почна ли некој да ја гледа серијава ? турска верзија на округот оринџ, ептен модерна и гламурозна серија , оваа мира е уствари јешим од лале а има и др познати
уште не игра кај нас , само што започна со емитување во турција 2 епизоди има до сега, игра секој петок во 20ч по турско време т.е кај нас во 19ч на стар тв http://www.startv.com.tr/dizi/medcezir
Почнаа да ги преведуваат, само мене место не ме држи, си ја гледам и на турски и покрај тоа што ништо не разбирам. Не е проблем, и 2 пати ќе ја гледам. http://www.youtube.com/user/medcezirine ... ture=watch
и јас неможам да чекам и си ја гледам на турски, реално поише турски разбирам него англиски ахах, инакуу многу добро се одвива серијава а глеам и рејтингот им е јак
Девојката (Хелена ми се чини) што ги преведува епизодите на фб страната (for english speakers) речиси напоредно и во тек со новите епизоди, секоја чест. На јутуб гледаноста им е огромна, последната епизода за 1 недела над пола милион ја изгледале, и повеќе. Сите ликови ми се океј, само мајка и на Мира глуми толку вештачки, онаа сцената во болница кога му се развика на Јаман ја одглуми без никакви емоции. Мајката на Мариса во оригиналот одлично ја играше улогата. Мерт ми е смешки, поинтересен од Сет во оригиналот. Јаман и Мира се бомбона.
и мене суде ми е некако без веза, мн рамнодушно глуми, јаман и мира сее врвот на серијава оф какви беа кога пееја заедно( во сонот на мира) совршен пар ми се, а мерт е цепки у секоја епизода, оркун е идиот невиден ... сеа за сеа серијава ми е супер
Преубава серија, конечно најдов време да ја гледам и се каам што не сум почнала порано.. Спрема оригиналот, можам да кажам дека турската верзија повеќе ми се допаѓа, се на се добра екипа, единствено Чагатај ми е совршен за улогата на Рајан/Јаман, актерот е сон.. не можам да му се изнагледам Инаку не ми се допадна изборот за Мариса/Мира.. Не ја сакам Серенај како актерка, многу бледо ми глуми.. и не ми е воопшто убава, уште од Лале не ми остави впечаток. А и Сет/Мерт иако интересно глуми сепак требаше да одберат некој позгоден актер, Адам Броди во О.К. беше лепотан. Актерката која ја игра Самер/Ејул е преубава, а особено ми се допадна изборот на таткото и мајката на Мерт.. Ќе продолжам да ја гледам со сигурност, засега го има целото внимание кај мене.. Инаку да ја пофалам Ау Јапим продукција, никогаш не изостанува со преубавата сценографија, куќите, ентериерот, модата на глумците се на врвно ниво.. во тој поглед го надминаа оригиналот.
Каде ја гледавте серијава? На вообичаените страни е отстранета поради копирајт,ја најдов на efilmovi.info ама многу е лоша снимката. Англиски,српски,бугарски превод,ако има некаде,споделете. А прејака е,знам пред некој ден заврши,и како што видов според сликите имаше среќен крај,за разлика од ОС.
Еве овде можите да ја гледате со превод и одлична снимка.. Фалат уште последните епизоди но сигурно ќе ги објават наскоро http://medcezirsaprevodom.weebly.com/medcezir.html
Алал да ти е,јас вчера на movtex гледав,ама на твојов линк снимката е ептен HD.Ти благодарам Штета што не сме ја гледале во исто време,ќе си коментирам на темава сама,бидејќи не можам без тоа
Нема на што Јас чекам да ги догледам уште последните епизоди и потоа стартувам да ја гледам одново Традиција ми стана сите серии што ми се омилени да ги гледам уште по еднаш така да пак ќе си се дружиме во темата
Е ова веќе ми се допаѓа Огромен фан сум на Округот Оринџ,стопати ми е изгледана и прилично сум сигурна дека и оваа нема да ме разочара. А на Јаман не можам да му се изнагледам,толку е прекрасен
Одамна ја гледав OC не ја ни паметам, планирам да почнам да ја гледам после Медчезир да видам дали има сличности но колку што се сеќавам мислам дека многу малце искористиле од нејзината содржина. Турците ја обработиле многу подобри и побрзи дејства, а актерксата екипа е за максимална пофалба.. Чатај е совршенство Момчето од соништата на секоја девојка Кога зпаочнав да ја гледам малку бев скептична за Серенај во улогата на Мира но потоа се покажа одлично, не можам да поверувам каква хемија имаат со Чатај.. за момент забораваш дека гледаш серија си мислиш дека е реален живот Инаку мене омилен ми е ликот на Селим - Бариш Фалај, човекот може да е постар ама е згоден упм.
Ја гледам оваа серија уште од поодамна. Многу е добра. Ја гледам онлајн, на balkanje.com ,со српски превод, а и сликата таму е со врвен квалитет. Секоја недела ставаат по една епизода. Стигната сум до 70 епизода. Ми се допаѓа тоа што серијата не е како класичните турски, со една иста содржина, односно ефтино направени. Во оваа серија често се случува некој настан интересен, а актерите знаат тоа убаво да го изнесат и одглумат и далеку од тоа дека серијата е аматерска. Не гледам обично турски серии, но оваа не ја пропуштам. Убава, интересна, урбана и модерна серија за животот на неколку богати семејства, а наспроти нив и сиромашните. Но некако пробуваат да ги избалансираат класовите разлики и да функционираат како едно.
Изгледав 27 епизоди и мислам редно е да пишам првобитни впечатоци и да направам една општа споредба Навистина заличува на Округот Оринџ,и ликовите се слично доловени и дел од случувањата.Е сега,Турците имаат поинтересно дејствие и многу поголем талент да го опишат карактерот како и да ја покажат емотивноста. За Чатагај се знае дека е презгоден и се по ред,ама ликот на Јаман воопшто не ми се допаѓа.Мислам дека и Рајан не го преферирав.И двајцата се многу насилни и агресивни,а истовремено наивни,не слушаат,ете прави дивјаци.Јаман на почетокот ми стоеше многу мирен,ама често избувнува и не слуша никого,а кога станува збор за искажување чувства,тогаш е крајно затворен и повлечен. Од друга страна,Мерт ми е срце најубаво и еден од омилените ликови.Толку е енергичен,душата да ти се осветли само што го гледам.Исто и Сет беше таков и затоа го обожавав За Мира бев многу скептична,бидејќи не ја познавам Серенаја,ама ми имаше ужасно антипатична фаца.Ме изненади пријатно и не знам дали е до мене,ама многу ми личи на Серена ВандерВудсен од Озборувачка,иста фризура,исти погледи и фацијални изрази,само што Мира е многу поведра и посимпатична.Со Јаман уште не ги привикнувам,со Оркун дефинитивно повеќе ми одговараше,ама можно е да си го променам мислењето во иднина. Најомилен лик ми е Селим.Мислам дека не треба да се објаснува зошто,настрана што иако е постар,е прилично згоден,тој е толку ведар и мудар,млад во душата,а со искусен мозок. Мерт личи на него Неговата хемија со Ендер е неверојатна.Од толку серии што имам поминато и разни видови на бракови и врски што имам сретнато,нивното е нешто единствено и мислам потајно секој би посакувал да биде како нив,онаа вистинската љубов баш е прикажана како што треба. Исто така мора да ја пофалам модата во серијата,Мира ми се облекува совршено со многу посебен стил,а и Ејлул е интересна.И неа ја заборавив,со Мерт се савршени пар Мислам дека е доста сега засега,ама секогаш може да ми се промени мислењето,уште бајаги епизоди има.
Се преплакав на крајот од 1 сезона и почетокот на 2ра.Епа стварно не е фер,не дај боже да ти се допадне некој лик...