Во четвртиот квартал од 2021 година, Xiaomi постигна најголем раст на продажбата на часовници и паметни нараквици во Централна и Источна Европа. #1
Xiaomi redmi note 10s Xiaomi note 11 Xiaomi redmi note 9pro Кој од овие? Хелп плис @Billy Idol Ми треба телефон за мнооогу документи, слики и звучникот да е добар 24/7 слушам јт на моб
Сите се океј, единствена разлика е во chipsetот и Redmi Note 10s има само 6ГБ Рам и нешто повеќе MP камера. Јас користам Редми Ноте 11 до сега презадоволен, 4GB/128 за документи има доволно и плус 50mp одлична камера.
Ја би одел од овие на Redmi Note 10s ако е со 6/128ГБ РАМ/РОМ пошто има подобар чипсет од Redmi Note 11, а има Амолед екран што го нема Redmi Note 9 Pro. Па е како најдобар избор, со најдобри компромиси од сите 3. Ако сакаш повеќе мултитаскинг, т.е. побрз телефон што нема да ти кочи, а камерата не ти е толку битна, разгледај ги и Poco X3 NFC (732g), а посебно Poco X3 pro кој има Snap 860 процесор, многу е побрз од останатите. Е нема па Амолед екран од друга страна... Звучникот на сите е тој, просечен, но добар и гласен. Нема тука многу избор.
Не е за тука ама еве додека ја чекам платата си размислувам, huawei nova 8i? Што ќе кажеш за телефонов?
Прескокни го. Тој процесор S662 е премногу стар. Го имаше на Редми Ноте 7 уште и во 2022 нема да врши работа, а што да се рече за по две години. Прва работа долгорочно кај мобилните што треба да се гледа е процесорот. Софтверот им е втора маана. Т.е. нема гугл сервиси. Иако се може да инсталираш и средиш сега на Хуавеи, може некои ситници или некоја апп да ти притреба, а да не може тоа да го направи телефонот. Сакав јас P40 pro да земам, ама ова ме отргна. Камерата од друга страна треба да е одлична за таа класа, ама по тоа што го видов на ривјуа, софтверски не е средена добро, па којзнае во кој апдејт ќе ја поправат. И на крај, најлошото нешто е што телефонот доаѓа со Андроид 10, кој е веќе застарен ОЅ. На есен ќе излага 12-ка, а овој нема ниту 11-ка.
Мислење за Mi TV Stick? Имам еден не многу стар Sony Bravia тв ама не е смарт, па се мислев за овој уред за да имам пристап до нет, апликации и сл.
Добар е. За тие пари подобар од ноу-нејм Андроид боксовите. За медиа е добар, Нетфликс, Амазон, Дизни+, Коди секако. За игри ако ти е, подобро оди со Ми Бокс.
Која е разликата од Mi Premium Shop и Mi Store? Дека еден ист телефон различна цена има, јас мислев една MI продавница има во ГТЦ.
@Billy Idol хееелп! имав xiaomi 10s бев задоволна за тоа што користам моб, звукот ми беше одличен, камерата добра самите алатки за едитирање од моб ми се допаѓаа мн, меморија имав за се што ми треба.... ама ми се расипа, за ептен кратко време(ми падна во море). ....сега се мислам да земам xioami 11s. како што гледав по спецификации се слични така да мислам ќе ми одг и тој.. што мислиш?
Леле... Абе нели ти сеа го купи? Ц ц ц. Трагедија. Види Редми Ноте 11 Про или уште подобро Ноте 10 Про ако ти одговара со цена. Не дека овој 11ѕ е лош, ама гледам доста скапо се продава, а не е ништо посебно. Овие горе се подобри.
Епа тоа е кога си несмасен......... Инаку 8месеци го имав така нешто а баш ми беше океј. 15тина илјади е ... тоа е скапо за него? баш ќе ги ѕирнам и овие