Не знам што би можело да е ова. Единствено вака да тестираш дали работи камерата. Исто да видиш дали со други апликации може да снимаш видео, преку Фејсбук, Инстаграм, Тикток. Може да е и хардверски проблем.
Бидејќи веќе направив фактори ресет а проблемот не се реши ќе го носам телефонот на сервис. Се уште е под гаранција телефонот но претпоставувам дека овој проблем не покрива гаранцијата... Фала многу Били
Се зезнав што купив Шаоми телефон. Крајот на декември го купив, нема ни три месеци, батеријата се троши ко луда, одвај издржува еден ден. А главно за зборување и за сурфање на нет го користам, инста, фејс, форумов. Музика не слушам на телефонов, ниту пак имам игри. На работа ретко го користам, ако ме побара некој, имам службен телефон. Еве, пример, синоќа. Кога последен пат го фатив телефонот да видам колку е часот, батеријата беше на 70%, утрово кога станав, одвај 50%, без користење, на стендбај, со battery saver уклучен. Ќе го рекламирам, нема друго. Да можев да го вратам, ќе го вратев, ама мислам дека нема опција сега. И мм има Шаоми, службен, постар модел од мојов, турбо го користи, на три дена го полни. Јас не го користам мојов толку, па за 9 часа од 100% на 30% се симнува. Ах како нема Хуавеи телефони во Мк, пак ќе си купев таков.
Без разлика дали го користиш или не, апликациите си работат во позадина и си црпат и од батеријата и од меморијата. Особено некои апликации кои се потребни за нормална функција и работа на софтверот. Затоа прави clear cache на апликациите, optimize на системот во security и boost speed clear memory исто во security. И секако оптимизација на батеријата. Провери и апдејти на софтверот. Еве јас немам проблем со батеријата, од сабајле со 100% до вечер ми остануваат 25-30% итоа со активно користење. Од 24 часа, 22 часа го користам, уклучен мие. На вечер го полнам само, 5000mAH e.
Дали ти се ставени апликациите во deep sleep да одат ако не се користи телефонот? Доколку е поврзан со интернет и редовно се активни, нормално е да ја трошат батеријата. Ти не го користиш телефонот, ама тоа не значи дека е комплетно во мирување.
Овој скап дигитрон секој месец на сметка ми додавал плус по неколку стотки,ЅМЅ (имам неограничени) ги конвертира во ММЅ (ги плаќам) дури пред некој ден приметив.Барав во сетингс ама не наоѓам дисејбл ...помош?? може ова да се смени ?
4ипол илјади бараат за да сменат екран на редми 10?! ми се чини многу а нема никакво друго оштетување.
Пред повеќе од пет години имав шаоми телефонче и тоа памтам не беше повеќе од 8 илјади , го користев пет години и батерија и се беше топ плус со оглед на цената мислам повеќе од доволно, но сега гледам сите се жалат од новите шаоми дека не се добри , се надевам ќе ти го сменат или ќе де најде некое решение.