беше како оброк, туку купувавме посебно сендвичот компирите и сокот
Не би да мрчам или да расипам нечие задоволство ама незнам колку од вас се запознаени со фактот дека мек доналдс место месо за своите бургери користи тн пинк слајм. Тоа ви е практично нешто многу полошо од паштета, значи остатоци од месата кои не се користат или како такви се користат во храната за миленичиња. Притоа со затоплување се дели месото од салото и она што ќе остани се мие со амониа гас за да се убиат бактериите во него и му се додаваат вештачки бои за да добие боја на вистинско месо. Е потоа си се прават најубавите бургери кои сите си ги јадиме. Сега демек од мај некаде престанаа да го користат овој метод,те нема да користат повеке пинк слајм, барем така објавија некаде во Америките, ама искрено се сомневам дека толку лесно ќе се откаже ваква компанија од лесен профит. А особено во земји како Македонија. Најстрашно е што сето ова е јавно и дозволено.
McDonald's тука во Битола нема, па затоа во Скопје кога јадев, бев повеќе од воодушевена мислам дека беше околу 90 ден, чизбургер, компирчиња и кока-кола, прекрасен оброк.. единствена замерка ми беше што има премногу кока кола а премал чизбургер, ама сепак најадува исто така многу ми се допадна хигиената во вецето, дури и кога влегов ги затекнав чистачките каде што ги светкаат плочките и огледалата а за нездрава храна, тоа се сложувам ама мислам дека не е толку лоша ако се јади 1 неделно или во мој случај 1-2 месечно
Факт е дека кај нас се издига ту мач, па специјално луѓе доаѓаат во Скопје за таму да јадат, а во Америка не ни го сметаат за фаст-фуд ресторан. Ствара некоја зависност, сега за среќа подолго време немам јадено таму. Како мала воопшто не ги сакав родендените што се правеа таму од причина што не ја сакав ни храната, а пред некоја година две опасно се навлеков на МЦ па знаев и по неколку пати во месецот да си се почастам. hock: Точно е дека во 7мица сум сита и со половина хамбургер за многу помалку пари, ама да бидеме реални, вкусот не се споредува. Им го обожавам милкшејкот за некои 69-89 денари, зависи од големината, а помфритот е незаменлив!
Aбе за вкусни вкусно е, за скапо скапо е, мене лично не ме најадува, јас да си збориме реално не јадма како врапче, да седнам во Mегдоналдс, мене ќе ми требаат 2 оброка да се најадам ко чоек, па и може 3 хамбургера, ептен се мали, јас си јадам. http://www.youtube.com/watch?v=udnYdSy0tMQ видете го видеово
Имам пробено многу пати али цените се ...Имаат многу убав милкшејк и салдолед. Во McDonald's имам јадено 3-4 пати само. Секогаш сум зимала big mac и секогаш оставав по малку, неможев да го дојадам. Spoiler
За сите љубители на Мcdonalds од 6 Септември имаат супер промoција, 2 BigMac по цена за еден, т.е пати еден земи два И секој сендивич ќе биде по 30, 35 денари. Информација од прва рука
Мхммм, значи тоа ке бидат тие топ цени по повод од незнам која годишнина од постоење. Епа Like, значи ке ги посетуваме за време на акцијата!!! хехех
Обожавааам да јадам во McDonald's порано само хамбургер и чизбургер јадев ама сеа почнав да испробувам други работи. McFresh-oт е прекрасен а исто и McWrap - иако е преголем и сигурно сум како свинче кога го јадам и сега на 6-ти ќе се фрлам на бигмек, а послем на диета- што да се прави
Можам да кажам дека храната во McDonald's е навистина многу добра, но за тие цени некако според мене е многу мала-оброците се мали. Инаку хигиената си е на ниво.