1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Mexican taco

Дискусија во 'Рецепти' започната од blondini, 22 јуни 2011.

  1. blondini

    blondini Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    10
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Имаш се готово да се купи. Тортиљи имаш во сите маркети а најубави се во Кам маркет околу 80 ден мислам дека беа. Тако сос, сос за тортиљи и што ли уште не имаш во Тинекс.
    Еден мој рецепт за филот внатре - ситно исецкано на коцки свинско месо пропржено со лукче во маслиново масло или зејтин, на коцки исецкан патлиџан, краставица, луто пиперче, пченка и сето тоа го мешам и зачинувам со готов лут сос кој го земам од Тинекс.
     
  3. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Такото( тортиљите) ги купуваме готови, а во филот ставам: лист марула,испрежено пилешко месо( мало парче) пресечен домат, чили сос (1 кафена лажица) , кисела павлака( 1 кафена лажица) тоа е се :)
     
    На joy1 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  4. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Обожавам мексиканска храна, понеделник трчам до кам да си купам тортиљи! Како не сум знаела досега дека има :o
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    А за малку помрзливите и неталентираните каде има да се јаде готова, т.е во кој од рестораниве има најубав тако! ЈАс знам само за мексикански ресторан, можеби има и на др место знае ли некој????
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Состојки

    1 супена лажица растително масло
    1 кромид, исечкан на коцки
    1 зелена или црвена пиперка, исечкана на коцки
    ½ до 1 чили пиперче
    ½ мала лажица мелен ким
    ½ мала лажица коријандер
    ½ чешне лук, здробен
    малку сол, бибер и шеќер
    лименка домати од 400 гр (или пире од домати)

    Подготовка

    Маслото ставете го во тава и загрејте го на слаб оган. Додадете ги кромидот и пиперката. Пропржете ги со постојано мешање, додека да омекнат. Ситно насечкајте го чили пиперчето и заедно со кимот, коријандерот и лукот додадете ги во тавата. Пржете уште околу две до три минути со постојано мешање.

    Во претходната смеса додадете малку сол, бибер, шеќер и лименката домати заедно со сокот (или пире од домати). Варете уште пет до шест минути (додека смесата не згусне) на тивок оган. Во зависност од вашиот вкусот, можете да додадете повеќе зачини.